Не е точно. Воопшто не е тежок, имаш 20 страни скрипта за испит, па види дали е тежок и ако одиш на предавања за еден ден ке го спремиш..али сето тоа е право на избор
Дали некој може да ми даде подетални информации во врска со изборниот Комуникација и реклама? Какви истражувања се прават?
Дали некоја од постарите колешки има искуство со професорите по шпански и чешки јазик? Сакам да изберам еден од нив и нз кој. За професорката по шпански имам слушнато дека држела предавања во 6 и не била добра. а за оваа по чешки нз. ПОМОш?
Лексички не е едноставен, ама не е тежок, особено ако одите редовно на предавања и ако ја слушате Јованка што предава. Исто, треба да си фаќате белешки од предавањата и задолжително да ги читате и учите лекциите редовно и ако не ви е нешто јасно обавезно да ја прашате неа да ви објасни. Треба да се потрудите за навистина да ги научите работите правилно бидејќи тие ви се подлога за Лексикологија во трета година и за дел од Синтакса во четврта, а и за другиве предмети ќе ви се најдат и ќе ви се разјаснат многу работи.
ми треба помош малку.. утре одам да запишувам 3 семестар и не ми е јасно со запишувањето предмети.од прв семестар ми останаа за презапишување 2.е сега,на интернет треба да се пријават сите предмети, и неположени од прв семестар и сите од трет, така? а кај стојче треба да се пријават само 7. не ми е јасно ич ич ич. па со плаќањето уште повеќе не ми е јасно. некои викаат 1200 за презапишување предмет, некои 600. ако има некој кој запишал и кој е слично вака како мене нека ми каже и нека ми пообјасни малку.
А кои други предмети би ми ги препорачале како за почеток... Сакам да ги одберам Британска цивилизација и шпански јазик... Помош за 3тиот предмет ???
Па обично земаат од македонска катедра што се со семинарска само агиологија, светска книжевност за деца( мал колоквиум и есеј), словенска митологија, дефендологија ( од филозофски факултет), култура на говор...
Агиологија било супер сум слушнала дека не се држело ни предавања точно е тоа?[/quote] Да да точно е.
Јас имав комуникација и реклама и прелесно е, само еднаш бев на предавање, давал професорот домашно ама јас немав однесено, на крајот имаше само една скрипта од околу 20-30 страни на македонски и имаше плус дел на српски и англиски, ние повеќето не го ни прочитавме тоа на српски а имаше две прашања на испитот од него, едното од памет го напишав другото го оставив празно и 9ка имав. Инаку ќе имаш едно прашање за некоја реклама да кажиш, да разработиш зошто е добра, кои се недостатоци и слично и според тоа што го имаш учено ќе пишуваш и другите прашања беа од тој делот на македонски од скриптата и лесни беа.
Не сум сигурна ама мислам дека е или од македонска книжевност и јужнословенски книжевности или македонски и јужнословенски јазици
Здраво колешки. Ме интересира дали предавањата Фонетика се исти како и предавањата Морфологија т.е. дали Јанева само го чита учебникот? Исто така, ме интересира предавањата по контрастивна анализа дали се многу напорни и дали бара редовност професорот? Фала многу
Шта речи, коју поруку послати? Со денови нерви си скинав, а дури сега, пред очи Божиќ ми текна дека има форум кај што може да прашам. Идиотка. Бетер изгубена сум од бруцош. Треба да запишувам трета, ама поради редици и редици проблеми и причини, ко Господ се имам појавувано на факс и имам положено само 2 предмети од трет семестар. Е сега, нели може до 35 кредити, па ќе може ли да си ги презапишам тие што ми заостанале (душа ќе ме боли за ѓавол ипол парите ) + нови од петти со “остатокот“ кредити, или треба некаков услов? Или јабана сум веќе? Да не ми се с’сне само Стојче за нешто да ми тупи, оти малку ќе ми фали да го исправам. И да, за промена на изборен се плаќа нешто плус, иде ко презапишување предмет или? Не знам, нисам паметна. Прва красно си ја средив, па немав мака, ама сега наебав. Инаку Чокохолик, да, исти се, Јанева ко Јанева, си чита, си се смешка и тоа е тоа. Контрастивна, ноуп, не е напорно. Редовност - мех, не. Ќе се појавиш чат-пат колку да те има на список, земи си само од речниците и чудата што ќе ги нуди Зозе и гајле немаш.
Ај збор-два за... доц. д-р Соња Витанова доц. д-р Румена Бужаровска м-р Зорица Трајкова д-р Анета Дучевска доц. д-р Орхидеја Шурбановска
Соња е супер. Спојлер Никој нема проблеми со неа. Има разбирање за се, можеш во секое време да и се обратиш и да ти помогне. На предавања е ок, си предава класично, таа зборува, вие пишувате (фаќате белешки ако сакате), ви ги прераскажува и обработува буквално цели дела и дури ви напоменува кои теми за есеј/кои извадоци/симболи итн. би можело да се паднат на испит, па тоа што ќе го нагласи како најважно скоро секогаш го дава на испит. И на испит е ок, можеш да ја прашаш ако не ти е нешто јасно и одоколу ќе те насочи, а и за оценки не е строга. Со неа имам само најпозитивно искуство. Румена ми нема предавано, Спојлер но имам слушано само пофални зборови за неа од колегите што слушаа Американска книжевност кај неа. Многу била солидна како професор, со многу знаење и не била претерано строга, баш ја испофалија. Сепак најдобро ќе ти каже некој што му има предавано. Орхидеја е ок, немавме проблеми. Спојлер Малку е досадно кај неа на предавања бидејќи слушавме во А3 и бевме многу студенти од многу катедри, па невозможно беше да слушаш. Па најчесто одевме само за да се потпишеме бидејќи бараше редовност. Се учи од едно мало книгиче и не е тежок материјалот. Таа бара набројувања, но не е тешко, а и лесно се наоѓаат прашања што се паднале. Можете да земете и семинарска за повисока оценка. Анета и Зорица не ми имаат предавано, а и не знам какви се, немам слушнато искуства за нив.