100 пати имам напишано, ама изгледа не читкате низ темава. Учев и од учебник и од скрипта. Без двете не се можит. _______ Сега си го гледав профилот на страната и видов дека имам 5 предмети наместо 6. Шестиот всушност е психологија и лани не знаев каде да го најдам предметот и не го пријавив. Се надевам дека ќе немам проблеми, ама кој ќе се бркат по студентски... Некој имал искуство за тоа ако нема пријавено испит онлајн?
Морееее однесена работа се сите, еј, никој ништо не знае и не кажуваат тие таму бе, леле, ме нервираат. Тенкју Џувл, само што пријавив испити онлајн... Ај аирлија нека е. А утре ќе се бркам со пријавници и таксени марки. Се чека многу на Студентски ??
А испитите што ни се останати од поодамнешни семестри ги нема на пријави испити за да ги пријавиме ( мислам на презапишаните предмети ).Дали тие само со пријава на студентски треба да се пријават?
Дузице, кај нас англистите скоро секогаш се чека (додуша и ова зависи, претежно последните денови е гужвата). Кај италијанистите сум забележала побрзо оди работата. Ако одиш утре таму, може и ќе се сретнеме И да не ти настане забуна некоја, колоквиумите не ги пријавуваш одделно. Ако имаш 6 премети, поднесуваш 6 пријави за испит (без разлика дали предметот го полагаш на испит или на колоквиум).
Истиот проблем го имам и јас т.е сите што ги имаме презапишано предметите (од прв за во трет семестар) ај нека помогне некој од 3та ..4та
Еве јас сум трета али незнам што и како треба да се прави.Најдобро да се праша нашиот мил Стојче ако не јас ќе си однесам само пријави а на нет не пријавувам.
Дали некој знае какви се декадите за полагање во јануари? Коа ке полагаат прва година? Од 9 или од 20?
Ќе одите во студентски и одма лево има еден млад дечко на лаптопче и си го ставаш индексот во купот и си чекаш ред (ако има некој пред тебе) и он по ред ги зима и му кажуваш што имаш проблем кој предмети треба да ти ги внесе и може и он да ти ги пријави директно и после одиш кај нашиот мил и драг Стојче
Освен од драмите ќе си прочепкаш по нет и ќе си читкаш од sparknotes и со среќа оти за кај Кошка и Анчевски секогаш ќе ти треба
Пријавив денес испити, и зачудувачки, по вторпат во темава ја фалам Јулето. Абре за 5 минути работа завршив, уредно, фино лепо, цап, цап... Ај со здравје. Стојче сирот пливаше во пријави, имаше околу триесетина луѓе на неговиот шалтер, па малку се изнервира човекот. А дечкото со лаптоп таму лево, мислам дека ако до денот не заколе или убие некој, ќе има прилично успешен ден. Циркузи се бе сите, не знам како се некои такви се погодуваат со луѓе да работат. Дал се збрлавени од порано, дал сега збрлавеле... Не знам! п.с. Мора да ги имате пријавено онлајн испитите, да носите индекс и маркицата да ви биде захевтана/или со спајалица ставена на листот, инаку ќе ве вратат.
Денес излегоа термините за полагање за јануарска сесија, ги има на сајтот, да си знаете Повелете: http://www.flf.ukim.edu.mk/angliski/%D0 ... fault.aspx
Луѓе кажете нешто за драма кај Кошка, значи многу ми е страв и уште сега знам дека нема да положам , од кај да учам, како да го напишам есејот, теорија од што поточно да учам зашто она ни кажа да не сме учеле од скрипти и никако од sparknotes. Help me !
Ако си ги прочитала сите драми (5) и ако си ја сфатила нивната темтика ќе немаш проблем за нивно идентификување и парафразирање. Знам тешко е во 1ва година да напишеш есеј со 5 параграфи (посакуваш да голтнеш речник), ама ако, нека биде едноставен по форма, но гледај да пишуваш точно за темата и да не раскажуваш (бидејќи ќе те падне за раскажување). Во контекст со темата размисли си и сети се низ кои разговори и акции се гледа сето тоа во драмата (на пр, ако се бара да се опише занесеноста и „слепилото“ на др. Фаустус од страна на ѓаволот - ти кажи дека каде, со какви емоции, мисли и дела тоа Фаустус го прикажува... и тн. Секоја акција нека биде за 1 параграф и објаснета поубаво и така за уште 2, па завршеток и ете ти есеј). За теорија - прочитај ја нејзината скрипта што ви ја кажа и плус убаво научи го тоа малото скриптуле од 12 страни мислам дека беше. Good luck!
@Bright Lele fala ti mnoguu. Samo kazi mi za tie akcii treba nekoi slucki da opisam od dramata taka? Mislis na skriptata -izbor na kriticki tekstovi od Koshka? a za parafraziranje obisno dava tie monolozi ili...? i uste nesto vo esejot treba bogat vokabular ili moze poednostavno | Thank you !
За парафразирање дава монолози, најчесто го дава од дачис кај што босола и кажува дека дошол за да и го копа гробот и јас опишува неа каква ќе биде, како косата ќе и обеле, и тн.. се надевам свати за кој дел А за вокабуларот во есејот ако ти е богат ќе добиеш 10 поени плус
вториот колоквиум морфологија. што е на заокружување има дефиниции нешто или се е низ реченици, примери ?
Rule number one: не се демотивирајте од старт. Наместо да кукате дека нема да положите, седнете и учете. Па може да се најде по некое правило. Но нема да ви даде да го кажете вие правилото и дефиницијата, туку да заокружите. Лесно е. Фонетика втор колоквиум ќе го има ЦЕЛИОТ материјал, од цел семестар, само што од материјалот што ни беше за прв колоквиум ќе има помалку прашања (така рече Киркова). За фонемска транскрипција (како на првиот колоквиум) не беа сигурни дали ќе има, но и да има нема да биде исто како на првиот, туку ќе ни читаат зборови и ќе имаме неколку понудени решенија за тоа како се транскрибира зборот, па да заокружиме од нив. Цел ќе биде на заокружување. Ќе има 50 или 60 прашања. Ако има 50, тогаш имаме еден час за решавање + 10 минути за пополнување на клучот. Ако има 60 прашања - 70 минути за решавање + 10 за пополнување. Рекоа да си носиме само индекс (и најверојатно пријава) и по желба ако сакаме вода да си земиме Тоа би било тоа.