Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Филолошки факултет - англиска катедра

Дискусија во 'Образование' започната од teddygirl, 11 август 2010.

  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Ништо, најверојатно ќе го земам, затоа што има и втор дел а јас на ПИТ сум и стварно ми треба предметов. Ќе ги предупредам сега дома. :lol:

    А Теди со уписите како оди? После 15ти се, така? :?:
     
  2. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    После 17ти :)
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Ќе може да ги плаќаш на рати речниците, без грижи :)
    А за уписите најверојатно како лани ќе биде: прво втора, па трета, па четврта.
     
  4. PortmaN

    PortmaN Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    6
    Луѓе да прашам како оди процедурата за презапишување на предмет? Дали точно 600 денари и дали треба на посебна сметка или на сметката за за партиципација? Фала... :)
     
  5. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    600 ден и на истата сметка од партиципацијата, само пишуваш презапишување на предмет ;)
     
  6. lanana

    lanana Активен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    4
    Девојки да ве замолам да ми одговорите нешто.
    Моментално сум 3та година на Ангиски ј. и книжевност , превод и толкување.
    Сега треба да запишувам 4та година, но ми имаат заостанато многу испити од 2 и од 3та заради некои лични проблеми, не ни ги пријавував за да ги полагам.
    Сакам да прашам дали може да пишам квадрат и да бидам повторно трета година, а не да ги презапишам предметите и да бидам 4та затоа што нема да можам да бидам во тек и така ќе ги изгубам сите години.
    :( Навистина не сакав да ми се случи ова, во прва година имав просек 9.0 но понатаму се ми одеше по надолна линија.
    Поздрав
     
  7. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Нема повеќе квадрати, сега само се презапишуваат предмети.Е сега нз како ќ ебид еоваа година, лани им имаа дозволено на 4та тие што беа да запишат колку што сакаат предмети и исто така и да полагаат по колку што сакаат предмети, не беа ограничени до 35.Се надеваме дека ќе биде и оваа година така па ќе можиме да презапишеме повеќе предмети ( читај поезија :lol: ) .После 17ти се ќе се знае, тогаш ќе истакнат на студентски што и како ќе биде.
     
  8. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Saniche19

    Saniche19 Активен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    10
    Здраво девојки... јас сум годинава бруцош на филолошки, поточно а ПИТ па ме интересира колку чинат книгите на ново за сите предмети и дали може истите да ги купиме на старо или да ги копираме? поздрав :)))
     
  10. molikaMk

    molikaMk Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    2.582
    Психологија што се учи во 3 семестар за наставна насока, предавањата се на англиски или?
     
  11. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    И Психологија и Педагогија се на Македонски
     
  12. lovely555

    lovely555 Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    3
    Ке може ли некој да ми каже што се уче по предметите Историја на англискиот јазик и Развојна психологија ????? Ве молам за помош затоа што утре ке запишувам семестар и незнам кои изборни да ги одберам. Поззззззз <333333
     
  13. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Колешки, како ви се допаѓаат новините во плаќањето? :x
    Машала, мора некако да се надокнади смалувањето на партиципацијата, малку пари им се иначе.

    Гледам многу бурно реагираат во групата на ФБ за ЕКТС служба, и донекаде ги сфаќам. На секој може да му се случи да му останат предмет, два, три, да треба да ги презапише, а сега, трт, ајде уште 20 евра плус минимум.. Уште од сега треба да почнам да тапкам пари ако во некој случај ми остане предмет да презапишам.

    Знаат ли бе тие од таму колку фамилии јадат леб и маргарин за децата да им се школуваат??

    Се е отидено јабана, сее!

    Инаку некоја прашуваше за книги на ПИТ, не купувај ништо, ќе ви кажат кога ќе почнете. Англиски комплетот е 1800 од Англиски центар, ама можеш и да копираш. Македонски ќе ти треба Граматиката (350 денари) и Правописот (200 денари), а во втор семестар и Правописниот речник (300 мислам е и овој). Германски ќе работите од скрипти. :)

    Другите предмети се изборни и тоа е различно од професор до професор.

    Мој совет е до сите што имаат можност да си купат оригинал книги, посебно тие како Граматика, Правопис и слично, тоа ќе ви служи и понатаму.
     
  14. Saniche19

    Saniche19 Активен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    10

    Ти благодарам многу за одвоеното време и одговорт. Инаку јас нема да учам германски туку француски... мене една девојка ми беше рекла дека кнгиите биле ненормално скапи и дека не давале ни на старо да се купуваат односно секоја година казувале различен автор. фалаа уште еднаш :)
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    Немам коментар за новостиве со плаќањето. Нема да коментирам за делот со презапишување на предмет зашто намерата им е очигледно ако не си го загрееш столчето да си платиш дебело, па ако не иде и да се откажеш. Истото можеше да се постигне и со зголемување на критериумите на пример, покорисно за сите би било ама ајт. Јас, како човек што со мерак си зема обавезно по 8 предмета у семестар зашто секогаш си наоѓам некој многу корисен нели, страшно сум изреволтирана од тоа да се плаќа по кредит. Се' уплескаа, па ајде сега и амбициозните да се скратат у корен. Договорите што ги потпишувавме пред 3 години изгледа важат за да се почитуваат само од наша страна. Ништо од делот дека државна квота е 200 евра, ако сакаш да учиш повеќе ке си платиш и над 250. Ах, тужна логико!
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. heartche

    heartche Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    26
    Колешки, ме интересира дали мора да се одбере од понудените предмети анализа и расказ или може некој друг предмет(пр. некој јазик)? Бидејќи сега по ново се плаќа за 7ми предмет, а сакам да си продолжам со француски ?
     
  17. madridistaa

    madridistaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    5
    Почитувани Студенти,

    на 17.09.2012 г. (понеделник) се организира прием на новозапишаните студенти. Приемот ќе се одржи во големиот амфитеатар во следниве термини:

    - Од 12.00 часот: студентите од сите катедри (освен од Катерата за англиски јазик и книжевност и од Катедрата за предвод и толкување)

    - Од 13.00 часот: студентите од од Катерата за англиски јазик и книжевност и од Катедрата за предвод и толкување

    каде се наоѓа тој голем амфитеатар :)
     
  18. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Поголема глупост од овие новостиве во плаќањето не можеа да направат. Се гледа дека само за да собираат пари е работава. Навистина е срамота.

    Туку, јас сакам да прашам нешто.
    Треба да извадам потврда за редовен студент. Јас завршив четврта, но немам уште дипломирано.
    Ме интересира дали дека сум апсолвент (немам повеќе предмети за слушање, не одам на факултет повеќе, имам само уште еден испит до дипломирање) ќе ми дадат потврда како редовен студент?
    Да не треба нешто поинаку да се направи, зашто до лани, за да можеме да земеме потврди мислам дека требаше да имаме запишано зимски семестар за новата учебна година, а јас дека немам што да запишувам повеќе... :?: ?
    А важно ми е да ги извадам потврдите пред да дипломирам.
     
  19. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    За да ги исполниш условите за втор модул, треба да земеш минимум 2 изборни предмети понудени во модулот од твојата катедра, а третиот може да биде и од друга, што значи можеш да си продолжиш со француски ако веќе имаш избрано два од твојата катедра :)
    Тоа е А3 и до него се стига на следниот начин: Кога ќе влезеш во зградата на факултетот ќе се качиш по скалите од десна страна и ќе одиш десно до крајот на ходникот. Од лева страна има само една врата и тоа е големиот амфитеатар :)
     
    На heartche му/ѝ се допаѓа ова.
  20. madridistaa

    madridistaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    5
    благодарам :)