Истото и јас го доживеав уште на првото или второто предавање. Ебате факултетот што има дури еден голем амфитеатар, и каде што вежби фонетика се прават во училница за 20 луѓе со пуштање касета на касетофон од пред земјотресот (а внатре 50-60 луѓе, само од дишењето се прави галама) Баш научивме фонетика, рајт, една од најбитните работи во изучување на странски јазик, а запоставена до максимум. Да не зборам дека на времето во амфитеатрите прокиснуваше кога врнеше дожд, асистентките не можеа да пишуваат на табла зашто имаше вирчиња од вода и им капеше на нив на глава, а нас на тетратките. Имавме невидено добри услови, тоа е Такви ни се условите на факултетот, на сите катедри, и не гледам некаква тенденција дека ова ќе се смени. Секоја година се закануваа дека нема да примаат толку студенти како претходната, а пак примаат дури и повеќе од тоа. Па уште отвараат и други катедри, па се чудат на револтот од студентите, и зашто им бегаат на приватните.... Ако си ја сакаш професијата (а знам дека ја сакаш)-ќе стиснеш заби на почетоков, и ќе се прилагодиш на фантастичните услови што ти ги пружаат. Многу ми е криво што вака ентузијастички те охрабрувам, ама еве гледаш и сама каква е ситуацијата. И не дека вие сте баксуз генерација се погодило за вас така-од секогаш е така, теши се со тоа Претпоставувам која од нашиве го прави проблемот со колоквиумот германски-ма она мисли дека сите се раѓаат со научен германски јазик со минимум Б2 степен познавања. За жал мораш да се навикнеш, таква е и она и сите други од почитуваната ни германска катедра Ако не дај Боже заглавиш, кажувај
А професорката по книжевност-драма ни рече да не сме учеле само од забелешки за испит ама немаме ние други книги освен драмите. Кај да најдам книги за да учам за испит за книжевност?
Има ли некоја феминка што е бруцошка т.е. прва година на филолошки -англиски. Ако има нека ми пиша ЛП да ја прашам нешто. Однапред ви благодарам
Јас сум прва година Би ги замолила постарите да ни кажат какви се колоквиумите Mорфологија (тешки, лесни, пишување, дополнување) нешто подетално ако може
СДП дали ја знаете проф.Марија Кусевска??? Предава кај вас на факултет? Оваа година кај нас на Гоце Делчев дојде и го предава предметот Синтакса на англискиот јазик. Ако некој нешто знае нека пише, да знам што да очекувам
Сакам да ве прашам како ви оди предметот Современ англиски јазик? Јас сум на факултетот во Штип, ама од 15 бода не сум мрднала ( а некогаш и помалку од 15)... Кај вас како е?
Јас како што разбрав Морфологија резултати после три недели ама ок се поминува кај професоркава мислам. Најмногу ме загрижува поезија кај Анчевски а и САЈ викаат не било баш лесно на испит.
Девојки ве молам за помош..Кажете ми од каде и што да учам поезија кај Анчевски..од книгата ништо не разбирам ..неможам да се снајдам..ве молам ако знаете нешто да ми кажете..инаку прва година сум
Ај ако слушал некој ИКТ терминологија, нека ми се обрати во лп, или на темава, или каде сака. Сакам да ми разјасни некои работи, малку изгубено се чувствувам. И што е финтата со поимникот, цел ден заглавив со него ?!
Дечки дајте некој совет за Шпански јазик 1 пошто професоркава ништо не објаснува а и усно и писмено испрашување ќе имаме
Ах.. зошто си се залетала за Шпански. Пола луѓе ги падна таа професорка, многу била неодговорна и непосветена на студентите :/ Учи дома, заедно со други колешки од учебник и филмови :Р
ај кажете ми за испитот морфологија кај мери џејн (марија јанева) лесен-тежок, со заокружување, надополнување...
За семинарска Британска култура и цивилизација на некој нешто да не му се наоѓа во врска со the role of Winston Churchill in 20th c. in Britain ако ви се наоѓа нешто,податоци,информации,семинарски пишите во лп
Сега, на последниве 2-3 генерации им дава со заокружување мислам, нам ни даде со раскажување. Не е нешто тешко, не дава некои измислени прашања што никаде ги нема, туку тоа што е во книгата. Но, сепак треба да се научи убаво, не само за да се помине испитот туку затоа што тоа е основата на се што се учи до 4-та година, а и општо на јазикот.