И јас потпишувам на италијански нема Превод и толкување, тоа е како посебна катедра, а на италијански од трета година се делат студентите дали се за Преведувачка или Наставна насока.
Е ајде де, цело време ја убедуваме другарката дека не е можно да е Италијански-превод и толкување, а таа запнала на тоа сум, та на тоа сум Да не се знаело што се учи Фала ви на одговорите.
Значи ова на филолошки е хаос.Сеуште саглам не сме почнале со предавања, не поделија во групи, па настана збрка... глупости, а и плус колку се нервирам за англиски што утре треба да кажам конечно дали ќе купувам книга или не. 1260 ден за книга, ццц... Ако има некој од форумџиките да се на превод и толкување нека се каже, да си се најдеме ние колешките . И дали може од некаде да ја најдам книгата да ја копирам. Насловот на книгата е CAE result (oxford)
Почекај некој друг да ја купи па копирај ја. ја така правев. Ке побарам да видам дали ги чувам книгите, ама мислам дека не па ке ти кажам.. А кој јазик ти е прв на ПИТ? И ако ти треба совет за изборни ова она, прашај ме ке ти кажам за сите проф кој каков е
Епа и другарка ми ми вика да направам така, ама мене ми е незгодно, можеби некоја колешка ќе рече, јас ја купував сега тебе ќе ти давам да копираш. Ќе ме засрами само... Иначе прв јазик ми е англиски, а втор француски, и сега во среда ќе имаме состанок со координаторот, и како што слушнав тогаш требало да кажеме што предмети сме избрале, а јас поима немам што да изберам, а и незнам како иде тоа.. кажи ми ти во врска со изборните, што како, советувај ме малку
Мене ми е прв француски.. Англиски сосема други професори ми предаваа од тие на вас. Француски кои проф ти е? Ниако не ја бирај Снежана Петрова.. Супер професор е за да научиш, ама многу е тешко за полагање кај неа. Избери си Културолоши Македонски, Пирузе е закон. И исто така можеш да си избереш тие ЕПП или дефендологија..
Па имаш многу критики на интернет на пример на спарк нотес или на е нотес јас читав критики од таму и така положив кај Кошка, а кај Анчевски треба во јануари да полагам Иначе јас сум студентка на катедрата за Англиски јазик и книжевност.
Па изоброт е твој кај ке се запишеш иначе јас сум сега 2 година и јас како тебе се мислев дали ќе ме примат имав 93 бода и бев меѓу првите кандидати така да не се секирај имаш доволно бодови. Сакав првин да се запишам на превод и толкување ама ми кажаа дека во средно сум морала да имам 2 јазици учено и бидејќи имав само англиски се запишав на Англиски јазик и книжевност и сега за сега ми е супер, а исто така и професорите.
Другарка ми е на Англиски јазик превод и толкување и не ми се допаѓа тоа што им наметнаа за втор јазик да го учат оној што го учеле од средно. Другарка ми сакаше да запише албански како втор, ама мораше француски. А сепак сега со француски почнале од најосновното-со буквите и бројките Нема логика, ако веќе било задолжително да учат јазик од кој веќе имаат познавања, зошто почнале од најосновното
Е вака сега, да прашам некој стварно знае: дали е возможно ако завршиш на превод и толкување, по дипломирањето да доземиш уште неколку испити (колку што ќе се потребни) и да имаш диплома и за професор. Или?
Да возможно е, со дополагање на два-три испити и тие од ПИТ можат да бидат професори. Баш другарка ми прееска кажуваше дека и професорите им го потврдиле тоа.
Да Хипица, мислам полагаш уште 3 испити. Педагогија, психологија и методика. Или т.н доквалификација за наставник - професор, ама тоа мислам дека дополнително се запишуваш на Филозофски факултет. По завршувањето на додипломските студии.
^^ vo nekoi gradovi zaradi nedostatok na kadar gi primaa i samo so PIT. So PIT mozes da rabotis vo skolo za stranski jazici. A tie ispitite se dopolagaat ako sakas vo Drzavno skolo, i se polagaat na Filoloski (so prof od FIlozofski) izvinete za latinicata
дали има смер превод и толкување, англиски и италијански? Ако некој студира на овој смер нека каже подетални информации..
На катедрата за италијански јазик во прва и втора година сите уцат исти предмети, од трета година се делат дали се за преведувачка/толкувачка или наставна насока.
Девојки јас сум прва година на катедрата за анг.јазик и книжевност,сега за сега е ок,малце ме нервира тоа што е неорганизирано.Мислам дека ке биде ок со полагање,само Анчевски ме преплашува!!! Човекот се гледа дека има и знаење и се,ама мислам дека кај него никогаш нема да положам Кажете некој совет тие што сте на оваа катедра што како да правам,секако освен тоа да учам,затоа што тоа веќе го правам И уште едно прашање,ни кажаа дека од оваа година опцијата да се бира втор јазик нема да биде активна,а тоа е многу лошо,јас сакав да земам албански под б, ама вака само со англиски ништо не правам,на секој чекор има школи или преведувачи... Ве молам некој совет за Анчевски и дали тоа за јазик под б е точно или не. Поздрав
Значи ова ПиТ е хаос. Прво не лажеа дека ќе имаме само 1 колоквиум во декември, а сега ни ставија и македонски и француски и шпански колоквиум владее голема неорганизираност. Ако има некоја форумџика што е на ПиТ да ми каже ако знае нешто за проф по македонски Елена Петроска, некако ич не е ангажирана во врска со часовите и сега никој незнае што да уче, дали правила, дали само примери, исклучоци.... Дали е зезната за оценување или пак..? А и за Севда и за Анита по француски ме интерсира Колоквиуми се ближат, а јас наместо да седнам да учам, јас само си велам дека ќе паднам, ова она треба да си го загреам столчето