Душички, планирам да се запишам на англиски јазик и книжевност - преведувачка и толкувачка насока. Дали има некој искуство таму и како ви е? Благодарам
На таа насока имаш предмет Симултано/конференциско толкување, предметот е поделен на два дела, едниот е симултано, каде што проф држи говор и ти фаќаш белешки и од тие белешки после го преведуваш говорот, и конференциско толкување, каде што седиш во кабина и проф пушта видео и ти како што слушаш преведуваш на микрофон, интересно е, и професорите се супер. Лесно е, се навикнуваш, нема за учење, но треба да се вежба и редовно да се оди на часови. И уште еден предмет има:Преведување од македонски на англиски и обратно , книжевен превод, проф ти дава текстови за домашна и заедно работите на час. За мене полесно е ова, затоа што во наставна имаш за учење и плус по училишта се оди се држат часови. Пс. од трета година се определуваш дали сакаш наставна насока или преведувачка, да не си се збунила со Катедра за преведување и толкување? Таму од прва година почнуваат со такви предмети, но јас кога сакав да се запишам таму бараа и англиски и германски/француски да се знае, па морав на англиски јазик и книжевност кај што ми кажаа дека од 3та година можеш да запишеш преведување и толкување. Се надевам ти одговорив и ако се одлучиш за таа насока нема да згрешиш, ептен е интересно, дури и ако не те влече преведувањето многу.
Продавам книги по Современ Англиски јазик за прва година: Cambridge Empower Student's Book B2 и Cambridge Empower Workbook B2 за 1000 денари, скроз нови и некористени. Пишете во порака *Можам да ви испратам и книги по други предмети копирани бесплатно
Дали памети неκој κаκо изгледа κнигата по англисκи со теκстот "Mary-queen of Scots"...? И κаκо се виκа?
Здраво на сите, Не знам дали коментарот е за овде, доколку не е, кажети не знам каде на друго место да пишувам. Вака, прво да си се пожалам. Пишувам дипломска, англиски јазик и литература. Но менторката изгледа не знае што сака, или па точно знае што сака а не и одговара тоа што јас го пишувам според замислата. Веќе 3 пати ме враќа назад, па еве и помош да побарам. Дали некој ќе може да ми ја напише дипломската? На македонски треба да е пишувано, но темата е од англиската граматика. Доколку некој се сложува да ја напише, ама добра да е, нека ми пише порака да се договориме за понатаму.
Да да знам за тоа. Мене ме интересирање конкретно за писмениот и устен дел од испитот, на што треба да се посвети повеќе внимание.
Здраво планирам да се запишам на филолошки факултет насока преведување и толкување бидејќи планирам да работам и да учам ме интересира што треба да се достави за упис како вонреден студент дали треба само потврда од работа и дали за упис се оди во факултетот година или се се завршува електронски .
Ако во четири години не си научила како да си напишеш дипломска, ич поарно не се мачи. Ех академски граѓани, кај сте тргнале. Башка што е кривично дело туѓ труд да претставиш како свој.
Тука нема никој да ти ја напише оди на пазар3, реклама5, имаш луѓе што ќе ти ја напишат. Ауу ќе и ја напишат и они ќе дипломираат во таа струка, она само хартијата ќе ја има.
Хаха да бе, они да не и ги полагале предметите случајно? Па како викаш они ќе дипломирале за неа, демек пред тоа не се важи трудот нејзин, не викам дека е правилно друг да и го пишува али претера со коментаров. @ClaudiaBoursier Може помош да побараш ,да, али не треба друг да ти ја пишува, ем полесно ќе ти биде за учење ем ќе знаеш твое си е.
Добро де саркастично го кажав, се озбично да се сватело. Она си ги положила испитите убаво за неа, а зошто мисли дека некој стварно ќе и ја напише дипломската бесплатно? И тоа е еден вид на заработувачка и добри пари се прават.
Јас сум моментално студент на таа насока и професорите неколку пати имаат кажано дека на оваа насока не можело да се запише некој како вонреден студент, бидејќи биле важни присуствата на предавањата (пример за толкување од трета година, се вежба таму директно, како инаку би ги положиле предметите). Можеби имаат сменето, не сум сигурна, кажувам само тоа што сум слушнала.
Некој што не е способен да напише дипломска, значи дека испитите не ги положил сам со знаење, туку со препишување, подмитување.