Колешки, може ли малку hints & tips за втора година проследени со некое советче? Ваши впечатоци во целост?
Мене ми предаваше Анета, малку застрашувачки делува (ок, малку повеќе ), ама дефинитивно мора да одиш на предавања ако сакаш висока оценка на испит. На предавањата убаво објаснува, ама затоа и испитите и се прилично тешки. И обавезно навремено земање оценки, си бара одговорност жената. Само да не ја фатиш во лош ден.
Португалски предава Анета Маневска. Жената е предобра и е тотално посветена. Предава убаво објаснува кога гледа дека не е јасно нешто и ако нема време да објасни на час задржува до после предавање да дообјасни. Бара редовност, активност и домашни. Јас зедов португалски и супер поминав.
лелеле фала ти мн. имаше вчера некоја презентација за предметот ама јас не можев да присуствувам... и планирма од понеделник да појдам да ја најдам проф и да ја прашам како што. инаку ни рекоа за изборните предмети да гледаме терминот да не ни се поклопувал со други предавања, како оди тоа? јас сакав шпански да изберам ама многу влечела таа проф. Огнена со години и години .... и не сакам некој да ме нервира ... и некоја информација повеќе за протугалски, ако го изберам у прв семестар мора у втор да го слушам?
Здраво колешки, сакам да прашам дали може да се замени изборен предмет или да не се полага? Покрај задолжителните и изборните предмети од наставна насока, земав и 7ми предмет од друга катедра (мислев дека ќе имам време да го учам, али ми се поклопуваат предавања и сега не знам дали ќе можам да го полагам,а прилично тежок предмет земав). Дали има шанси да се смени или може да не го полага, затоа што и онака ќе ги имам потребните 30 кредити, овој ми носи + поени што не ми се задолжителни. Не знам сега што да правам со предметов
Па ништо, прашај некој на студентски, плати некоја казна ако треба и нека ти го ,,чкртнат,, ако може така и готово. А зошто си зимаш плус предмети? Мислам, и мене ме интересираат некои други работи, ама ни на крај памет не ми е да земам уште некој плус покрај редовните... гледај тие положи си ги, оти па после нервози, гужви..
Па ме интересираше и мислев дека ќе имам време, али нема да имам се зезнав малце. Ќе одам утре на студентски да прашам Фала ти.
Симон не е лош, нити пак строг, само е досаден. Многу напнува. Не дава тешки испити/колоквиуми ама ако сакате повисока оценка треба редовно да ги предавате домашните, да бидете активни на час (да одговарате на прашањата што тој ги поставува од учебникот) и да изработите семинарска, макар и тогаш знае да те зафркне и да ти пише пониска. Редовност бараше ама можеше и некој друг да те потпише. Ние држевме сите групи заедно во еден од малите амфитеатри па не беше проблем тоа. Дали знаете во кои денови имаат предавања Кошка, Витанова и Елени? Бидејќи термините за консултации не се уште објавени.
Супер. Не е воопшто тежок материјалот, всушност нам веќе ни е познат од претходните години што учевме по многу предмети, сега само е проширен, подетален, но не е воопшто тежок. Предавањата и вежбите ќе ви бидат како релаксација со Елени, баш е опуштена и фина. Треба само редовно да одите на предавања и вежби зашто таа некогаш (скоро секогаш) ги упростува работите од учебникот. Таму обично е пишувано многу опширно, па таа ни ги кажува на поедноставен начин за подобро да ги запомниме. Лекциите убаво е редовно да си ги читате за да ви биде појасно. Некогаш може материјалот на предавање да ви изгледа измешан и непознат (особено кога ќе учите за глаголи), но со читање на белешките и лекцијата се ќе се среди. Редовност не бара, пушта списоци само заради евиденција која и ја бараат од Деканат, но сака да работи со луѓе кои навистина сакаат да научат, а не да се замара со некои што се одени само за да се потпишат на список. Ако имате нешто нејасно обавезно да ја прашате, ќе ви објасни. За учење, бара да ги разберете работите, не на памет, туку вистински, макар и на најпрост начин и да ги знаете засекогаш. Таа бара знаење, разбирање и логика - и на час и на испит. Е сега, на испит е малку посложено. Форматот на испитот е посложен. Има многу прашања и измешани се т.е. не се давани од лекциите по ред, туку произволно од секаде. Ги дава најглавните/најважните работи и да ги напишете онака како што вие ги разбирате, со свои зборови. Оценки дава повисоки, скоро повеќето имавме високи кај неа. Лесно е, без гајле .
Дали таа што е како работна по САЈ 3 (CAE gold plus) би можела да ја копирам бидејќи професорката рече дека не е задолжителна за купување ама не знам за копија да не ми прави проблем (конкретно проф. Зорица) ,а не би можела да дадам толку пари сега за неа, а би сакала да ј а имам???
^ Мешани се. Има околу 20-тина блиц прашања -со дополнување/краток одговор. Потоа има неколку дадени реченици како примери и треба да се каже за што станува збор/кој процес е даден/што покажуваат тие реченици и на крајот има неколку „есејски“ прашања и треба со 3-4 реченици да се објаснат и да се даде пример. Најважно е да одговарате со свои зборови. Инаку, Елени секогаш на предавања (особено на последното предавање пред испит) кажува отприлика на што да се обрне внимание и што би се паднало на испит и тоа го дава.
Може некоја да ми каже колку предмети имате во прва година и по колку часови, на кратко што се учи по тие предмети и по колку страни материјал имате? Јас сум на ФОН на факултетот за применети странски јазици и би сакала да направам некаква компарација помеѓу тоа што ние тука го изучуваме и вие.
Во прва година учевме САЈ (современ англиски јазик) и го учевме англискиот јазик во современата употреба - фрази и изрази што се користат денес, граматика, културолошки работи и сл. Тоа е слично како што учевме по англиски во средно. Имавме и морфологија, учевме за времиња, пасив, зборовни групи и сл. По книжевност имавме драма и поезија. По драма учевме за драмата во Ренесансата/во времето на Елизабета Прва, Џејмс, за Каролинската драма, читавме драми од тој период, учевме за изгледот на театрите од тоа време, како се изведувале првите драми и сл. По поезија учевме за поезијата од Medieval Times, за Чосер, Милтон, Поуп, за метафизичарите, читавме и обработувавме песни и дела од нив и од други писатели од различни периоди, имавме и некои текстови како легенди, мислам дека имаше некои и од времето на Келтите. Изборни предмети ни беа Лексички/Граматички категории и Американска/Британска цивилизација. По првите учевме пак за зборовние групи, за нивните сличности, разлики и карактеристики, нивно поклопување како категории, за реченици/дел-реченици и нивната функција итн. По цивилазициите учевме за историјата на Америка и Британија.
Значи доста слично е, само што ние немаме драма и поезија, туку македонски јазик кој е задолжителен како и САЈ, морфологија и британска/американска цивилизација, а изборни ни се втор јазик и трет јазик/историја на цивилизација/спорт. Баш штета за поезијата и драмата. Би сакала и тоа да учам..