Тии благодарам многу ! секако дека помогна, а со прочитани романи само од Sparknotes , дали ќе успеам да положам ?
Ќе може ли некој да ми каже како изгледа испитот лексикологија 1 и на што највеќе да се обрне внимание?
Здраво колешки Ајде некоја нека каже за испитот Синтакса 1 кај Елени како изгледа? Дали има многу теорија и што најчесто дава? Дали делот со вежби е со дадени реченици па да се направи анализа? Исто и за материјали за учење, од каде е најдобро да се учи, имаме две книги и едната (помалата) требало цела, а 200 страни е и плус делови од големата. Нека каже некој било каква информација! Благодарам
Јас до сега не сум одела на испит или колоквиум без претходно убаво да ги прочитам романите НО има доста колеги што викаат дека поминуваат само со sparknotes, така што ако немаш време да ги прочиташ мислам дека ќе ти заврши работа
Како што ми кажуваа, немало многу теорија. Имало кратки прашања на дополнување така нешто, но повеќе имало вежби т.е. фрази и реченици за анализирање. Според мене најубаво е од белешки од предавање да се учи затоа што многу пати ни има напоменато дека не се согласува со некои термини од учебникот. И хендаутите од вежбите се многу важни плус има и теорија во нив. Ај сега нека каже некоја добра душа што отприлика се паѓа на ак-7, ако не друго барем теми за есеј
Ај ве молам некој нека ми објасни нешто подетално за Контрастивна анализа 1. Сите викаат лесно, лесно, а никој не кажува на што да се обрне внимание. Ако има некој што има висока оценка контрастивна најљубезно го замолувам да ми објасни што треба да учам од таа глупава граматика и од тие листови со 35786 терминиии.. И дали има нешто дополнитело за учење или само тоа е? Thanks in advance
^ Не треба ништо друго, доволно ти е да ги научиш поимите и да ја поминеш квалитетно граматиката. Лесно е ако си научиш или ако имаш од каде да препишеш зашто страшно многу се препишува. Прашањата како прашања не се баш гола вода, ама најинтересно е што Зозе најчесто и не им дава најголема важност на бодовите од испит, па ако си била редовна (а некогаш и без тоа) може да ти стави 9ка и со 70 бода да речеме
девојкииии! многу ме плаши фонетика 1 испитот.. бидејки има мнооооогу за памтење а и + Ани ни вика дека ептен ќе биле слични прашањата точно е тоа или само безпотребно не плашат... совет од постарите и воедно поискусните ???
Пробај да ги најдеш од претходните генерации колоквиумите, бидејќи секогаш ги дава истите колоквиуми од генерација на генерација
Драги Феминки, нова сум на форумов и премногу страни има за да го најдам тоа што ме интересира. Ќе сака ли некој да ми каже што дава Марија Јанева на испитот Фонетика 1? Знам дека порано имало колоквиуми, меѓутоа сега вака излезе и ќе имаме само испит. Ви благодарам однапред
Абе овој тест имат прашања што немет врска со то шо го учевме ни со зборчињана ни со граматикана.. овој тест ке ни е сигурно или постојт некој друг шо ќе одговарат на то шо го поминавме?
девојкиииии please искуства со ФОНЕТИКА 1 ? лесно тешко? на што треба да се обрне повеќе внимание???? :geek:
Вака значи... Читам и слушам цело време дека Контрастивна анализа 1 кај Зозе се препишувало многу..ама бидејќи не сум експерт во тоа поле , ме интересира како го изведувате вие тоа? Правите мали ливчиња и од граматиката и од идиомите работени на час? Друго ништо? Дали можеби може без ливчиња да се препише, т.е директно од скриптите и книгата ? Фала ви однапред
Да, и ја сум на истата мака со дамава. Уште немам почнато да учам, планирам од денеска, ај Граматиката нема проблем, ама поимите што да им правам бе луѓе, кај да ги ставам за препишување? Да ги смалам нема ништо да се гледа, а да земам да везам ливчиња со преку илјада поими... :geek:
Леле кога ќе ми текне И јас се плашев на почеток (читај првиот колоквиум или кецот, не се сеќавам веќе), како тоа јас ќе препишувам, па ќе ме фатат, па триста филмови...сега кога ми текнува си пукам од смешки, кои деца... Ние полагавме да не претерам, ама едно 150 луѓе во амфитеатар...и немаше (ова буквално) еден што не препишуваше. Оние похрабрите одеа директно со книги, скрипти, тетратки и слично, а ние другите посмотаните со свои „подмукли“ начини. Јас конкретно немав проблем со граматиката, ама идиомите - што е многу многу е, плус многу му се медиевал, застарени, аут од употреба, непотребни....фино лепо се прават со мал фонт на компјутер, се принтаат, ќе ги изрежеш и на суќна (фустан) Ги изрежав нешто во стил на вертикални колони, двострано принтани. Носев суќна, поширока, нешто у стил на ламбада (не ми текнува како се викаа тие модели, на фалти ако ви текнува) и горниот дел од ливчињата го залепив од внатрешната страна. Пазете на двостраното принтање, треба да биде во различни насоки за да биде полесно за читање кога ќе го дигнеш ливчето И ако ги прекрстиш нозете ливчињата ти се доста блиско до лицето, такашто се чита, немате гајле. Ама објаснив... А за граматиката (додуша и за идиомите), не ви треба препишување, он ги дава исклучиво примерите наведени во тоа неговата мини-граматика. Тие се мутави, дотолку мутави што треба да си дебилче да не ги запамтиш И не му се секирајте воопшто, само бидете смирени и ладнокрвни, он не се замара ама ич, еден-двајца ќе посочи секако дека ги фатил како препишуваат, ама тоа обично се некои побезобразни (читај арогантни) што му фатиле око на предавање. Знае дека сите други препишуваат, ама не обраќа внимание. Нема некој што не препишал кај него, немате гајле. Гуд лак женски