Да прашам, значи сега треба да презапишам драма,па ќе треба ли да плаќам и за роман, поточно да го пишувам и во индекс??? оти ќе излезат 7 предмети т.е 35 кредита
Девојки, дали некоја ќе може убаво да ми објасни што се изучува Американски расказ и како изгледа испитот? Дали е обемно, има ли теорија или само расказите што се предвидени во програмата. Ви благодарам однапред
А може ли третиот изборен од модулот да не е ниту Американски расказ ниту Контрастивна анализа, туку нешто сосем трето, со оглед на тоа што само другите два изборни се обележани со ѕвездичка?
И мене истото ме интересира, иако веќе претходно ми одговори тука една колешка. Меѓутоа прашав и во ЕКТС и ја прашав и Билјана по САЈ и ми рекоа морало или анализа или расказ, не знам кај да се обратам за да дознам како е навистина?????
Да мора да изберете помеѓу контрастивна и расказ. И мора еден од овие два да го изучувате, што значи дека неможи да земете некој друг предмет на местото од овие.
Девојки при електронското запишување го нема психологија како предмет во англиска катедра, треба да го барам по другите катедри? А исто така сакав да прашам во втора година се изучува фонетика и фонологија на местото од морфологија?
Психологија ти е во останати..кај што бираш катедра англиска, француска последното пишува останати, таму ја има Психолохија(зимски). Сега во втора е фонетика и фонологија 1
Девојки, да ве прашам (посебно вие од постарите генерации)... Дали ако презапишам предмет (по втор пат, нели) ќе ми биде дозволено истиот да го полагам на колоквиуми (доколку има колоквиуми) ? Што викате, м ?
^ Да. Штом го презапишуваш треба да го слушаш повторно и целата постапка е како од почеток, така што доколку има колоквиуми по предметот ќе си го полагаш преку колоквиуми
^^ Супер, фала ти многу. А, дали знаеш дали навистина при полагање на Фонетика 1 нема услов да ти се положени двете Морфологии од претходно?
Девојки морфологија 2 можам да го пријавам и да го полагам сега во 3 семестар така( му доаѓа 3 сесија)??? или не ? дали е точно дека после три изминати сесии предмет од летен се полага само во нареден летен семестар или може и во зимски?
Морфологија 2 нема зошто да го пријавуваш сега, тој ти е од летен семестар и имаш уште една шанса за да го положиш од прво запишување. Нема врска, сите предмети се полагаат во сите сесии, зависи само за кој имаш услов од нив да го полагаш (во смисол да не си усовена со нешто претходно да немаш положено, ова пр.).
Точно е, баш пред некој ден и јас за тоа барав во прирачникот и пишува дека не е услов да ти се положени 2 морфологии
Ке може ли некој да ми објасни за првите 2 изборни предмети на оваа катедра, беа понудени 4 предмета (2 во прв, 2 за втор семестар ) како да ги изберам и дали ке мора да ги слушам и Лексичките категории и Британска цивилизација ?? Барав на сајтот ама не најдов подетални информации... Благодарам
Лексички категории и Британска цивилизација се изборни предмети понудени од катедрата во прв семестар кои подоцна во втор преминуваат во Граматички категории и Американска цивилизација. Можеш да ги одбереш, но и не мораш, можеш да си земеш некои други изборни од други катедри. Искрено јас ти ги препорачувам бидејќи многу ке ти помогнат за понатаму, а и не се воопшто тешки. И ако ги одбереш сега во прв семестар, не значи дека мора да продолжиш со нив и во втор.
2 предмета треба да одберам од оваа катедра, а 3тиот предмет од другите.. Е сега јас сакам Британската цивилизација да ја земам, ама изгледа немам друг избор за вториот изборен ( Лексички категории ) или се лажам ??
Јас искрено не ти ги препорачувам Лексички/Граматички категории, зашто многу колешки ми се жалеа дека заглавиле со него... бил многу тежок.