Историја - 14.11.2012 - првите 3 поглавја сигурно; за 4тото не знам, ако го работиме следнава недела, сигурно и тоа ќе биде Методика - 15.11.2012 - Chapters 2, 3, & 5 (се полага во истиот термин што е одреден за предавањата)
Здраво девојки, јас во понеделник полагам морфологија за articles, nouns i adjectives (прва година сум), па ако има некоја што е „заљубена“ во предметов или добро ги владее овие работи, би и била навистина благодарна доколку ми се обрати во инбокс и ми помогне со потешкотиите.
Дали можи некој да ми кажи доколку не присуствуваш редовно на предавањата историја на англискиот јазик и методика, дали ќе можи да се полага на колоквиум? Дали има некој од постарите генерации да ми кажи дали има шанси да го избрка студентот од колоквиум поради таа причина (значи доколку оди да полага а нема присуствувано на час).
да ве прашам тие шо имате полагано психологија, каков е испитот, дали е тежок, што бара проф.? мислам дали бара се во детали (за кај Орхидеја зборувам), оти во книгата има мнооогу глупости , па неможи све она да се запомни фала однапред.
^^ Ај нека каже некој од постарите генерации дали е строга Орхидеја за оценување и каков е колоквиумот... Има ли многу за раскажување или повеќе детали се бараат?
нели кажа дека само на заокружување и на дополнување ке има??? ајде сепак нека каже некој од постарите
Нема за раскажување значи прашањата се на дополнување или на заокружување, а имаше и да наброиме некои поделби, ама сепак ако немаш добро научено не е баш лесно, оти иако имаше некои поважни работи имаше и некои работи кои не би ги знаеле и би ги оставиле, бидејќи би сметале дека не се важни, а всушност се можи да ви се падни. За оценување беше океј.. фина е многу
И за Елена и за сите други, првиот колоквиум по САЈ 3 се состои од: 1. Dictation 2. Translation into Macedonian 3. Reading comprehension 4. Open-cloze test 5. Word formation Од сите по една, вкупно 5 вежби.
Девојки, вие што сте четврта година, дали знаете во кои денови, освен во петок, можам да ја најдам проф. Анжела на факултет? Знам дека има предавања и консултации во петок, а во среда/четврток е на хоспитации, па ме интересира дали доаѓа во другиве денови.
Женски ,да ве прашам .дали кога ќе се запишува трета година, ако имаш заостанат испит од прва година, дирекно те префрлаат од државна на приватна квота???? така слушнав, ама дали е тоа точно ? фала.
Сакам да прашам дали овде има некој кој што оди на филолошкиот факултет (англиска катедра) во Штип? Што и како е со приемните испити? Како се одржуваат предавањата? Сите предавања на англиски ли се? Тешко ли е многу? Кои се основните работи кои што треба да се знаат од англискиот за да може да се заврши факултетот? Ве молам некој нека одговори и нека ми објасни , навистина сакам да се информирам подобро.. Инаку 3та година сум.
Да ве прашам јануарската испитна сесија од кој до кој датум трае и да не знаете како ќе бидеме распределени по декади? Фала многу однапред
Почнува од 8ми Јануар и трае до 8ми идниот месец.Првите 15 дена се парните предмети а наредните 15 дена непарните