Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Филолошки факултет - англиска катедра

Дискусија во 'Образование' започната од teddygirl, 11 август 2010.

  1. Chocoholic.girl

    Chocoholic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    39
    Да ве прашам дали на испит проф. Кошка бара точна година на драмите или приближна да се напише? Затоа што во различни книги различни датуми пишува па не знам кој е вистинскиот, а на некои и не се ни знае точна година.
    Уште едно прашање, што треба да содржи анализата на извадоците од драмите? Парафразата знам дека е со други зборови да се каже извадокот, али не ми е јасно како треба да изгледа анализата.
    Фала многу однапред :)
     
  2. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Не мора точна година, најчесто се пишуваат вековите ако не ја знаеш точната година кога била напишана.А каква анализа?Да парафраза имаше на еден дел, ама анализа немаше?Знам само на извадокот што го дава за препознавање имаше една до две линии да ја напишеш темата на извадокот, за што се работи во него а други анализи немаше.Вака беше јас кога полагав, а сега ако има измени тоа нз :^)
     
    На Chocoholic.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Chocoholic.girl

    Chocoholic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    39
    Фала ти многу teddygirl :)
    Ни кажаа дека ќе има 3 извадока за препознавање и еден поголем дел за парафразирање и за анализа, само немаме вежбано како да ги пишуваме :/
     
  4. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Во тој големио дел прво ќе го парафразираш на нов англиски па потоа ќе анализираш што сака да кажи и за што е важен тој дел. Ајде со среќа се да напишеш :)
     
    На Chocoholic.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. evelyn993

    evelyn993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2011
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    314
    граматички категории што дава јованка најчесто на испит? :)
     
  6. invincible.06

    invincible.06 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    21
    Морфологија 2 што дава на испит??? :worried: ..некоја феминка што има искуство нека пише што дава за раскажување ?? хелп :(
     
  7. AngelAny

    AngelAny Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    1
    Да прашам на пр се запишувам Француски и книжевност, е сега дали може да се учи англиски како изборен? Учиш само како под Ц само , или можеш цел модул да земеш тоа нешто као втор јазик да ти биде?
     
  8. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Можеш само под ц, како избоен предмет да го учиш
     
  9. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    Како што ти пишала Теди, само што во конкретниов случај баш англиски не даваат да се одбере под Ц затоа што има многу студенти на кои им е прв јазик. Сличен е и случајот со италијански.
     
  10. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    Нели има две насоки-англиски јазик и книжевност и ПиТ.Зошто во насоката книжевност во втора година повторно имаш избор меѓу книжевност и Пит?Тие се насоки или како влијаат на дипломата?Мислам ако си избрал во прва книжевност во втора тоа не се важи?Го имаш изборот и на ПиТ во втора година?
    Дали има јазик под Б и Ц или тоа се само изборни предмети како Британска цивилизација?
     
  11. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.129
    Пол:
    Женски
    На англиски јазик и книзевност има наставна и преведувачка насока за кои се определуваш на крај на втора година. Преведувачка насока нема врска со ПиТ. Во дипломата ти стои Филолог по анг.јази книж. доколку дипломираш на преведувачка насока. Во тој случај си само преведувач, но не и толкувач. Тоа е тоа. Јазик Б и Ц има- во времето кога студирав јазик Ц се учеше прва и втора, јазик Б и трета.
     
  12. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    А дали и на ПиТ во втора година можеш да бираш меѓу книжевност и прведување?
     
  13. evelyn993

    evelyn993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2011
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    314
    мислам неможе, пошто таа катедра е сосем различна од англиски книжевност. :)
     
  14. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975

    Ама луѓе, па и вие ептен само на готово чекате. Како може на катедра за Превод и Толкување да бираш меѓу книжевност и преведување?? :roll: Па јас лани сите прирачници и веб-страници ги претресов, ако чекав од рекла-казала, тешко мене. Информирајте се малку, не е ова веќе средно, дајте поозбилност, за ваша иднина се работи. Мислам, ништо лично, ама... Кога ќе и отидете година на проф. по англиски, има косата да и се дигне ако ја прашате некое вакво прашање, мене ми се дигна сега косата. :^) Има страница на филолошки, има на катедра пит, погуглај, отиди до факултетот ако можеш прашај си... Не знам како се оставате само со советувања од други и читања по форуми. :x

    Со прашање дали на ПИТ има книжевност се докажува дека не ни знаеш што значи ПИТ, туку си чула од други, ПИТ, та ПИТ. А што, како, па гајле ти е, битно ти на ПИТ си. Епа пити не даваат таму. Сега сфаќам, нови сте во ова, збунети сте, но мора поозбилно да пристапите и да ја користите тимбата. :!:
     
    На 1zeki му/ѝ се допаѓа ова.
  15. evelyn993

    evelyn993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2011
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    314
    ^
    полека бе дузице, го исплаши девојчето :lol:
     
  16. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Ај некој ако полагал Лексикологија 2 нека каже каков бил испитот :) Полесен или потежок од Лексикологија 1?
     
  17. invincible.06

    invincible.06 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    21
    anyone??? helpp :sweat:
     
  18. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    24.008
    Пол:
    Женски
    Ќе ми каже ли некој кој е условот на факултетот за запишување во втора година?

    Јас мислам дека треба да имаш најмалку 8 положени испити за да фатиш услов за втора година, а колешкиве мои викаат немало врска и дека услов за во втора не постоел туку за упис во трета година требало цела прва да ти е чиста, а во четврта - цела втора да ти е исчистена... :?:

    Знае некој сигурно како е?
     
  19. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Нема услов ниту за една година :) Порано постоеле тие условите а сега без разлика дали ти се исчистени годините си продолжуваш напред, само што предметите што не ти се положени си ги презапишуваш :)
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  20. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    24.008
    Пол:
    Женски
    ^^
    А предметите кои треба да ги презапишеш, ги презапишуваш нив и плус новите предмети во зависност од тоа која година си, така?
    Ако разбрав добро.
    :?:
    Добро зарем не постои квадрирање повеќе, не ми е јасно?
    :^)