Се движиш од Рекорд па право по улицата. (Значи во правец не накај Собрание, туку накај Карпош) Одиш само право, од лева страна ќе го поминеш Мекдоналдс и на првата улица што ќе ти го пресече патот од лево (значи првите семафори после Мекдоналдс) се наоѓа Малага. Ќе ја поминеш улицата и од таа страна има сега ресторан 7ца, па Просветно дело, па ќе ја приметиш и Малага, има маси и столчиња и надвор. Уфф се надевам ме разбра
има некој од прва година што има земено вештини на правилно пишување или пак случајно знае кога се предавањата,стопати одам да прашам и никој незнае да ми каже..
Па не ни очекувај да дознаат. Никој ништо не знае, сите си ја префрлаат топката и јас веќе дигнав раце. Нема да дремам таму на секој саат. Не дека испуштам нешто, да бидеме искрени. Речиси почнувам да станувам уверена дека ќе почнеме асално од средина на октомври. Ова ако е факултет, јас сум Паја Паторот и ќе толкувам на паторски. Бог да чува.
Колеги ај ве молам, вие сигурно подобро ја познавате Билјана Наумовска, сега ќе ни предава англиски 1 на економски, па чисто да ми кажете како е што е до минатата година Беше Мери ама што среќа ќе имав сега да се смени за мене... Ај ве молам,кажете збор два, и се надевам ќе речете дека е мн добра и подобра од мери(мада не верувам)
А што во врска со Мери? добра е таа, мене сега ми предава и сега за сега изгледа ок..дајте некои информации за неа..а иначе мислам дека Билјана Наумоска е добра, овака е ептен фина и што имам другарки што им предава се воодушевени од неа, така да не се секирај
Па минатата година кај нас на економски Мери предаваше англиски и сите беа презадоволни, и нели пошто беше предобра ние мн се запишавме на Англиски и ни ја сменија за таа Билјана Наумовска и сега ме интересира некој да ми каже, дали бара редовност, попушта ли и слично
Може ли некој од 2ра да ми каже какво искуство имале со предметите Британска цивилизација и Лексички категории. Бидејќи никогаш не ми одело историја и се мислам да го сменам предметот дека не ме интересира да го учам да земам некој друг изборен ко на пример преведување или некој друг јазик. Какви се вашите искуства со ови 2 предмета? На испит како поминавте? Што се бара на испит? Ако може некој да ми каже мислење, итно е.. Фала многу однапред.
^ Еве јас, пошо двата ги учев. Читам, не ти одело историја. Би ти препорачала да не ја направиш истата грешка јас што ја направив (а јас што направив: го зедов Британска) и да си земеш друго нешто. Ова не е никаква пропаганда против предметот! Значи корисен е навистина и интересен... ама за оние на кои историја им е интересно. Јас историја не можам да поднесам и коса ми се крева кога ќе го слушнам зборот (значи оваа нељубов кон историјава ја имам од почеток на моето образование, откако почнав да учам историја, 5-то одделение би му дошло тоа). На испит не беше тешко. Јас учев од лекциите што ги објавуваше на интернет професорката, ама бидејќи воопшто не бев заинтересирана за предметов учев две ноќи пред испит и секако добив оцена соодветна на мојата незаинтересираност. Други колешки поминаа многу поубаво од мене и имаат феноменално искуство со предметов. Да си кажам, да не испадне дека го плукам Лексички ми е веќе друга приказна. Предметот е поврзан со граматика, всушност Е граматика, но не се учат работите сувопарно како по Морфолигија, туку на многу поинтересен и попрактичен начин. Јованка предава одлично и можеби ќе и‘ се смеете малце на чудниот изговор, ама жената си ја знае работата. Имам колега кој доаѓаше на предавања само за да научи граматика, бидејќи од Јанева слабо разбираше некако Ако имаш љубов кон граматиката и ако не те замараат решавања на граматички проблеми и наоѓање граматички грешки, без сомневање да го земеш. Предметот е многу корисен (ќе ти се расчистат некои дубиози од морфологија, а и подоцна во 3та-4та година има предмет Лексикологија), професроката е многу коректна и да знаеш дека дава поени (и тоа бааги поени) за присуство на вежби и посебно за активност (минатата година кај нас оценка плус даваше). Јас просто уживав Спојлер Ќе помисли некој ми платила Јованка да ја рекламирам За испит... релативно лесно е. Нема бубање напамет и раскажување, јас воглавно учев од тетратка (на предавања професорката пишуваше секогаш на табла)...
^Обавезно убаво читање на книгата 2 пати (at least)! Потоа како заокружување на цел материјал се префрлаш на малите скрипти Биди во тек со наставата, подвлекувај што потенцира при предавање и сл... Песните обработувај ги врз основа на вежбите и секогаш биди спремна и присутна на час, бидејќи не се надополнува ако некој ти каже со свои зборови што е и како е - најдобро е ти да слушниш и запишиш
Мислење за Екатерина Бабамова? Какво искуство имавте со неа? Еве лично јас оваа недела прв пат имавме часови кај неа и веднаш можам да кажам дека со женана ќе си имаме маки Конкретно на предметот Историја на англискиот јазик цела група умревме од досада, дали предметот е толку тупачки или таа не знае да го направи интересен-незнам! Методика би рекла малку поинтересно беше но сепак...Но една работа што ме иритира е тоа што имаме предавање и вежби едно по друго и замислете 4 часа без пауза за неа паузата било непотребно цепкање на часот. Па ако е непотребно цепкање на часот зошто тогаш ни даваш хендаути да решаваме и си излегуваш да си земеш кафе??? Хмм незнам се надевам добро ќе поминеме
А каде би можела да ги најдам тие мали скрипти, бидејќи веќе почнав од книгата да читам, но мислам дека добро би ми дошле?
Тие одма се шират низ студентите Се наоѓаат по копирниците („Ива“ во мавровка) и од предходните генерации
Има ли некој студент на превод и толкување ? Заинтересирана сум за ој смер, на што треба да се обрати внимание? Може ли да земам за втор, јазик што го немам учено во средно?
Море, мој совет, бегај од таму. Уште не сме почнати, чекаме професори, чекаме училници, чекаме распоред... Лудница. На другите факултети полагаат колоквиум, бре, еј, колоквиум, овие абер немаат да почнат да предаваат. Почнувам да зажалувам што се лупосав на превод и толкување, мислев дека од секогаш сакам тоа да го учам, ама се разочарав. А и со вториот јазик, тебе ќе ти биде проблем, затоа што не се почнува од нула. Јас имам ,,учено,, германски четири години, и искрено многу малку знам. Цела група и се обраќаме на професорката, ако може, барем првите 2-3 предавања да почнеме со вежби, да повториме... Знаеш што ни рече ?! ,, Во свидетелството ви пишува дека сте учеле германски ?! Ви пишува. Не е мој проблем дали сте го научиле. ,, И си продолжи ниво Б2. Колоквиум на крај на октомври, по само две предавања. Да напишам есеј германски. ХА ХА! Срцка. Да сме се снаоѓале по курсеви и сами дома, по цел ден да сме го учеле ако треба. Мислам, секоја чест, за тоа одам на факултет јас, да одам башка и на курс. Многу сум изреволтирана и разочарана, само тоа ќе ти кажам. Дури се прашувам дали си го утнав цел факултет, не само смерот.
Незнаев дека е до толку Можда е само ова почетното додека да фатите ритам (се надевам). А на книжевност како е?
Doozy, од секогаш било така на филолошки. Проблемите со просторот за предавање постоеле од секогаш, и секогаш ќе ги има. А да не збориме што воопшто не се соодветни училниците и предавалните, тоа е посебен проблем.....На пример ние имавме предавања на група од 60-тина луѓе, а внатре собира 20 преку сила. Не сакаш да знаеш како седевме..... Мислев дека се смениле некои работи од времето кога ние студиравме, ама не било така..... Не верувам дека е проблемот само за катедрата ПИТ, туку и за книжевност. Ние го имавме истиот проблем кога се запишавме пред 13 години (лелеееее сме остареле ), истиот се провлекува цело време. Не се разочарувај. Не е тоа проблем само на катедрата по англиски, и ние на германски го имавме потполно истиот проблем, и другите катедри немаа кај да држат вежби и предавања.... Едноставно, остави ги на страна тие работи, не си троши нерви непотребно на такви работи, не се решиле минимум 20 години наназад, а нема ни да се решат во догледно време, очигледно .... Работи си, учи си, оди редовно на предавања и вежби (мораш, таков ни е факултетот ), и ќе биде во ред. А за германскиот.....леле, сите професорки се такви. Не ме чуди воопшто што така се испонашала госпожата. Не знам точно за која се работи, зашто сите се такви. Мене лично ми се гади од сите нив што ги гледав цели 4 години. p.s. Ако треба нешто помош за есејот кај дотичната, обрати се слободно во ЛП, што можам ќе ти помогнам.
Ма, јас се нервирам што се они многу добро свесни во каков хаос и во кои услови се наоѓаме, а бараат резултати и труд од нас, кој за тие услови, е невозможен. Кратат на часови, неделно треба да имам фонд од шест часа германски, а јас имам четири. И тоа сите во еден ден. Е, после, сакале есеј да пишуваме, од прва. Значи, пред колоквиум, ќе имам јас вкупно ДВА дена германски, односно осум часа и цап, Б2 колоквиум. ВИЦ! Смешно е да се правдаат на немање кадар, немање училници, предавални. Па што мора да примаат по 150 луѓе ако нема кадар ?! Нека примат 50. Некна на англиски седев на ПАРНО. Да да, на парно и книгата во раце. Мислам, знаеш и ти сама. Среќа во несреќа е што немам нешто потешкотии со англискиот, инаку и таа си се изјасни дека нема намера да не учи работи што досега не сме ги научиле. Не е во ред, сепак јас одам таму да научам. Ако требало сама да си учам дома, немаше да се запишам. Затоа и се разочарав. Имам и желба, и амбиција, но во корен ме пресекоа, барем јас така се чувствувам. п.с. И фала ти на понудената помош, ќе те барам ако заглавам, да знаеш.