Драма- првиот дел ти е теорија дефиниции, втор дел ти се делови од драмите за препознавање и да ја напишеш темата на тоа делче како и кој го кажува и од која драма е и кој е писателот на драмата.Трет дел ти е парафразата поголем дел исто и него треба да го препознаеш од која драма е, кој го кажува, писателот, годината на издавање на драмата и да го парафразираш.И последено имаш од две понудени теми да си одбереш една и да напишеш есеј. Поезија- исто и таму имаш теорија али во однос на драма повеќе имаше мислам прашања, потоа имаш дадено делови од песни и нив да ги препознаеш кој апесн ае и автор на песната и од нив да одбериш и да ја анлизираш. И поезија исто имаш да напишеш есеј но мислам дека Анчевски даваше три теми за избор али не сум баш сигурна. Редактирано од модератор: Не испраќајте две мислења едно по друго, користете го копчето РЕДАКТИРАЈ.[/quote] да си жива и здрава теди,а нас, бруцошите господ нека ни е напомош патем, тебе како ти иде? во прва како ти беше?
На ПИТ задолжителни предмети се : САЈ (Современ англиски јазик), Јазикот што сте го одбрале под Ц (значи Француски или германски) и Македонски јазик. Е сега...САЈ го предаваат два професора, а јазикот под Ц три професора. Македонски јазик има предавања од само еден професор. Изборните предмети пак, може да бидат некои јазици што сте ги одбрале, а најчесто студентите земаат Лингвистика. Поздрав
Дали некој може да ми каже кога се избираат изборни предмети и дали од листата што е приложена на крај во наставниот план може да се избере било кој предмет? Дали можат да се земаат изборни предмети од друг јазик односно друга катедра? Фала многу однапред
Се запишав на Англиски јазик и книжевност и моментално се мислам за изборните предмети. Работата е што нема да сум тука кога предавањата ќе започнат и некој друг ќе мора да ми ги запише изборните. Ако некој ги има изучувано следниве изборни ве молам да напише што поточно се изучува, какви се предавањата, што бара професорот и сл. 1. Поезијата на романтизмот и викторијанската епоха 2. Креативно пишување 3. Терминологија 4. Варијанти на англискиот јазик 5. Лексички категории 6. Граматички категории Фала однапред, секој одговор ќе ми биде од голема помош при изборот.
Од овие што си ги наброела ги имам изучувано граматички и лексички категории.И по двата предмети с еучи граматика.Лексички ти е скоро истата граматика што ќе ја учиш по Морфологија 2 а граматички е материјалот од морфологија 1.Вака беа пред 3 год. е сега дали има измени и нови книги нз
Немој да се зафркнеш со лексички и граматички. Од околу 160 души кои го избравме предметот, во втор семестар останаа само околу 50тина да изучуваат граматички. А и професорката има неподнослив акцент. Терминологија и креативно пишување не се лоши, а за поезијата и варијантите незнам, ама верувај дека поезија ке ти здосади. Гледај изборните да ти се полесни бидејќи и онака не играат некоја улога туку се за добивање кредити. Јас имав Руски, во втор семестар граматички ги заменив со Македонски и трет ми беше дефендологија која е предмет од филозофскиот факултет. Супер лесно се поминува. Руски испитот е само устен т.е. 3 реда превод и анализа на веќе изучен и анализиран текст, Македонски само ако имаш присуство и опишуваш смајлиња на колоквиумите имаш 10, дефендологија кај Синиша е малку мутава пошто ветува демек ако му купиш книга имаш автоматски 7 а со семинарска и повеќе, за на крај едвај 6 да ти пише, но кај професорката forgot her name, и воопшто да не се појавиш на предавање, само пројден колоквиум и семинарска се доволни за 8. Кинески од колегите знам дека е исто лесен и интересен, шпанскиот не го фалат баш, Британска и Американска цивилизација се интересни ако сакаш историја, само има многу дати за паметење. И...толку знам.
Нз за другите али јас супер си поминав кај Јованка иако мн ја мразат и си имаат маки со неа.Јас и двата ги положив без проблем и со високи отценки и тоа само што учев од тетратка.Совет од мене ти е ако ја одбериш да одишна секое предавање и вежби и се што кажува да запишуваш затоа што после на испит го дава тоа што го кажала за време на предавањето.А тоа акцент што го напоменаа дека ги иритира мене баш ми звучи слатко единствено што ме вадело од конткат на нејзино предавање е што после секои 2-3 збора повторува therefore
Па сигурно ќе имате академски час на 15ти . Јас кога бев прва година имавме во салата Борис Трајковски и таму се одржа тој прв час. А индексите ни ги дадоа почеток на октомври. Биљана Наумовска тогаш беше координатор за прва и таа ни ги подели.
Јас читав тоа предметите за ПИТ, ама никаде не ги видов изборните. Уште не ми е јасно, истите ли се со книжевност или ... ?? И ќе одите ли на 15ти во Борис ?
Имаше соопштение прееска, ставено на нивната страна. Ме изненадија, очекував да соопштат ноќта на 15ти кога треба да се оди. Известување Се известувааат сите новозапишани студенти на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје дека нивниот прием ќе се одржи на 15.09.2011 по следниот распоред: - 12:30 – сите студиски групи освен англиски јазик и книжевност во големиот амфитеатар (А3) - 13:30 – англиски јазик и книжевност
Луѓее дај помагајте...сега за изборните лексички и британска цивилизација мора ли обавезно да ги избереме и плус еден...ај ако може некој да ми објасни..благодарам