Ме интересира дали некој знае колку книги отприлика се читаат во семестар и дали сите книги што се наведени во препорачана лит. се задолжителни? Со среќа колешки Да ни тргне со лесно
Мене на еден форум ми кажаа дека овие драми ќе ги обработиме во прва година: The second shepherds play, Othello, Volpone, DR. Faustus, The duchees of Malfi, The Merchant in Venice
Драмата кај Кошка ви е лесна. Јас само “The second shepherd's play“ ја имав прочитано и го поминав испитот само од предавања што имам слушано. Е поезијата кај Анчевски и Миланчо бара внимание. Шекспировскиот Англиски е малку mindfuck и бара многу концентрација како и „Што the fuck сака да каже авторот?“ моменти. Има стотици песнички од исто толку авторчиња, некои 100 handouts и книгата има над 2500 страници. Ама без гајле, не се изучува се` за еден семестар. Поезија горе-долу се овие: The Canterbury tales - Geoffrey Chaucer, Utopia - Sir Thomas More, The faerie queene - Edmund Spenser, освен Faustus имаше нешто и во поезија од Christopher Marlowe ама толку помнам наслови, Shakespeare's sonnets, John Milton - Samson Agonistes, и уште мал милион поеми и сонети.
да да и јас слушнав дека поезијата била малку.... ама ајде се надевам дека ке поминеме задоволително ''лесно''
Здраво колешки,се надевам ќе се дружиме и јас поднесов документи за англиски јазик и книжевност па ќе видиме што резултати ќе бидат )
На државен се предава само јазикот А, а јазикот Б само се изучува. На приватен- се предава јазикот А и Б а се изучува јазикот Ц.
Абе дечки уживајте во летово и слободново време што ви преостанува додека можете, што знаете можеби ќе ви останува по некој испит за во август и ќе неможете да бидете слободни како сега - затоа relax има време ќе ги прочитате во текот на семестарот и онака нема колоквиуми па до Јануар има време за се
Стварно! узивај сега има време ќе ги прочитаме и така од средината на септрември the torture will start
хехех С: прашав затоа што имам другарка која што почна уште сега да вежба математичка анализа (се запиша на финки) но сепак, не е исто филолошки и финки
дали некој знае колку кредити се потребни за да поминеш година на англиски јазик и книжевност??? т.е колку положени предмети треба да имаш???? ај ве молам кажете ако некој знае ...
Теддигирл јас прашувам за година да поминеш а не семестар ....знам за семестар ама за година незнам ....да не знае некој????
За од прв во втор семестар нема врска колку имаш положено а колку паднато, по секако ке можеш да продолжиш, но секако, со услов да ги положиш сите (или барем задоволителен број) пред да преминеш во втора. А за втора година т.е. премин од втор во трет семестар, се потребни 20 кредити. Што значи четири од шест предмети кои носат по 5 кредити се доволни за премин во наредната година.
калиопе а колку си сигурна за оваа информација?? јас сега ќе бидам втора година.... затоа прашувам ...ме плаши бројот на кредити... јас слушнав дека требало 35 кредити т.е 7 положени предмети.... колку си сигурна ??