Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Филолошки факултет - англиска катедра

Дискусија во 'Образование' започната од teddygirl, 11 август 2010.

  1. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Дечки фала што сте се потрудиле да ми помогнете, али сепак не е така ;) знам дека two и само по себе може да си биде придавка али тука треба да бид енешто изведено од него а што и како нз :) Инаку овие ми се од вежбите од лексикологијата и ми требаше да бидат изведени како на пример овие ( е овие ги знаев :D ) eye-occular, hand - manual, sight - visual, skin-dermal, tooth-dental :)
     
  2. purple.butterfly

    purple.butterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    23
    За church:

    churchy

    Pronunciation: /ˈtʃəːtʃi/
    adjective (churchier, churchiest)
    1(of a person) excessively pious and often narrow-minded:
    I was famous for being churchy and stuck-up
    a churchy housewife
    2resembling a church:
    Gothic design looks too churchy
    Ова е од Oxford Dictionary.

    За son - filial, за two - twofold.
     
    На teddygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    church - ecclesiastical
    two - dual
    son - filial
    Мислам дека е вака бидејќи и ние лани кога учевме, вака ги изведувавме. Се надевам ти помогнав.
     
    На teddygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. evelyn993

    evelyn993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2011
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    314
    имам едно прашање. кога еден испит ти е полаган три пати и притоа ти е паднат три пати, што следува понатаму? кога ќе го пријавувам испитот во август треба да доплатам плус нешто?
     
  5. potato

    potato Активен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    1
    Си доплаќаш 600 денари и ти го презапишуваат во индекс. :)
     
  6. Tearful

    Tearful Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    73
    Во план сум да се запишам на филолошкиот факултет-англиска катедра.Доколку на некој нема да му биде мачно да ми подобјасни малце.Дали на англиски се предавањата , дали има можност за да те пратат во Англија на пр. (ова особено ме интересира), дали е многу тешко доколку во средно многу не си учел англиски , мислам доколку го знаеш оној основен англиски.Ви благодарам.
     
  7. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Предавањата се на англиски, исто така и учебниците.За во Англија самиот факултет не праќа освен ако не си аплицираш во некоја од агенциите.Тој основен англиски што го знаеш, како и цела граматика ќе ја положиш во Морфологија 1 :) Самиот факултет не е нешто баш лесен, треба труд, учење и доста вежбање.
     
    На Tearful му/ѝ се допаѓа ова.
  8. heartche

    heartche Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    26
    Колешки, дајте некој совет за драма како да се спремам за испитот теорија, парафразите, есејот ??
     
  9. Chocoholic.girl

    Chocoholic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    39
    Ќе може ли некој од постарите, од 3та или 4та година да ми каже какво искуство има со испитите по книжевност? Дали книжевностите од прва година се полесни од тие што следуваат или важат за тешки испити?
    Фала многу однапред
     
  10. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Еве јас сум трета година и сите испити книжевност ми се подеднакво тешки, мислам на испитите кај Кошка и Анчевски оти Витанова си е супер женичка, ретко кога турка за разлика од овие двајца :D
     
    На Chocoholic.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Chocoholic.girl

    Chocoholic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    39
    Фала ти многу :) Јас добро поминав кај Анчевски во прв семестар, сега драма ќе полагам, али тешки се многу за спремање па се плашев да не се уште потешки наредните. Чим викаш дека се слични по тежина, веројатно ќе се издржи некако.
     
  12. pinkflower

    pinkflower Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    83
    Здраво на сите. Би ве замолила за совет. Јас планирам да се запишам на ПИТ, ама не можам да се одлучам кој јазик да го земам за прв, а кој за втор. Се двоумам меѓу англиски и француски. И двата јазици ми одат (посебно англиски) и немам никакви проблеми со нив, ама повеќе го сакам англискиот. Но сите ми викат дека на англиски имало голема конкуренција и дека повеќе би ми се исплатило ако го земам францускиот како прв. Би имала повеќе шанси за работа бидејќи во последно време францускиот јазик многу го форсираат, а нема доволно кадри (за разлика од англискиот). Така што сум во голема дилема, а наскоро треба да се запишам и немам многу време за размислување. А јас многу повеќе го сакам англискиот и повеќе го знам, но сепак не моижм да се одлучам. Што би ми препорачале вие? И би сакала уште нешто да ве прашам. Ако се запишеш на пример на Англиски (или Француски) јазик и книжевност, нели од втора година избираш насока превод и толкување? Ако е така, дали ќе може да ми ја кажете разликата меѓу тоа преведување и толкување и посебниот ПИТ? Која е разликата на крај во дипломата? Дали имаш еднакви шанси за работа или се дава предност на некоја? Ве молам ако можете да ми одговорите зашто целата сум во хаос и навистина не можам да се определам. Изгледа ќе се двоумам до последен момент... :( Поздрав :D
     
  13. heartche

    heartche Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    26
    ако се запишеш пример на англиски јазик и книжевност во дипломата ке ти пишува преведувач од англиски на македонски и обратно, доколку пак на ПиТ анг. на мак. и фран. на мак. и обратно :)
     
  14. pinkflower

    pinkflower Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    83
    А на катедрата за Англиски јазик и книжевност, нема можност за избирање на втор јазик? И ако во втора година се одбере насоката за превод и толкување дали по дипломирањето има шанси да се работи и како преведувач и како наставник, или само како преведувач??
     
  15. heartche

    heartche Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    26
    мислам дека се дополагаат неколку предмети и може и како наставник, а нема можност за бирање на втор јазик т.е јазик под Б, само како изборен- под Ц и со тој јазик ништо не можеш да правиш.
     
  16. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Море море, во јазициве лежат парите. Да си знаете. Саат и пол час по кој било јазик, оп 10 евра. Службен печат, оп 15 евра. Јесте дека има многу што завршиле и тек допрва ќе завршуваат, ама пак бе... Три печата да ставиш денес и тројца да спремаш за час, ќе се наполниш со пари.

    Инаку, за Пинкфловер, да знаеш дека годинава ќе има приемен, и на ПИТ, и на Англиски и книжевност. Е сега, гледав пред некој ден флаерче за запишување на студенти по француски јазик. Имаше дека ќе се формираат две групи (за оние кои ќе го земат како прв јазик), почетна група и продолжителна група. И да го земеш прв, и втор, ова за ПИТ зборувам, нема да згрешиш. Нивната катедра е најорганизирана, професорките се МНОООГУ солидни, колешки со втор француски веќе пишуваат состави по француски. А јас по германски сум уште Ich, dich, mich, Banana, Apfel. :rofl:

    Искрено, да знаев малку повеќе германски, ќе се пишев со тој прв јазик. Ама па од друга страна, англиски повеќе сакам. :wasntme:

    Немој да гледаш на тоа дека има презаситеност англиски. Ако е за така, има презаситеност и од економисти, и од правници, и од информатичари, од се. Луѓето секако си бараат квалитет, а доколку навистина сакаш нешто и му се посветиш целосно, другото само ќе си дојде.

    Јас кога се запишав на ПИТ, одев со логиката дека на крај имам два јазика во диплома, додека ако отидев само на англиски ќе имав само еден. Како и да е, твое си е. На крај може ќе испадне скроз трето да се запишеш.

    Што треба прашувај. :D
     
  17. pinkflower

    pinkflower Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    83
    Фала многу за одговорите. Не можам да се одлучам дали да се запишам на ПИТ (англиски-француски), или на книжевност (или англиски или француски). Професорката во средно ми рече дека е подобро да одам на книжевност зашто имало поголеми шанси за работа, но јас не би сакала да учам само еден јазик (како што е на книжевност). Ги сакам и англискиот и францускиот и сакам да ги учам и двата и најверојатно ќе се запишам на ПИТ. Само ме плаши тоа што оваа година има приемен тест на ПИТ и не знам колкаво влијание ќе имаат резултатите од тој тест при запишување, а колкав процент успехот од средно. Дали можеби знаете? И уште едно прашање: дали има разлика кој јазик се зема за прв на ПИТ, а кој за втор? И дали за првиот јазик треба да имаш поголемо знаење, или подеднакво се учат? И при вработување, предност се дава на првиот јазик? Или може и со вториот да работиш како преведувач? Благодарам однапред и се извинувам ако ви пречам со прашањава, ама за мене е многу важно. :)
     
  18. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Првиот јазик го учиш поинтензивно и на повисоко ниво. Од првиот јазик имаш 10 часа неделно, а од вториот 6 часа.

    Англиски на ПИТ почнуваме од CAE, т.е. напредно ниво, а на книжевност се од FCE, едно ниво подоле. Во втора година ќе го учиме ние Профишенси, и потоа завршуваме со САЈ. Во 3та и 4та на ПИТ учиш културолошки студии, на мак, на анг и на германски/франц.

    Да ти напоменам, заборавив да кажам, а повеќето забораваат... На ПИТ сите учиме македонски. Иако не изгледа како голем проблем, прилично е тешко тоа што го учиме. :worried: Еве годинава ја полагавме цела Граматика на Конески, цепкана на колоквиуми. Македонски имаме 4 часа неделно. Искрено, најголем дел од времето учев македонски, мене тоа ми е најтерсен за учење затоа што треба да се буба. Нема логика, нема ништо, само книгата пред тебе и терај. :D
     
  19. pinkflower

    pinkflower Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    83
    Да, знам дека се учи македонски јазик. Да, голема предност на ПИТ е тоа што на крај во дипломата ти стојат два јазика, ама сепак мислам дека на првиот му се дава поголема предност при вработување. Ама пак од друга страна, кога се консултирав со професорката по англиски за тоа каде би било најдобро да се запишам, таа ми рече дека е многу подобро да се запишам на книжевност, бидејќи на сите конкурси за работа како преведувач (речиси во сите) барале преведувач со чисто завршен еден јазик (на пр. само англиски или само француски итн). Затоа сега се двоумам дали да се запишам на ПИТ или чисто на книжевност на некој од јазициве што ги сакам (англиски или француски).

    Но сепак мислам дека мојот краен избор ќе биде ПИТ, бидејќи не можам да се одлучам само за еден јазик. И двата ги сакам и многу ми одат. Ама па сега имам друга дилема: кој да го земам за прв, а кој за втор хаха :D На моте маки и двоумења им нема крај. :D Затоа прашував која е разликата меѓу јазикот што се зема за прв и оној што се зема за втор. Дали на крај се добива подеднакво знаење од двата јазика? Дали при вработување предност има првиот или има можност и со вториот да работиш како преведувач?
     
  20. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Па тоа никој не може да ти го каже однапред, дали со нешто имаш поголеми или помали шанси. :D За вработување, секој со среќата.

    Јазик е во прашање.

    На крај краева, можеш и дома да седиш да преведуваш или да даваш часови.

    И да ти пишува на дипломата дека знаеш три или четири јазика, останува на тебе да се истакнеш во најдобро светло, па тој што ќе те вработи да те задржи.