а дали сигурно треба heartche да се напише кај назив и седиште на примач Универзитет '' Св. Кирил и Методиј '' а не Буџет на РМ-Филолошки факултет " Блаже Конески '' -Скопје
Мој предлог,не брзајте! Денот за запишување и така е наменет за тоа,може малку ќе се изначекаме,ама ништо страшно. Поздрав колеги
Девојќи прашање... Знае ли некој кога се уписите за оние кои ќе бидат 2ра година на ПИТ = превод и толкување ? Поздрав
Ќе прашам во среда. Само потсети ме, ако заборавам нешто случајно, оти малку и мене ми е хаосно во главчето.
извинете ако сум досадна би сакала да прашам дали некој знае како треба да изгледа уплатницата за прва рата во зависност од тоа дали си во државна или приватна квота зошто не сум од скопје и би сакала да си ја олеснам работата да си уплатам уште пред да појдам таму,и дали кога се ќе имаш средено тие сите документи со се пријавниот лист треба да се достават некаде но нз каде дали таму кај што бевме во амфитеатар 3 за поднесување на документи,ви благодарам однапред
Уплатницата е иста, без разлика дали си во државна или приватна квота. Единствено се разликува по сумата што се уплаќа. Документите се предаваат на студентски прашања Ќе се снајдете, не е ништо страшно. Елена, уписите за втора година, како и за 3та и 4та ќе бидат најверојатно после 15ти септември, кога ќе почнеме со предавања. Така беше и лани П.С. Добре дојдовте во најголемиот хаос, во кој зборот организација не постои
Не бе не, не се можни. Не не, не е можно ова. НА ПОЛНОЌ!!!!!!! НА ФАКИНГ ПОЛНОЌ објавија документи за упис. Битно објавија. И арно видов дека треба 200е наеднаш, ќе отидев утре на шармантна прошетка со 100. http://www.flf.ukim.edu.mk/%D0%B4%D0%BE ... fault.aspx
Па ако си во приватна квота нормално е дека треба да уплатиш 100евра а не 200- тоа требало да го знаете . На уписот се плаќа половина од целата сума.
Само едно ке кажам ...во Штип организација 0 никој ниту пак се труди да даде информации што како треба да се потполне ... Отидов во 8-30 во 11 завршив. А како завршив со утнати ишкртани податоци на индексот едни податоци не знаат да напишат а да не згрешат
Многу рано им текна да ги објават потребните документи ... за првата рата од партиципацијата што треба да се пише во уплатницата кај цел на дознака
Само морфологијата ја купивме во прва од Јанева, а се друго е скрипти и копии од кај фотокопирот Зоки. Инаку за цена по околу 200 ден мислам дека беа скриптите.Во втора педагогијата требаше да се купи али не ја купивме и од кај Зозе ја зедовме контрастивнат аанализа 500 ден и речникот на идиоми и тој беше 500 а ако ги земеш комплет речниците мак-анг и анг-мак и идиомите и контрастивна учебникот ги даваше сите за 5000 ден и плус гратис ни даваше зборник на помалку познати зборови од странско потекло во македонскиот јазик што се застапени.
А задолжително е да се купи книгата кај Зозе, не може да се позајми од некој што учел претходно? Мора и сите тие други работи да ги имаме за кај него?
Ооо, не само што не сум во приватна, туку и ќе уплатев цела сума од 200е. А земав стипендија, односно плаќање на партиципацијата. Што значи не требало да плаќам ништо. Ако ги уплатев, чао пријатно на 200е.... Организација - 0.0 проценти. Ептен се изнамачивме и се изначекавме. Жчката ми пукна.
Па тие други работи се речници а без нив не можеш да учиш, ти требаат за секој предмет особено за книжевностите каде што имаш голем број на непознати зборови. А за книгата не е задолжително да ја земеш од кај него али не верувам дека ќе има некој што би ја продавал сепак мала граматика е што би можела да си ја служиш и за понатаму. Општо за мене зборам јас ниту една од книгите не продавам сите си ги чувам
Задолжителни се САЈ ( современ англиски јазик), Англиска книжевност 1 ( драма или поезија ) Морфологија 1. Изборни се Лексички категории, Британска цивилизација и Македонски јазик 1 овие беа пред 3 год али и сега се истите мислам иако во изборниве можи да се прават некои измени Драма- првиот дел ти е теорија дефиниции, втор дел ти се делови од драмите за препознавање и да ја напишеш темата на тоа делче како и кој го кажува и од која драма е и кој е писателот на драмата.Трет дел ти е парафразата поголем дел исто и него треба да го препознаеш од која драма е, кој го кажува, писателот, годината на издавање на драмата и да го парафразираш.И последено имаш од две понудени теми да си одбереш една и да напишеш есеј. Поезија- исто и таму имаш теорија али во однос на драма повеќе имаше мислам прашања, потоа имаш дадено делови од песни и нив да ги препознаеш кој апесн ае и автор на песната и од нив да одбериш и да ја анлизираш. И поезија исто имаш да напишеш есеј но мислам дека Анчевски даваше три теми за избор али не сум баш сигурна. Редактирано од модератор: Не испраќајте две мислења едно по друго, користете го копчето РЕДАКТИРАЈ.