Ауу, фала ти Боже, им текнало конечно да воведат приемен! Сега барем што ќе се запишуваат ќе знаат да читаат, а не во прва година да се учиме да читаме. Така така, само така, не може и ќораво и сакато на англиски да биде, па уште и будала те прави дека така се минело :geek: . Јас сум и за преполовување на квотите, 270 на ПИТ, ц ц . Каде бре тие луѓе ќе најдат работа, на Марс едино ако толкуваат македонски. 100 на книжевност, 100 на ПИТ мислам дека е повеќе од доволно.
^ Тоа и плус да се кренат критериумите за преминување во следна година. Па 90% од тие што се запишуваат завршуваат, а како што кажа Дузи не знаат ни да читаат. Може не дипломираат со некој просек ама вака така се влечкаат низ годините и ќе завршат.
Дали на вториот колоквиум Морфологија 2 дава и од материјалот од првиот колоквиум како што кажува или не? Фала однапред
Ќе може ли некој да ми објасни како оди ова со приемниот? Само тој се зема во предвид, а државната матура и просекот од 4 години не?
Сигурно дека просекот и матурата ќе имаат некаква улога али сепак првенство ќе му се даде на приемниот испит, од кој воедно ќе зависи и тоа дали ќе станеш дел од таа катедра
Mора да дава и од првиот инаку како ќе има педесет прашања од материјал од 30 странички?! Ако си го положил/а првиот тогаш веројатно си го учел/а првиот дел, така да ништо не те чини да си го препрочиташ Ја повторив се и се надевам дека нема да биде нешто премногу комплицирано
срцкасти ај пишете некои теми што ги давала Кошка на испитот-драма и по некое прашање ако ви текнува )
како теми ги дава- трагичниот почеток и среќниот крај во Втората овчарска игра,поврзаноста на имињата и карактерите од Волпоне, и споредба на женските ликови од Отело и Војвотката од Малфи - е овие се имаа паѓано, други незнам.Од прашања ги имаше Miracle play,Mystery play,Aside,Caroline drama,Malcontent,The chain of being, Jacobean drama,bear baiting, university wits, исто така ги имасе и тоа видовите на театар,кој жанр од кога до кога бил( мислам на jacobean,caroline drama и таму уште некој кој беа).Тоа е она што ми останало во сеќавање
Не бе сигурна сум дека имаше и таква драма.На некој од периодиве беше мислам жанр и почнуваше од 1625 год.Ај прочепкај по скриптите види ќе најдеш
The period from 1580 to 1640 is known as Caroline Drama (named after Charles I) Алал да ти е како памтиш!
ако земам наставна насока, ќе можам ли после некако дополнително да полагам за преведувач, како и каде?
Дечки ај Little help ај ако ги знае некој придавнките за следниве именки нека ми ги напише church,son and two.
Мислам дека church и two можат да функционираат и како придавки. Обично нели, придавките се прават со додавање на -ly ама овде никако не е случај. Поз, се надевам дека помигнав
sonless, sonlike другите тешко Па лани Биљана Наумоска кажуваше дека може ама требало нов индекс да вадиш мислам, прашај си ја неа најубаво
За од church да направиш придавка - churchy, да опишеш нешто што потсетува или изгледа како црква. За son придавки не постојат, освен за користење во урбан речник Two е само по себе придавка, сите броеви во англиски се придавки, но можеш да речеш twofold.