Феминизам е најглавната тема воопшто, обрни внимание на женските ликови и нивните специфики (како се однесуваат со општеството и мажите). За парафраза паѓаат мислам 5 делчиња, најчесто оние кои сте ги обработувале на вежби или предавања. Имињата на ликовите се со иницијали. Лесни се за парафраза, на некој начин треба да се раскаже само делот даден, нормално да го наведиш контектот и причината за тоа.
сакав да ве прашам за АК 3 (РОМАН) тие препознавањата може да се паднат некои со ги работиме на вежби?? бидејќи професорката реце демек дека тие не се паѓале? инаце лесно се препознаваат??? helpppp!
Дечкиии може ли да си излезеш од роман ако не си спремен? Да влезеш само колку да ги видиш прашањата, како кај Анчевски и Кошка?
значи деловите кои ви ги даваше професорката на час, оние кои ги има на страната на фб, не се паѓаат на испит. Деловите кои ќе бидат дадени на испит се други, но сепак лесно се препознаваат, бидејќи сепак имате иницијали, а воедно и од контекстот ќе можете да одредите. Јас кога полагав ми се падна делот со јајцето значи од Гуливер, ама еве ако прочиташ погоре ќе видиш дека се паднал и дел од Робинсон, после бурата одкако му доаѓа ангелот и веќе се му станува јасно. Значи лани кога полагавме во Јануари, се падна делот со јајцето, и потоа повторно во мај го даде истиот тест. Во септември се падна ова од Робинсон. Good luck
Дечки да не знае некој што прашува фонетика 1 на усно? И зошто воопшто некој оставила на усно? Ме има оставено на усно а баш бев задоволна од напишаното...
мене многу ме интересира, за вие што сте од постарите години, дали и вие кога запишувавте предмети ги запишувавте првен задолжителните од претходните години, па изборните од претходните години па тек после задолжителните од тековната година па изборните? некако ми нема смисла вака. еве ја неам положено поезија а го запишувам роман иако не можам да го полагам. ептен е безврска кога на местото на роман можам да запишам изборен и да си го положам.
Да да и ние така си запишуваме.Мене поезија 4 не ми е положено па сега книж. 8 морам да запишам.Знам дека нема логика али така паѓаат пари во касата на факултетот.
Професорката е топ. Воопшто не се замарај, многу лесно ќе поминеш кај неа. Само предметот мене ми беше тупење мозок.
Дека лесно се поминува, тоа е точно. Ама професорката мене воопшто не ми беше ТОП. Многу антипатично суштество, „крената“, носот в облаци, релативно нељубезна. Сигурно ќе ви спомнат да ја купите таа книгата нејзина, оригиналот, не копија, демек ако го немаш оригиналот, нема да добиеш оцена Глупости. Јас се излажав и го купив, за џабе! Така што не го купувај. По секако не е огромна разлика меѓу оригиналот и копираната скрипта - само корицата.
Дечки се трудиме да добиеме казнена сесија па дај сите заедно да се собереме Скоро сите студенти од 4та год се потпишаа но сеуште имаме малку потписи, па затоа добив идеја да поставам тука линк па да можат и од другите генерации да се потпишат со име презиме и бр на индекс. Еве ќе ви го постирам и линкот на една од групите каде што можете да се потпишувате http://www.facebook.com/groups/12558844 ... p_activity
Teddygirl Баш убаво што ти текнало да пишеш тука, и да, малку потписи а толку многу студенти. И што е условот за да ја дозволат таа казнена сесија? Бројот на потписи? Јас кога полагав немаше усно за фонетика 1, туку само за фонетика 2. Но како и да е, сигурно ќе биде нешто од материјалот
Па да бројот на потписи.Инаку од Понеделник натаму ќе се остави и список во библиотека па сите што немаат нет или од другиве генерации ќе можат и таму да се потпишат
Девојки, дали ке може некоја да ми каже што му значи на Зозе тоа што на списокот не ми напишал поени? Можно ли е да значи дека имам паднато? Ми рекоа дека ме има на списокот, но заедно со неколкумина немаме поени. Баш би било жално да паднам, кога имам и семинарска и речници купено. А на испитот ја заборавив пријавата, ама му ја однесов подоцна, да не е можеби и тоа, да не ми ја има зафрлено некаде ? Баш се секирам. Ве молам оправете ме. Фала многу П.С. Една другарка се грижи дека има малку поени, има 55, што му значи тоа и дали тие поени РАСТАТ со тие речници и семинарски ?
A dali mozebi nekoj gi ima slikano rezultatite po Kontrastivna, pa da stavi slika ovde za da vidime ?
Pa ne znam dali voopsto i mnogumina znaat deka ima rezultati. Utre mislam deka ke dava ocenki od 9:40 ..
Значи мислам дека нема некој кој ќе каже лош збор за Румена. Ме фасцинира жената, и е една од ретките професори кои ќе те натераат да уживаш на час. Англискиот и е совршен, има многу знаење и сигурно многу ќе научете. На мојата листа на најдобри професори, дефинитивно влегува во првите 5