Колешки мора да ви кажам дека цела недела на часовите по современ професорите кажуваат дека НЕ СМЕЕ да се користи ДИЈАЛЕКТ посебно на нашиот факултет, бидејки навистина НЕ доликува на идни професори по (кој било) јазик да употребуваат дијалет. Професорите се револтирани од една неодамнешна случка кога имало некој почесен гостин на Филолошки и преведувачката (студентка) цело време преведувала на дијалект пред сите присутни министри и не знам уште кои високи функционери од нашата и од други држави. Навистина срамота! Можат сите БАРЕМ МАЛКУ да се потрудат да го користат македонскиот стандарден јазик во секојдневна комуникација бидејки тој е нашето богатство и треба да го чуваме! И да не бидам off topic, да ти кажам Andrianaaaaa дека не е воопшто тешко на усно, исто поминуваат и тие што се знаат и тие што ништо не знаат, што искрено не е баш фер. Повисока оцена мнооогу ретко да пишат, ептен ако на студентот му недостасува 1 поен или помалку. Мој совет, не се грижи дали имаш американски или британски акцент, туку гледај да го користиш македонскиот стандарден јазик, правопис и правоговор, дијалектот е за дома и за разговор со своите сонародници No hard feelings, I'm just telling the truth
Здраво !!! Ке ми каже ли некој што се учи по предметите историја на англискиот јазик и развојна психологија. Колку се од корист овие предмети и нешти повеќе за нив ? Поздрав !!!
Историја на англискиот јазик го учам сега и поглупав предмет од него нема верувај - доколку имаш можност да не го учиш воопшто не го земај.Ние кои што сме сега трета моравме да го земиме затоа што другите изборни предмети ниг и ставија во мирување па немавме избор и мора сега да ја гледаме Бабамова А инаку се учи за фамилии на јазици, нивни поделби во кратки црти за историјата на јазикот а другиов предмет не сум го слушала и незнам што с еучи.
Може ли некој што го имал предметот Американска Цивилизација да каже каков испит дава професорката, дали е строга, дали бара години итн..
па на колоквиум морфологија имаше за Articles па потоа на испит во јуни имало за Both Neither Either и на испитот во септември имало за Prepositions! I hope i helped
Оди некој воопшто кај Зозе на предавања по контрастивна во четврток? Прашувам онака зашто, пред 2 недели кога бев се на се 20 души бевме и од 4-та и од 2-ра.
^ Хоуп, јас два-три пати ако имам отидено, претходниот семестар тоа. Имам 4 предавања (8 часа) тој ден без паузи (сосе неговото) и искрено пренапорно ми е. Си одам директно на вежби и тоа не кај него, туку кај Наташа.
Една новост.Денес на факултет кажаа дека од Септември ќе се полага приемен за тие што сакаат да се запишат на Англиска Катедра Епа матуранти со среќа нека ви е
Барем ќе се запишат тие што навистина знаат, сигурно дека и тогаш ќе има по некоја врска, ама барем нема 1000 души да примаат, а пола од нив да не знаат ни основни работи, барем ќе има некоја селекција.
Да така е, за ова си во право.Ќе има селекција и ќе има мн помал број запишани.Една од лекторките кажа дека заинтересираноста се намалила поради тортурата на студентите од поедини професори а особено од книжевностите.Исто така не натера да направиме како мала анкета во нашата група во случај да е изборен предметот книжевност колку студенти би го избрале и замислете ниту еден не се изјасни дека ќе го избере
Книжевноста како предмет е супер, барем за мене. Сакам да читам, да дознавам работи за разните периоди, за животот и условите тогаш, што ги поттикнало писателите да го напишат тоа дело итн., а сигурно и голем дел од студентите ја сакаат. Бидејќи Анчевски е дел од професорите по книжевност, не сум ни изненадена што никој не избрал книжевност. Нормално, по се’ треба да се учи - и за знаење и за да се положи, ама тој малку ја претерува. Не знам кај е проблемот - дали кај него или кај студентите што на секое ги паѓа? Не верувам дека некој што полага некој предмет 2, 3 или Х пати, нема никаква врска од материјалот. Колку-толку, на толку пати препрочитување, плус и од предавање/вежби (ако одел), барем нешто им останало в глава. Од друга страна, за истово, се нервирам, што некои не ја бараат вината во себе туку во професорот (кој било, не мора да е Анчевски). Не дека ги бранам професорите ама има студенти/колеги кои не сакаат да научат, не сакаат да се потрудат, а сакаат така да го положат испитот. Каде така? Да ни намалеа, да ни дадеа прашања, ова да беше вака, она онака, да ни ги дадеа парафразите, е уште да земат и да ни ги положат испитите! И утре сакаат професори да бидат? Не е чудно што после децата излегувале неписмени и прават преводи како Велика Ширилова и слични такви! А за тортури, има, на пример „Кате“ по Историја на анг. јазик - знаеш и сама . Он топик, сум за приемен!
Кате на сите ни е познато доста добро и верувам дека и повеќето од нас имаат ноќни мори од неа ххаха Туку сакав да те прашам дали ако немаш положено методика 2 имаш право да одиш на хоспитации?
Дали можи да се смени неположен изборен предмет од прв семестар? Или можда требаше тоа да го направам кога заверував семестар? Бев до студенски ама тој Стојче само ми се развика и ништо ни ми кажа. Знам дека се плаќаат 600 денари ама дали има рок како оди тоа незнам. Ве молам за одговор многу ми е важно.
Можеш да го смениш само кога запишуваш и заверуваш семестар.Треба да има поминато 3 сесии и место да напишиш на уплатницата презапишување ќе напишиш промена на предмет.
ај вака. паднав и на испитот морфологија за еден скапан поен и сега во мај имам шанса да полагам пак. па ако некој има полагано исто како мене ако може да ми каже на што треба да обрнам внимание.
Мислење 09 Мар 2012, 23:11 па на колоквиум морфологија имаше за Articles па потоа на испит во јуни имало за Both Neither Either и на испитот во септември имало за Prepositions! I hope i helped е сега не знам дали секоја година дава исто на колоквиум како што направи со Морфологија 1( првиот колоквиум)