1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Филолошки факултет - англиска катедра

Дискусија во 'Образование' започната од teddygirl, 11 август 2010.

  1. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Нема што да се мислиш тука.
    Тоа не е "само" последица.

    Ако на крај не ти го признаваат ќе треба да се влечкаш уште цела година за да го положиш правилниот и конечно да
    дипломираш, затоа одбери соодветен предмет и не си троши време за џабе.
     
    На cresa-jagoda и Nomadine им се допаѓа ова.
  2. Nomadine

    Nomadine Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2021
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    3




    Да, well put...
    не знам што да одберам....
    си реков ај турски,не го нудат семестаров.

    Се мислам меѓу јапонски, интерпретација на митови, руска цивилизација, креативно пишување ....

    совет?

    креативно пишување звучи корисно...

    јапонски може да ме олабави од другите предмети зошто е почетен...
     
  3. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Јас би го одбрала креативно пишување.
    Ќе развиеш имагинација и коректност во пишувањето.
     
    На Nomadine му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Nomadine

    Nomadine Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2021
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    3

    Мхм...

    А општа лингвистика?

    тоа е подобро или креативно пишување?
     
  5. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    @Nomadine ќе гледаш да одбереш и професор, покрај предметот, особено кога се работи за изборен. Колку и да звучи интересно, ако не го предаваат добро и згора на тоа имаш многу теорија, ќе ти биде тешко. Лингвистика е во ред, ако не предава Пандев. Значи гледај што има за работа, кој ќе предава, дали има вежби и слично. Јас на пример пред многу години имав антропологија и ми беше забавно заради професорката, тогаш Симоновска предаваше, плус беше коректна за сѐ останато.
    пс. Јапонски може не е лошо, многу различно, сигурно темпото на учење е поинаков, лекторите се можеби подобри, а и не звучи лошо како перспектива.
     
  6. Nomadine

    Nomadine Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2021
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    3


    општа лингвистика е бобан карапејовски, креативно пишување е Владимир Мартиновски.....

    а јапонски, да, звучи интересно, иако е едносеместрален, изборен, ама сигг има различна динамика, плус јапонец го предава.

    Финално што би ми кажала?
    Со кој би била најмалку оптеретена?

    Ти благодарам што ми одговараш на прашањава, можеби сум досадна но навистина не знам што да правам.
     
  7. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Епа јас би одела со сигурност кај Владимир, пишува фантастична хаику поезија и ептен ми е пријатен. Сигурно ќе научиш нови работи, само да се посветиш.
     
    На Nomadine му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Nomadine

    Nomadine Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2021
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    3

    И @Indiegurl го вика истото, така што...a choice has been made.

    Ви благодарам најмногу,
    all best!!!
     
    На Indiegurl и Abel им се допаѓа ова.
  9. Lena_3366

    Lena_3366 Активен член

    Се зачлени на:
    27 април 2020
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    114
    Пол:
    Женски
    Здраво, ќе сака ли некоја од вас да ми прати мејлови од Димитар Пандев, Људмил Спасов, Панова-Димкова, Симон Саздов. Благодарам!
     
  10. Nomadine

    Nomadine Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2021
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    3
    s.sazdov@yahoo.com
     
  11. magnolia4

    magnolia4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2015
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    9
    Некој случајно да не има искуство со проф. Соња Витанова како ментор за дипломски труд?
    Навистина немам идеја што би одбрала, ништо особено не ме влече. Размислувам за нешто од литература и мислам кај романите дека би имала повеќе материјал за работа, а повеќето од нив беа и доста интересни. Соња како личност ми делува опуштено, ама истовремено и малку изгубено на некој начин xD така да не знам каква би била како ментор.. А за тема.. тоа друг проблем :D
     
  12. Demon11

    Demon11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2021
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    62
    Zdravo! So kolku poeni bi mozelo da se zapishesh na UKIM? Dali preveduvac e podobro ili nastavnik po angliski?
    Sekoj shto ima iskustvo, plis napishete!
    (prashuvam za prijatelka)
     
  13. orxideya

    orxideya Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2021
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Наставник по англиски јазик е единствено нешто што вреди од овој филолошки факултет.
     
    На Indiegurl и Fraxinus им се допаѓа ова.
  14. Nomadine

    Nomadine Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2021
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    3
    zdravo....

    Dali nekoj ima iskustvo so Aneta Naumoska po britanska?
    Malku go komplicira predmetov....pa me interesira?

    Fala odnapred
     
  15. Fraxinus

    Fraxinus Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2021
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Orxideya е потполно во право.
    Апсолутна вистина е.
     
  16. usuratonkachi

    usuratonkachi Активен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2021
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки!

    Сега сум 4та година средно и би сакала да ве прашам работи поврзани со факултетов.

    Искрено освен за англиски јазик, за друго нешто не би можела да се снајдам на повисоко ниво. Го сакам јазикот од мала и би сакала да го научам повеќе. Втора опција ми е за графички дизајн, ама не знам колку би ме бивало... Знам дека би требало да ме примат со моите оценки, а за матурата немам премногу страв.

    Ја разгледував програмата за англиска книжевност и лично ми се допаѓа, повеќе би сакала да одам за преведувачко-толкувачката насока затоа што за наставник не знам дали сум подготвена. Но и тој избор не би бил баш лош.

    Прво - дали освен англиски и македонски треба да навлегувам и во друг јазик, во контекст на тоа да го слушам четири години? Или можам да изберам било кој јазик и да го слушам за помалку? Затоа што би сакала да го земам само англискиот јазик. (Учев француски досега, ама освен за читање во сè друго сум тапа... Ако има можност би сакала да слушам јапонски или корејски дека веќе имам мало познавање од јазиците) Има ли програма каде што не е морално да се земе уште еден јазик за преведување?

    А тие што веќе дипломираа за преведувач, или сеуште се во оваа струка, би можеле да дадете неколку совети? Како е со професорите и програмата? И дали има добра можност за работа после факултетот?

    Скоро сум одлучна за мојата иднина, но и од професорите и од моите дома чувствувам притисок за ова па би сакала да слушнам повеќе порано за посигурна да бидам. Ви благодарам однапред! :inlove:
     
  17. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    @usuratonkachi Добар дел од јазиците се учат од почеток, буквално од азбука. Имај го тоа на ум кога бираш. За комбинциите често се случува да има промени и/или да не може да се запише одреден јазик во комбинација со друг поради ху причини. Насоката се бира мислам дека дури во трета година, така што имаш време. ПиТ е посебна катедра, таму ограничени ти се јазиците кои се учат.

    Нема потреба од притисок, животот не знаеш каде ќе те однесе, јас дипломирав пред дваесет години, со јазикот се служам активно поради работата, но скоро и да не преведувам, предавам ептен малку. И немам проблем со тоа, напротив само научив повеќе и имам струка плус. Наоѓањето работа е исто така многу лизгав терен. Треба да бидеш свесна дека професорската работа е можна само со партиска книшка (за државна служба), а работа во приватно училиште е помалку исплатливо, дури и да е твое училиштето, зборуваме за образование, секако парите се помали во споредба со другите струки. Преведувањето е занает, потребно е доста време дур влезеш во кругот, стекнеш контакти.
    пс. Јапонски имаше едно време почетен курс, мислам и корејски. Ќе си прашаш на Факултетот, не се активираат сите групи и катедри секоја година.

    Тоа не е сосема точно :)
     
    Последна измена од модератор: 30 октомври 2021
    На usuratonkachi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. usuratonkachi

    usuratonkachi Активен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2021
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам премногу! Дефинитивно ќе го земам ова во предвид :)
     
    На Abel му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Nomadine

    Nomadine Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2021
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    3



    Вака.... на филолошки има "преведувачко -толкувачка" КАТЕДРА на која се запишуваш од прва година и бираш два јазици (пример: англиски и француски). Но, се нудат само одредени комбинации, не можеш сама да си комбинираш.

    Потоа имаш КАТЕДРА "англиски јазик и книжевност", што е сосема друг муабет, за кој се бира професорска или преведувачка НАСОКА дури во трета година.
    На англиски јазик и книжевност имаш изборни предмети, па можеш како последен изборен да си избереш јазик (француски ете, корејски има, јапонски има)..можеш да си ги бираш секој следен семестар (обично нудат курсеви во времетраење од 4 со максимум 6 семестри), така што можеш да си научиш некој јазик плус, но тоа не ти влегува во називот на дипломата (ама не е big deal), изборен предмет си е, ако си го слушаш чисто за себе, ок е. Исто не се нудат секоја година сите јазици, пример, годинава немаше турски 1 како изборен, како што кажа некој погоре.

    На "Англиски јазик и книжевност" имаш граматика теорија(1,2,3,4...итн), современ англиски јазик(1,2,3,4...итн), англиска книжевност (1,2,3,4...итн...од паганска до модерна). Македонски јазик се слуша два семестри. Британска цивилизација, и утопии и дистопии се изборни за прва година од англиска катедра за прв семестар(еден од нив мора да се избере) и плус уште еден предмет од друга катедра (може да е јазик или нешто друго, некој поинаков предмет, но мора да е од друга катедра, такво е правилото моментално). Е тука е битно ако сакаш изборен јазик да го слушаш неколку семестри, да го избереш уште во прва година, прв семестар, понатаму не знам дали може.
    Пошто непарните 1 3 5 се слушаат во зимски семестар, а парните 2,4,6 итн во летен. Така што не би можела на пример во втор семестар да текне да одбереш јапонски 1, мора да е тоа во прв семестар..ќе мора да размислуваш долгорочно во овој поглед.

    Понатаму има и поспецифични предмети, во зависност од насоката што ја бираш, значи во 3та год на пример, си се поограничен со изборни предмети.


    Во поглед на тоа дали те бива или не, во случајов за француски или графички дизајн, не се секирај за тоа..... само слушај си го срцето. Со работа и со учење се постигнува се, за се може да те бива, не си се ограничувај така. Само исто размисли си што навистина сакаш ....каде се гледаш себе си во иднина....што повеќе те интересира...
    да си графички дизајнер или јазичар.
    Ете важно е и тоа што го сакаш англискиот јазик оддамна....
    И посвети си се...

    Сума сумарум најважно е, ќе повторам...каде се гледаш себе и размислата во кои води те носи едната или другата професија е важна, со какво знаење ќе се стекнеш со секоја од нив.
    Графички дизајн исто нели има курсеви, ако си во можност, можеш и факс и тоа плус, само не знам дали се на ниво на знаење како факултет.


    Тоа е што би кажала јас.Слушај се себе си.
    All best.
     
    Последна измена: 30 октомври 2021
    На usuratonkachi му/ѝ се допаѓа ова.
  20. usuratonkachi

    usuratonkachi Активен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2021
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Thank you for the tips! Ова баш ми разјасни некои работи, особено за преведувачката насока - тогаш ќе се запишам на катедрата за анг. јазик и книжевност, деновиве размислував многу за тоа и сега сум одлучна. Уште еднаш ти благодарам :inlove:
     
    На Nomadine му/ѝ се допаѓа ова.