Ехе - се‘ се учи со време Ако не ни се напрегнат ушите и меморијата - како ќе научиме вокабулар? Со голтање речник секако не ) Вака и подобро е, секој час е вежба. And when I'll became a real teacher - ќе ги терам учениците за з б о р у в а а т!
Еден другар сака да се запише па ме прашуваше во врска со вториот јазик.Тој сакам англиски и како втор, дека во средно француски учиме треба француски да избере.Го интересира за вториот јазик дали се почнува малку од поосновно ниво, или дирекно се продолжува од таму кај што сме застанале во средно Дека не му иде него многу француски, односно има испуштено доста а англиски е доста солиден?Е сега едни велат вториот јазик од почеток се почнува, други велат се продолжува.Не буквално од почеток да се учи азбука, ама отприлика до кој степен е тежината на вториот јазик? Енибоди
when I'll became ---добро ти си ја ставила во future tense али ја ќе си ја ставам во conditional оти заради онаа кошка уште неможам да си ја исчистам прва
Ние втор јазик неможевме да избираме т.е. неможевме под б можеше под ц да се учи како странски јазик и тогаш се учи од основно ниво и нема врска со тоа кој јазик си учел во средно
Ако се запише на анг. јазик и книевност, не на ПИТ, вториот јазик може да го земе под Б ( како втор јазик и да го учи исто како и првиот, иста е тежината, само со некој предмет помалку) или под Ц ( се учи како на курс, граматика, вокабулар, не во најситни детали). Некои колеги од мојава генерација што слушаа француски велеа дека учеле од книгата од средно, Taxi се викаше, и мислам дека од почеток почнуваа
Значи гледам оваа Кошка и Анчевски ке да се страв и трепет за студентите така да тешко ке биде со нив
Тоа е Јованка. Исто како лексички беше и граматички. Најмногу се нервирав кога ќе видев discuss between едно и друго или некои реченици не знам од каде ископани. Сега, пак, во трета, лексикологија не беше тешко, дали Јованка прво сака убаво да не измачи во прва, па после да ни е полесно во трета или нешто друго е работава, не знам
Ах, да и други ми спомнаа за добрите последици од овој предмет. Ќе бидам Hopeful како тебе за да положам Teddybear, ах кај спомна драма... Се надевам дека и тоа ќе поминеееееееее
Леле... драма, лексички.... едвај чекам да објават резултати. А Хоупфул, морам да те корегирам: ПОВЕЌЕ НЕ ПОСТОИ избор на јазик под Б. Може само под Ц. Фактички како изборен предмет би ти дошло тоа.
А знаете ли дека драма ке има резултати дури на 15ти фебруар???? Се чудам како не можела подоцна да ги објави цццц ке заборавиме дека полагавме дури да објави таа резултати а ако чекате резултати од фонетика 1 утре ке објавела ани на сајтот кога к еима резултати- сега само со ми пиша на фб btw резултатите вели дека биле брилијантни
^ Стварно е доцна, али треба време да се прегледаат сите тестови. Сепак, не се само обични прашања. Треба и есеите убаво да ги исчита.
да да мора да ги чита добро тестовите сепак есеите носат 40 поени мора на нив да посвети внимание али ајде ќе дојди и 15ти нас не ни се брза само нека не има на листата на положени
Иначе има објавено распореди за летниов семестар и за оние кои се прва година да кажам дека е скроз исти со распоредот од претходниот семестар. Скоро и да нема измени.
И јас исто и си испаднав по 15минути оти секако повеќето прашања не ги знаев а таа сака се да имаш напишано
А знаете дека денес од 11 и утре од 11 часот Зозе дели одцени за Контрастивна анализа 1? И btw сите имаат високи одцени. Дава по 10 поени за присуство и 15 мислам за семинарска ако имаш. Појдете денес или утре и тоа лично затоа што ако не си лично појден не ги дава поените од семинарска и присуство туку пишува одцена само со поените што ги имаш на испитот добиено.
Значи ова Стојчево на студентски што ни е заслужува споменик на влезот од факултетот. Ако тој не ти го направи денот „специфичен“, нема кој!!!
Леле, колешке, ако полагаш Контрастивна значи си четврта година, така? Тоа подразбира дека си полагала Современ македонски кај Стојка или кај Симон и не ми е веројатно да си положила, а три пати во постов имаш напишано „ОДЦЕНА“!!! Може се смениле работиве на факултетот, јас сепак пред две ипол години дипломирав. Да ви споделам неколку искуства од моето студирање на Англиски јазик и книжевност. Прво, Љупчо Стефановски. Гледам Јованка ја спомнувате, а него не. Знам дека беше еден месец во домашен притвор бидејќи го фатија со бележани пари од студентка, ама чув и дека професорите потпишувале петиција за да се врати. Ако сака некоја да пише работи ли уште човеков на катедрата и ја продава ли уште неговата книга за 2 500 денари? Или сега е поскапена? Инаку, Лексикологија беше единствениот испит на кој паднав, бидејќи, логично, нели, ја немав купено книгата, АМА откако ја купив, положив А, за кај Анчевски и Кошка не се секирајте многу, да се здрави и живи Спарк ноутс, се се положува Анчевски можеби изгледа страшно, особено кога во прва година на првото предавање ни соопшти дека за да можеме да почнеме да учиме за испитот треба да имаме прочитано еден толковен речник, грчки митови и Библијата Нејсе, положив и без нив, и тоа во јуни. И тоа само од прашањата учев, а не од книгата Кошка ми предаваше само Шекспир во четврта, јас бев последна генерација по старата програма. Спарк ноутс, спарк ноутс, спарк ноутс. Ако ве интересира нешто за испит, професор, прашајте - I'll be glad to help you! At the moment, предавам англиски во основно училиште, и да ви кажам право, барем 20% да користев од тоа што го учев, да не ми е мака! А и со колешкиве кои предаваат во средно нема некоја разлика. Толку многу работи се учат, и Методика што е најважно, а пак кога ќе застанеш прв пат пред учениците не знаеш што правиш. Ама во Македонија сме сепак, нели? Теорија пред пракса
^ Леле сите сме стресени од тој пусти Анчевски. Од кои прашања учеше ти? (иако сега највероватно работите се сменети) Еден е Столе (како што милувам да си го викам )
Ја продаваше 2,500 до минатиот семестар. Јас сум сега 3та, и не тераше да ја купиме од кај него книгата иако некои колеги веќе си ја имаа купено за поевтино Ние другите од пусти страв си дадовме 2,500 ден. Почнавме петиции да потпишуваме, ги испраќавме до Деканат, тој некако дозна и почна на секое предавање да го спомнува тоа, дека не сме требале да потпишуваме ништо и ред други работи. После наеднаш го снема човеков, го немаше сигурно едно 2 недели на факс. Се зборуваше дека пак го суспендирале, и дека бил пред отказ. Сега Јованка ги држи предавањата и вежбите.