Најверојатно јас ќе ги сликам идиомите, и преку телефон ќе пробам да ги видам... Само немам мемориска, а 8 вакви листови имаме, по 4-5 страни, мама миа. Ама искрено не гледам поента во тоа што по правило треба да се учат идиомиве, фала Богу ако ми треба некој да видам, ќе си отворам речник, нема да се мислам кај Зозе на час како ни кажал. Знам дека се препишувало, ама ете, јас сум смотанка за препишување, не знам баш како ќе се снајдам. :geek:
Спојлер Епа фала ти најмногу за деталниот одговор, се надевам и ние ќе ја имаме таа среќа... Поздрав !
Има некој нешто поопширно за поемата Beowulf најдено на интернет? Мислам нешто во вид на текст, опишување на структура, таква работа?
Znaci gledam deka site prasuvate za kontrastivna, ne panicete bidejki nema polesen ispit od neg. Site sedevme eden do drug i isto kako da ne polagame, zboruvavme glasno itn zatoa uzivajte.
Планирам да се запишам на катедрата Англиски јазик и книжевност, па ќе може ли некој да ми каже дали е тешко,кои предмети се учат,како со професорите, усно и писмено полагање и сличноо....фала ви однапред )
Ајде еве ја ќе се обидам. За тешко, ништо не е тешко ако си учиш всушност не е тешко и да не учиш баш многу, не е медицина или ФЕИТ (ако ми ја сфаќаш поентата). Од предмети во прва имаш САЈ, морфологија и книжевност (драма и поезија) другите три се изборни и не мора да ти бидат од англиска катедра. Исто и натаму тоа ти се трите главни предмети (САЈ, граматика и книжевност). Е сега секој со своето искуство, ама според мене професорите се прва лига, фини, стручни... Се жалат најмногу од Анчевски (поезија), ама човекот си нема маана, ќе си научиш, ќе си положиш. Усно се полага само САЈ, понекогаш поезија ако си на граница за положување и понекогаш фонетика (тоа во втора година) и тоа е приближно. Инаку не сакам да ти влијаам на изборот, ама морам да ти кажам дека кога јас би се вратила две години поназад не би се запишала на факултетов. Има многу кадар, а се помалку работни места. Сепак ако си имаш желба, занемари го моето мислење. Никогаш не се знае како ќе ти се посреќи. Се надевам дека помогнав.
Што беше денеск ова кај Зозе, жити се. Ама Анчевски убаво ни го стресе газот кога мислевме дека он ќе не чува, како попарени сите, накиснатки, наврнатки... Па и тој па, ако ве фанам со мобилен, со ливчиња, право надвор, казна три сесии, вака така... Половина пребледоа. И како најголем мадафакр не испотресе и си испадна, секоја чест. После Зозе кога влезе таму доле во ќошот раци му чукаа, се изнасмеав. Стопати не опомена нас , ние океј си работевме, онака книгички, ливчиња, скриптички, мирни, тивки, еден колега учтиво скрипта си листаше... Отпозади се дереа по нас, му скисна едно време, рече први сте на список за излегување. Ама па ептен тутурутки па стварно, ем знаат како е на испит, ем па дошле со раци во џеб, ами и да препишуваш треба да знаеш кое каде е...
Hahahahha moram da se soglasam so ova, jas sum edna od onie sto prebledea koga go vidoa Anchevski tamu. Si imav spremeno i listovi za prepisuvanje i se, i koga go vidov gi ostaviv, i pak na kraj se sama so svoi zborovi napisav, zasto koleskata do mene ne mozese da se snajde na nejzinite livcinja i dali 7-8 frazi prepisavme
На роман кај Витанова е исто како и на другите книжевности, дава 2-3 мин. да видиш и ако не знаеш може да си излезеш, без да и даваш пријава???
ај ако му текнува на некој за роман, големиот извадок што се паѓа, освен делот со јајцето од Гуливер, и за Робинсон, значи освен овие, дали од прилика знаете што друго би можело да се падни.
Како треба да изгледа есејот за роман? Исто како драма со 5 параграфа? Ако може нешто повеќе за есејот ?
Што се тресете со оваа контрастивна незнам, туку оваа книжевност кај Анчевски мене душата ми ја извади, се надевам сега после толку напор, толку денови неспиење и немир во душата конечно ке го положам оти стварно сакам да дипломирам аман!
Дечки, како е со Педагогија во втора? Кој предава обично и како оди со предметов, нека каже некој од постарите генерации...
When he is sick and he is hallucinating. Тогаш му се обраќа на Господ, има некакво epiphany. Педагогија, многу лесно, мислам дека дава по 15 прашања на колоквиум на заокружување се сите. Така да мислам дека со тоа нема да имате проблеми.
Може некој да ми каже што најчесто се паѓа за препознавање, тој голем дел за парафраза, од коi романi? за АК 3 - роман
Со оглед на фактот дека сум „скарана“ со математиката многу врати ми се затвараат и ми преостанува англискиот јазик кој ми лежи и го сакам и изгледа тоа ќе биде мојот избор.Здравје има време до уписите Ти Благодарам многу!