Дечки дали може некој да каже дали Американска цивилизација е лесно, каква е професорката, да сподели некое искуство затоа што не знам дали го одберам за изборен во втор семестар
Ни Оги самата не знае што ќе прашува на усен. Толку е креативна што никој не може да претпостави. Си прашува од тоа како си, кој би ти бил идеален партнер за вечера од славниве и зошто баш тој, па се до омилени рецепти. Абе чиниш, полагаш шпански на ниво профишнси, па снаоѓај се со терминологија.
Може помош околу изборни(онака некои полесни)?..И дали има некој искуство со Правопис на СМЈ, Култура на говор,Правоговор на СМЈ? I need help
Правопис имав јас во прв семестар и лесно е, само да одиш на предавања ќе запамтиш се, пред колоквиум само еднаш да прочиташ доволно е, а е и многу корисно. За култура на говор ми кажа една другарка дека било лесно многу, само читале текстови и се мислам сега и јас дали да го изберам. А за правоговор само имам слушнато дека не било многу лесно.
кога бев на усен, ни рече ако сакаме можеме да си ја задржиме оцената од испит или да пробаме да одговараме, со што и се ставаме на ризик да ни ја намали оцената јас решив да си ја здржам оцената од испит
Можиш ама треба да имаш 21 кредит за услов. За неземените оценки ќе ти напише минус толку кредити колку што ти носат тие предмети и нив (предметите) треба да ги напишеш како неположени предмети од претходниот семестар во тој листот за заверка на семестар. Анчевски пушта на усно и со повеќе поени, зависи кој дел ти е послаб и зависно од тоа те прашува на устен испит. Јас кога полагав летоска не не’ прашуваше од прашањата од испитот туку тоа тој што сакаше. За послаби анализи даваше песна која сака тој, да ја анализираш; за послаба теорија прашуваше теоретски прашања или пак даваше песна; за послаб есеј даваше од темите за есеј (и од испитот и некои што ги спомнал тој како поважни или од assigned reading) или пак теоретски прашања (мене ми постави така). За повисока оценка со усното, тешко дека дава, сака да го молиш и да играш по негово, а тој да се замислува којзнае кој е т.е. да се изживува и на крај да те врати. Нас на сите само ни ги удврди веќе добиените од испитот. * Се надевав дека одговориве ви беа од помош, иако задоцнети .
Ве молам за одговор! Дали може да го запишам како изборен Правопис на СМЈ 2 ако го немам слушано во прв семестар? Кои други изборни се активни од катедрата по СМЈ?
Не знам како е на другите катедри, ама еве кај нас на Англиски јазик и книжевност од минатата година не гледаат дали и колку кредити имаш и дали фаќаш услов. Сите може да запишат и заверат семестар. Мене така минатата година ми фалеше некоја оцена, па не го пишав предметот како неположен.
Да да, може да се запише и без земени оценки. Кога се запишува година се само важни тие. Пишав јас мислам претходно, тенкју вери мач во секој случај.
Ние сме последната генерација пред да се воведат модуларните студии (старо ЕКТС) па можно е само за нас да требаат сите оценки, а за вас да не важи тоа. Мислев за сите исто дека е.
Колешки дали кај вас на некоја на профилот ви пишува вака :НАПОМЕНА: Вашиот тековен запишан семестар е зимски семестар и НЕ ОДГОВАРА НА СЕМЕСТАРОТ КОЈ ТРЕБА ДА БИДЕ ЗАПИШАН (летен семестар). Што значи ова, и како е можно да не одговара?Ова прв пат ми се случува и стварно не ми е јасно што значи.
Имавме и ние вакво, речиси сите од прва, кога прашавме ни рекоа дека податоците не се ажурирани уште и со тек на време ќе го снема. Веќе го заборавив јас, сега кога отворив, навистина го нема.
Фала многу и ние прашавме и ни рекоја дека така било оти на нас од трета уште не ни е заверен 5ти семестар и кај сите се појавувало ова
може предметите од втор семестар да ги полагаш во јуни ако претходно не ти се положени во јануари? секако, доколку ги положиш во мај, демек казнена сесија била таа..? anyone?
Ќе можи некој да ми кажи шо прашува Фонетика 2 усно??? Бидејќи ние сега втора година полагаме на колоквиуми првиот колоквиум од Фонетика 2 ќе ни биди устен и ме интересира шо ги прашвала постарите генерации усно (на испит). Знам дека ќе биди нешто поврзано со интонација ама поточно шо ќе има? Ќе биди даена реченица обележана со знаци па ние да ја прочитаме? И шо ако имаме американски акцент.. ? Попуштат на усно???