дали некој има вадено уверение за положени предмети од студентски да ми каже што, како треба да правам, колку ќе ме кошта сето тоа и дали ќе треба многу да чекам?
Некој ако може да пише што кажала Јанева за Фонетика 1 што да се учи и на што да се обрне повеќе внимание?
^^ ФОНЕТИКА 1, за учење следново: Делот каде што почнува теоријата, некаде на средина на книгата: од 1 до 101 страна (со исклучок на првата лекција која НЕ ТРЕБА да се учи) *Побитни лекции на кои треба да се научат: 1 до 19 стр; сите дифтонзи и самогласки *Од почеток од хендаутите треба да научат: 5a, 13c, 16a, 15a, 20b
ај ако може некој да кажи каква е Маџар во оценувањето, ние сега ќе полагаме сај 5, па дали е лесен тестот, дали е строга при оценувањето или?
Девојки,сакам да замолам која има дипломирано,насока превод и толкување да ми пише ЛП,ми треба инфо,кое не го знаат од студентски
Да ми помогне некој.. Што е подобро наставна или преведувачка насока? Дали со наставна можеш да бидеш преведувач и обратно?
Што се паѓа на испитот Фонетика 1 во делот за есеј и обично какви прашања паѓаат во делот за заокружување? Роман некои теми за есеј или прашања ако може да споделите и контрастивна ако има некои прашања?? Благодарам однапред
Јас кога полагав фонетика немаше есејски дел а на заокружување имаше да го препознаеш " натрапникот " во дефинициите ( во смисла која епогрешна), потоа имаше која буква како се изговара,имаше транскрипција, ни читаше 5 зборови, имаше и за органите по некоја дефиниција- од 4ри дадени да заокружиш и внимавај на тоа сите се исти само едно зборче се разликува.За роман незнам прашања но во глобала е мн лесно и романите одма се препознаваат оти во самиот дел се спомнува името на романот Контрастивна дава 20 идиоми.10 од мак на анг и 10 обратно.Теоријата е цела споредба помеѓу двата јазици.Знам имаше видови на множина во мак. јазик, како се прави минато време во мак. јазик ( наставките на глаголот што се даваат).Мој совет ти е кога ќе учиш, учи ги и наставките а не ко мене да ги прескокнуваш али во глобала лесен е испитот затоа што можете едни со други да си помагате и ретко кој паднал кај Зозе Со среќа на испитиве
Сакам да прашам дали ако не запишеш година, т.е. ако сакаш да паузираш, дали има некакви последици, дали се плаќа казна?
Колешки да ве прашам, контрастивна кај Зозе како поминавте и како учевте? Дека сите ми викаат било лесно, али не знам како да се спремам и дали да се спреам воопшто
Здраво на сите.Ссакам да прашам во врска со испитот по роман,Дали може некој да ми каже од каде да учам теорија и за извадоците од романите, дали лесно се препознаваат , и како треба да ги парафразираме? И за есејот што теми се паѓаат? Ви благодарам однапред бидејќи навистина немам ни идејаа што да учам , а само 2 романи имам прочитано
И за ак-3 и ак-6 треба да одиш на предавања за да фаќаш белешки, од тоа сите учат! Истото важи и за вежби, таму детално се разработуваат сите извадоци од лектирите. Гледај некој да ти даде белешки. Кажи ми што ќе полагаш, па ќе ти кажам теми за есеј.
Ајде со ред The theme of colonialism in Robinson Crusoe from another point of view (compare the theme advocated in Crusoe and as rejected in Gulliver's Travels Ideal society in Gulliver's Travels Clash between the Normans and the Anglo-Saxons in Ivanhoe; The theme of cohabitation in Ivanhoe Social mobility in Pride and Prejudice За Vanity Fair немам некоја тема запишано, ама може да се каже пак social theme: social mobility/climbing Great Expectations - a novel of maturation and personal growth; a social critique of the upper class Gender and inequality in Jane Eyre За Wuthering Heights не ми текнува како точно гласеше темата, знам само дека беше за ликот на Heathcliff Ете така. Се надевам ќе ти помогне ова. Good luck!