Нема повеќе квадрирање Да, ги презапишуваш нив и плус новите предмети што се од тој семестар, и можеш да запишиш до 40 кредити во еден семестар, а доколку имаш повеќе за презапишување тогаш ги презапишуваш старите а новите предмети ( од тој семестар што ти се ) ги оставаш за да ги запишиш во некој нареден Се надевам ме свати
^^ Да, те сфатив. Само во Правилникот на ФЛФ пишува дека можат да се презапишат вкупно 40 кредити само ако имаш просек минимум 8,5. Во случај на помал просек се презапишуваат вкупно 35 кредити (вклучувајќи ги и новите предмети кои прв пат се запишуваат). Еден предмет има 5 кредити, 6*5 = 30, фактички само 1 предмет можеш да презапишеш по логика дека сакаш сите 6 нови од семестар да ги полагаш. Друга работа сакав да те прашам поврзано со ова... Фактички, секоја година имаш право да слушаш предавање како да си по ред... втора, трета, четврта... без разлика колку предмети имаш заостанати, така?
esejskiot del...mozno e za prepositions, articles(zero indefinite ili definite), distributive pronouns, quantitative pronouns...inaku i jas polagam vo petok...pisi mi privatna pozz
Сакам да прашам нешто за презапишувањето предмети. До сега немам презапишувано дека бев старо ектс, ама од септември ќе морам (повторно сум 7 сем.) Гледам пишавте погоре дека треба 35 кр т.е 7 предмети со се тие од 7 сем. Е сега ме интересира, мора ли сите заостанати предмети да се презапишат или само тие што планираш да ги полагаш во 3те сесии? Пример јас ќе ги пополнам тие 35 кр со сите заостанати предмети, ама сакам да полагам и некои предмети од 7 сем, како Сај7, Методика бидејќи имам услов да ги полагам нив.
^^ Мислам дека иако имаш услов за САЈ 7 и Методика, мора најпрвин да се презапишат задолжителните предмети кои се заостанати (да се пополнат сите) , па задолжителни од редовниот нов семестар и на крајот изборните предмети.
Мораш прво да ги запишеш прво заостанатите предмети па потоа тие што идат од редовниот семестар и притоа првин се запишуваат задолжителните а потоа ако ти останат кредити се запишуваат изборните.Е сега ти напомена дека си 7ми семестар, значи си апсолвент, мислам дека апсолвентите ( барем так апрочитав на известување на студентски прашања) не с еограничени со кредити и дека можат да запишат колку што сакаат предмети, али за ова не сум сигурна и нема баш искуство затоа што сум трета година па најдобро ако има некој што е четврта нека објасни дали е тоа така
^ И доколку не ми останат кредити ќе треба да чекам до нареден зимски семестар за да ги запишам останатите, и во овие 3 сесии нема да можам да ги полагам тие предмети? А тоа за апсолвентите мислам дека беше така направено само за тие што сега завршија, дека беа последната генерација по старо ектс што студираа и тогаш прв пат презапишуваа предмети. Како и да е, фала и на двете за одговорите, ќе си почекам до септември за официјално соопштение од катедрата
Малку офф-топик, ама нели ви личи овој на сликата на Јованка? (ја имаше постирано Јипман во Модни критики, па мене ми заличи на неа )
Потсеќа малку де , ама мене дури и симпатична ми беше. Јас кога студирав Љупчо беше страшен, па таа кога ќе се појавеше покрај него, ко ангел да сме виделе.
И јас убаво поминав со неа, немам лоши зборови. Симпатична ми е и мене ама ми заличи малку со овој на сликава .
Здраво феминки Ќе може ли некој да ми каже кога треба да се завери семестарот и да се запише нареден? Прва година сум па немам баш искуство. Видов дека сега се пријавуваат испитите за август, но дали може да се завери сега семестарот дека ја исчистив годината? Фала многу
Во септември се заверува и запишува семестар. Ќе напишат тие на сајтот кога ќе има рокови за тоа. Секогаш е кон крајот на септември, после сесијата, за да можат и тие што полагале во таа сесија да исчистат испити и да заверат/запишат семестар.
Дали можам неискористена пријава од јуни да ја употребам за септемвриска сесија (да ја поправам само сесијата на пријавата) или морам нова пријава да носам во студентски?