Зарем се сеуште таму Севда и Анита? Севда на времето беше срце невидено, не е строга, а сепак знае да научи. Анита пак е многу строга, кај нејзе треба да си ја заслужиш оцената. Некои мрчеа за нејзе дека била пристрасна, демек ако не си и симпатична нема шанси да поминеш на испит. Мене пак ми се виде како многу коректен човек. Ако знаеш - знаеш и толку, не му ја мислиш. За Елена веќе не ми ни текнува, одамна беше....а може и не ми предавала. Мене најмногу во сеќавање ми остана Елени Бужаровска.
Ако е на превод и толкување и ако и е прв англиски тогаш како втор може да ги бира германски или француски, не може албански. Плус, вториот јазик не се учи отпочеток, скоро е исто како првиот, се рачуна дека веќе си го знаеш. Јас сум трета на германски ПиТ, па тука сум да одговорам на прашања.
Јас сум 2ра година на оваа група и уште драма немам положено кај Кошка не па поезија прво ми е драма а тие што полагале поезија викаат тешко е за 1 поен не пуштал
Анита според мене е катастрофа.. Има знаење, ама со она нејзинино А? ме вадеше од такт.. И секогаш употребува некои архаични зборови. На испити кај неа е полесно од кај Севда. Севда е строга за оцени. Си бара знаење жената. пс. Таа Елена не ја знам
Здраво женски. Ќе ве молам некоја да ми одговори за англиска книжевност 1 поезија што има полагано. Што требаше на песните да се прави? Парафраза, анализа, што? И дали треба само дадените стихови да се парафразират или цела песна? Јас сум трета година и сега прв пат ќе полагам книжевност и заборавив што како требаше Фала многу однапред. Поздрав
Zdravo! Jas sum 4-ta godina i me interesira angliskiot. Prvo sakav da odam na PIT no nekako ne mi izgledase fiksno zaradi vtoriot jazik(francuski )pa sega mi treba nekoja dopolnitelna informacija za nastavnickata nasoka (ne bi pomislila na taa profesija no da se pomiram )no najmnogu me zagrizuva predmetot knizevnost neli dela na angliski poezii gluposti i tn. znam deka ke bide haos ali ke ve zamolam za help Thanks [mod-kirilica:3hbk68mi][/mod-kirilica:3hbk68mi]
Немораш да одиш на пит ако сакаш англиски превод, туку ке одиш на англиски јазик и книжевност и подоцна во втора година ке одбереше превод и толкување и немаш потреба од втор јазик а тоа за книжевноста е стварно тешко ја сеуште немам ни драма положено
Е тоа најмногу ме загрижува, книжевноста. Се уште не сум добро запознаена со се, туку прво матура, па да се запишам ,па здравје понатаму ќе видиме како ќе тераме
кошка и анчевски ти с епосебна приказна хехехе али се надевам дека на 15ти ке се видам во списоко кај Кошка на положени
Книжевност мора да се учи редовно или барем да се чита редовно откако ќе се земе лекцијата зашто е сложено, има многу писатели, дела и информации и мора задолжително да се оди на предавања зашто, најискрено, многу помагаат и полесно се учи кога еднаш веќе си го слушал и читал материјалот. Од сите по книжевност, досега само Анчевски знае да даде зафркнати прашања, па и да имаш се научено - знае да те изненади. Затоа мора да се оди на предавања и внимателно да се слуша, да се фаќаат белешки и да се чита редовно.
И јас се надевам за драма... самиот предмет Книжевност си бара познавање на вокабулар и константно учење. Сепак Кошка е мастер и уживав на нејзини предавања и вежби.
еј дечки ме интересира (пошто не сум уште студент) се изговара ли некој збор на македонски или се е англ.?????????????????????
^ Па... можам да кажам дека 99% од предавањата и вежбите се на англиски. Освен ако некој од професорите не каже нешто на македонски. Иначе се‘ е на англиски, книгите од кои учиме, се‘...
Значи АААААААААААААААААААААААААААА денес полагав Лексички и испитот беше: зошто да е едноставно кога може да е сложено? ете така! Толку.
Уффф сите се жалат од Јованка или како што си ја викаме ние Орлеанка хехе а јас кај неа баш убаво си поминав и на лексички и на граматички и тоа учев од белешки што си ги фаќав самата на нејзини предавања, а од тоа книгата воопшто затоа што според мене повеќе во неа пишува за другите јазици од колку за англискиот
Не е воопшто страшно, можеби првата недела ќе ти биди потешко но потоа ќе ти стане навика и кога некој од професорите ќе збори на Македонски ќе ти биде чудно А и поубаво е да се на англиски предавањата сепак англиски се студира а и си го збогатуваш речникот со нови зборови
Да, се во ред но кога ке помислиш дека во средно имаш професорка по англиски која не те научила ниту 2 значи ниту 2 збора и само со одење на курс те фаќа паника инаку многу го сакам јазиков
Ооофффф ако се запишеш ќе видиш во прва колку многу ќе има кои што појма немаат од англиски али одма после прва сесија ке се преполовите,ние бевме 40 во група па втор семестар го започнавме 25 и сега од 8 групи не направија 5, значи како поминуваат семестри се намалуваме. Тие што се со мали познавања сами ќе си се одкажат а ти ако си одела на курс сигурно имаш добра основа и нема потреба да се плашиш