Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Филолошки факултет - англиска катедра

Дискусија во 'Образование' започната од teddygirl, 11 август 2010.

  1. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Нас лани (прва година кога бев) ни даде и со раскажување и со заокружување (значи 2 колоквиуми имавме) - ништо нема надвор од учебник, а учебникот е пресупер и се што е напишано таму ќе ти користи за се‘ понатаму ;)
    Во втор семестар колоквиумот со заокружување беше потежок - прашањата не беа поставени од типот: Кое од следниве е точно - туку кое од следните НЕ е точно - а тоа е обратно од напишаното во учебникот, и тие што бубале, а не ја сфтиле поентата беа fail :)
     
  2. Chocoholic.girl

    Chocoholic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    39
    Јас бев редовна на часови и подвлекував што кажува па ме интересира дали го бара на испит тоа што го предава или и други работи прашува? Приметив дека има многу автори и нивни дела во учебникот дали треба сите да ги знам за испит? :o
    Многу ми е страв од испитов :(
     
  3. heartche

    heartche Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    26
    а како изгледа еден испит поезија?? прашањата што се од лекциите, на заокружување се или треба да објасниш-раскажеш ??? и ме интересира за тие како лектири што се..сите 5 треба, тој досега ни има споменато само 2, а почнав да ги читам и милион непознати зборови извадив :( :( :(
     
  4. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Прашањата се на раскажувања нема баш на заокружувања.Потоа имаш да препознаеш песни и мислам дека на две треба да му направиш целосна анализа со одредување на ритами, рими, таму тоа акценти како ли беа што се ставаа,да парафразираш исто така треба и пентаметар да одредиш.А од тие баш и не мора да ги читаш, знам ние си ги симнавме сите како самари од нет и така ги читавме.А инаку на испитот ќе ви има дадено три теми ( барем за нас така беше ) и да си одберите една од нив и да пишувате на неа. Се надевам ти го доловив изгледот на еден испит по поезија кај Анчевски ;)
     
    На heartche му/ѝ се допаѓа ова.
  5. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Имавме и на раскажување пола сат мислам дека беше и на заокружување. Ама тоа на заокружување по двосмислени прашања не сум сретнала. Ја искрено многу се разочарав , можда е и до мене проблемот ама како што го сакам англискиот и да паднам морфологија 2пати и Сај 3пати ???

    Ја премногу се разочарав и се мислам од наредна година доколку би го продолжувала факсот да заминам на приватен. Вака и самодовербата ми се ниша , а го сакам јазикот и знам дека го знам барем за да поминам ако ништо друго ...
     
    На evelyn993 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. veslamkajce

    veslamkajce Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    1
    Многу се жалат и САЈ дека не било баш многу лесно. АЈ постарите нека поделат искуство некое со испитот по САЈ :)
     
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    А, бе, црешичке, не да се правам паметна, ама ни САЈ ни Морфологија не се минат ако играш на карта ,,знам англиски,,. :) Јас откога дојдов на факултет станав свесна колку не знам, се утепувам од вежбање и сите онлајн вежби ги решив, па знам дека нема шанси да имам 10ка на испит. Ќе се збрлавам дотогаш, како што ме штрека паника од сега за сите предмети, уште да паднам некој ми фали заради глупост. Како што губиме добар неделен фонд на часови, а поголемиот дел од тие часови јас сама си ги пополнувам :D , лудница е. Англискиот си бара редовна работа, учење, не напамет, ами читање книги, гледање филмови, слушање песни... Едноставно, мораш многу да си во тек, и со предавања, тоа не ни го спомнувам.

    Не знам како е кај вас, вие на книжевност сте ФЦЕ, сепак поосновни работи се учат таму. Така и треба уствари, еден ден вие ќе го пренесувате знаењето на другите, мораш да си добро поткован во основата. Ние буквално летаме низ книгата, јас стварно не можам да се изначудам на тоа колку брзо минеме низ се... ФИУУУУУ и ајде, нов јунит. :D

    Него кажете ми драги мои дами, кои изборни предмети ги препорачувате за втор семестар ?? :?:
     
    На Hopeful и WildCherry им се допаѓа ова.
  8. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    ^Јас си ги продолжив тие од прв семестар (граматички, американска цив, кинески 2).

    *Само да кажам дека граматички и американска се многу корисни предмети и како англисти треба вас лично да ве заинтригираат и привлечат - бидејќи тоа е вашата струка во иднина и срамота е да не се знаат некои основни работи; ова е факултет и сега е времето да се научи што повеќе ;)
     
  9. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Е, па ја сакав Британска да земам во прв, ама не ми дозволија, дека мене тој ми е редовен во трета. Знаеш малку лудница се. :D А лексички/граматички, ми се поклопуваат со моите предавања, па отпаднаа од колосек. Се мислам дали да земам некои само со семинарска, не можам да престасам и со германскиот и со ова... :x
     
  10. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Незнам која година сте па да ви кажам што имавме на испит.Али воглавно секој испит по сај има превод од мак на анг и обратно, опен клос вежба, ворд билдинг, тенсис, трансформации, и сега во прва мислам дека имавме и кондиционали, пасиви а во втора микс кондиционали,текст за разбирање и рипортид спич.А од страна на враитинг во прва нешто како писма мислам беа не формални а во втора есеи од 5 параграфи.
    Се надевам малку ви помогнав ако ве интересира уште нешто слободно прашајте :)
     
  11. sweet.lady

    sweet.lady Активен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    4
    Здраво девојки, прва година сум на оваа катедра и сум многу загрижена затоа што и покрај тоа што англискиот добро го владеам гледам дека со книжевноста ќе си имам проблем до 4та, 2 испита во година не се малку, а тоа што се учи не ме привлекува :( Сега сум на поезија кај Анчевски и материјалот ми изгледа прилично тежок, а и професорот бил многу строг. Едноставно ми изгледа како mission impossible да научам толку многу автори, песни и нивни карактеристики на памет за да успеам да положам :( Па се размислувам да се префрлам на ПиТ, бидејќи добро ми оди германскиот и за да ја избегнам книжевноста. Знае ли некој каде можам да се обратам за да прашам за префрлање? И дали е можно префрлање на семестар? Навистина ми треба информација, многу ќе бидам благодарна ако ми каже некој.. Фала многу однапред
     
  12. evelyn993

    evelyn993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2011
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    314
    за испитот кај анчевски, треба да се учат само песните што се работат на вежби со + тие 5-6 што ни ги даде како за "лектира"? се` за писателите, и тие што ги спомнува на предавањата од нортонот скапан и тие што се автори на песните? и историјата глупава за англосаксонците?! буквално се`?
     
    На Chocoholic.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Се‘ што е на reading листата треба да се знае убаво. За авторите најчесто е каков бил нивниот придонес за поезијата, нивниот став, за што пишувале, дали пишувале балади, епови и сл..
    Јас лани ги запишав прашањата кои ми паднаа на испит (јануари 2011). Еве се во спојлер.

    Questions:
    1. Alliterative verse (дефиниција + пример)
    2. Enthousiasmos (што, кој, кога)
    3. Sir Philip Sidney (contribution)
    4. Milton's contribution and work before the Restoration
    5. Spenser's output except Faerie Queen (други дела освен Faerie Queen, и да се каже за што е на кратко)
    6. Heroic stanza (дефиниција)
    7. Chaucer under French and Italian influence (што напишал под нивно влијание)

    Песни (идентификација на поет, наслов, година на издавање; анализа на 2 песни во целост)
    1. The Good Morrow - John Donne (оваа ја анализирав, омилена ми беше од сите)
    2. Song to Celia (Ben Jonson)
    3. Essay on Criticism (Alexander Pope)
    4. Sonnet 73 (William Shakespeare)

    Есеј - не се сеќавам кои им беа насловите, знам дека беа сите освен The Wife of Bath's Tale. Оваа и The Green Knight секогаш паѓаат на испит. Јас пишував за the green Knight, и поминав читајќи ги од spark notes... сега кога би се вратила да го полагам испитов, би пишувала за Samson's Agonistes (бидејќи го прочитав оригиналот и сфатив дека е супер)...


    Се надевам дека ви помогнав. :sun:
     
    На heartche, Chocoholic.girl и evelyn993 им се допаѓа ова.
  14. evelyn993

    evelyn993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2011
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    314
    ти благодарам bright. искрено по сите работи што имам слушано и за анчевски и за неговиот испит, не изгледа многу лошо ниту страшно. :) уште еднаш, ти благодарам :*
     
  15. heartche

    heartche Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    26
    а од кај учеше Bright, од таа книгата или ?? :))
     
  16. invincible.06

    invincible.06 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    21
    Ќе може некој да сподели искуство во врска со испитот кај Зозе-контрастивна анализа 1 ::???? од која книга учевте...има ли скрипта некоја??? ни даде примерок од испитот од претходните години и луѓе претежок е.....си викам...5000 дадовме за речницине уште да паднам фали....ве молам хелпп... :( :sweat:
     
  17. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    лел немој воопшто да с еплашиш за кај Зозе ќе видиш и самата колку ќе си препишувате еден од друг и скоро сите ќе имате десетки и деветки.Ако си ги купила речниците, и имаш семинарска онд ауживај имаш загарантирана 10 ка ;)
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Иако прашањево ти беше упатено до Брајт, ќе се дрзнам да одговорам за тоа од каде ЈАС учев: од едно скриптуле што го набавив од ИВА фотокопирницата. Скриптево е составено од извадоци од Нортонот.
     
    На Chocoholic.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Добро бе, ако знае некој да ме упати, треба да пријавувам и испити и колоквиуми, така? Иста ли е пријавата и за двете ?? Значи ми требаат 6 пријави за испит и 3 пријави за колоквиум ? :devil:

    И 9 таксени марки ?

    А онлајн како се пријавува, па никој ништо не ни кажува, живци искинав со онлајн пријавата. :(
     
  20. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    Пријавите се исти, и поднесуваш по една пријава и една таксена марка за секој предмет, без разлика дали го полагаш на испит или колоквиум. Колку предмети имаш толку пријави.
    Онлајн, ќе одиш на страната на факултетот и од лева страна има мојот профил. Отвори го тоа, логирај се (корисничко име ти е бр на индекс, а лозинка матичен број) и таму имаш опција пријави испити. Ќе ги штиклираш сите предмети и само ќе кликнеш пријави :)
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.