Нема врска, имам една другарка се утепа од учење и се високи оценки добиваше али на крај за дипломската помош бараше вака од други. Може и здосадило веќе Кој како сака нека прави, јас би ја правела сама само за полесно да ми биде кога ќе ја учам и презентирам, ќе знам што и зошто сум го напишала тоа и тоа, иначе вака ќе биде ко да сум купила туѓа книга и ја спремам/учам за испит.
Забрането е, ама дел од таа незаконска работа се и професори и асистенти кои за пари пишуваат семинарски/дипломски/магистерски трудови
А освен тоа, не можам да разберам како не ви е мерак да создадете нешто свое. Сепак, труд е дипломската, нешто со кое ќе се гордеете понатаму. Факултетот не е само бубање за испит.
Здраво дали можеби знаете што се внесува во полето „Повикување на број-задолжување“ при уплата на ПП50 налог за филолошки? Обично кога плаќам во банка го оставам празно, но сега се обидувам да платам електронски и ова поле е задолжително
Здраво девојки имам едно прашање доколку некој знае. Јас дипломирав на насока преведувач и толкувач, но си најдов работа како наставник, е сега како иде тоа дополагањето плус и за наставник доколку некој ја знае процедурата?
Некој што ги има полагано предметите Следење и оценување кај Ончевска и Методика 4 ако може да каже нешто околу испитите? Методика е повеќе пракса некако па не знам како би можел да изгледа испитот особено сега кога е усно. А следење не ми е воопшто слушан ама претпоставувам е нешто слично со методика, имам една скрипта ама сепак би било добро нешто поконкретно Фала!
Здраво дечки. Имам едно прашање во врска со есејот по поезија 4 кај Анчевски. Треба да биде напишан и испратен во рок од 24 часа со критики и референции на дадена тема, па сакав да ве прашам на која страна најчесто ги барате критиките (освен sparknotes, бидејќи не знам колку би прифатил од таму).
Здраво на сите, Полагам Морфологија 1 кај Киркова за неколку дена и баш ми е страв...за учење, учам, јасни ми се предавањата бидејќи одлично предава, меѓутоа ми треба искуства од некој што знае како се одвива усен испит кај нејзе. Ако некој може да ми каже било што од tips and tricks, би била многу благодарна
Девојки, дали може да ми кажете повеќе информации околу следниве изборни предмети: Контрастивна анализа на англискиот и македонскиот јазик, Конференциско(консекутивно) толкување, Семантика, Социолингвистика, Дипломски труд? Што се изучува?
Консекутивното е интересно и лесно преведуваш од македонски на англиски и обратно ѓи слушаш како читаат и после преведуваш и колоквиумите ни беа така слушаме професорот чита и ние преведувавме. Другите ни беа изборни јас ѓи немам изберено, а Дипломскиот труд е формално бираш тема и професор и си правеш како семинарска само подолга ја учеш и ја презентираш.
Пак јас.. да не знае некој случајно или имал искуство со променето презиме? Дали можам да си го терам факултетот со старото или ќе мора да се менува сѐ?