^ Не знам која професорка ти била, но мислам дека нема лошо да поминете со Саше. Мене ми е дечково баш океј, иако често знаевме да се сконтраме во однос на преводот. Доста е пристапен, но за консултации кај него мислам дека е веќе предоцна, со оглед на тоа што сесијата започна. Дава 3-4 теми и колку што сум сретнала јас (два пати полагав) нема споредба на ликови од две дела. Секоја тема опфаќа само едно дело. Sir Gawain мислам дека не промашува да го даде, а последниве 2-3 пати и Rape of the Lock и Samson. Нешто многу важно: немој да започнуваш да раскажуваш за авторот, за правецот литературен, немој да го раскажуваш делото... Премини директно на темата, директно со насловот, со она што се бара. И пишувај САМО за тоа! Ќе се лути чичко Зоки иначе
anyone да каже нешто за испитот по контрастивна анализа 1 кај Зозе ??? каков е ...прашањата какви се од прилика.. нешто за она idiomatic expressions ?? Саше е супер...баш кул професор..задоволна сум од предавањата и испитот...само обрни внимание на преводот..он баш внимава на тоа
Идиоми имате 20 и секој носи по 2 поени.Имате 10 од анг на мак и 10 обратно. инаку испитот да е лесен не е лесен али донт вори се решава колективно и мн се ретки тие што паднале кај нас ретко да имаше помала од 7мица
Ми предаваше овој семестар и имам само позитивни коментари за него. Целосно се внесува и на забавен начин предава. А во врска со испитот - мрази препишувачи, затоа подобро немој. За прегледување внимавај на делот на преводот, бидејќи тоа му е слаба точка. Во секој случај праведен е во оценувањето
Што има САЈ на првиот испит во прва година. Не знам што да учам, на што да обрнам внимание. Тежок ли е?
^ multiple choise, open close text, transformation, lexical development, mixed tenses, phrasal verbs, modal verbs, word formation, translation анг-мак и мак-анг. тие вежби ни ки кажа грујоска.
^Ако не се лажам, тоа е кога имаш дадено именка, и ти на дадено место треба да ја трансформираш во глагол, прилог, придавка... Малку се зафркнати, барем на ЦАЕ, мислиш дека е така, а тоа скроз трето. За САЈ е најпаметно онлајн да решавате. Пиши си ФЦЕ вежби и терај. Јас така направив, се изнавежбав и од Оксфорд и од Кембриџ, ма се пререшив на гугл и кога го видов испитот, бев уат д фак, па ова го знам... енд ит уент ас смутли ас посибл.
Дајте објаснете ми како изгледа испитот по драма (Англиска книж. 1)... На што треба да се обрне најмногу внимание, и што теми имавте вие за есеј од минатите години ? И дали е вистина дека можеш да си поминеш само од читање од Sparknotes ?
ќе може мала помош за испитот по лексички категории кај јованка?? ме мачи тоа дека сум заборавила некои од прашањата од минатиот пат кога полагав па ако може некој да се сети нека пише
Имаш еден дел теорија. Тоа ти се некои 10ина прашања чии одговори ги има во едно скриптиче од 10ина страни кое кружи меѓу студентите. Теоријата е прелесна, ама па и не ти носи нешто многу поени. Многу повеќе внимание се обрнува на драмите. Имаш мислам три помали извадоци кои ќе треба да ги идентификуваш (име на драмата, автор, кога е напишана и кој зборува во извадокот). За овие три со по една реченица треба да напишеш зошто се значајни. Имаш и еден поголем извадок кој исто така треба да го идентификуваш и да му направиш подолга парафраза и анализа. Последен дел од испитот ти е есејот. Јас кога полагав имаше една тема за inner struggles кај Фаустус и уште една за Јаго: дали според вас неговата постапка е коректна или не и тоа да си го поткрепите со аргументи од драмата. Секогаш во есејот за се‘ што ќе напишете мора да ви биде поткрепено со аргументи од драмите. И не ја раскажувајте драмата, туку концентрирајте се само на темата. За тоа од Спаркноутс.... доста помага за да го сфатите контекстот на драмите и оние важни елементи. Но, за препознавање на извадоците Спаркноутс нема да ви помогне. Мора да си ги прочитате.
Дали има некој што е 4та година, за да каже како изгледа испитот Лексикологија 1 кај Јованка?Нешто слично е по концепт како Лексички и Граматички во прва или ...?
1. Таков е испитот, сличен. Колку што памтам од лани имаше (не знам колку на број, околу 10-15 можеби) пократки теоретски прашања со дополнување, имаше 3-5 подолги - да објасниш и да дадеш пример (памтам во овие имаше за lexical ambiguity и беше дадена реченица, да кажеш за кој тип ambiguity се работи и да објасниш). Сличен е како тој од лексички/граматички, мене дури и полесен ми беше. Се е од материјалот, како што го предава на часови, не бара ниту дава нешто настрана. 2. А за испитот по драма, имате на sparknotes едно no fear shakespeare, таму ги има драмите на Шекспир со целосен текст - оригинално како што е напишана драмата и на современ англиски. Извадоците можете оттаму да си ги прочитате (ако ги немате прочитано драмите) за да сфатите за што се работи во нив, а од обичното sparknotes ги имате и со анализа.
Како мислиш за втор колоквум ? А за втора година од ектс кажаа дека нема услов само се презапишуваат предметите..
Има некоја феминка од ПИТ (прв англиски, втор германски) што полагала германски 4 во брзо време кај Бисера?