Мене ме интересира колкави се шансите да ми ги прифатат предметите во случај ако сакам да се префрлам од Климент Охридски (Битола) овде? Правиме муабет за предмети како САЈ, Морфологија, Фонетика и фонологија?
^^ Треба најверојатно да си прашаш на Студентски, т.е они поубаво ќе те упатат каде треба да прашаш. Една работа не ми е јасна и стварно сакам вие од Битола и околината да ми одговорите: Зошто би студирале на Англиски во Скопје кога има Англиски и во Битола ?! Гледам стварно бајаги битолчанки има на Англиски во Скопје... Знам дека со тој во Битола можеш да предаваш само во основно, ама пак кој ти гарантира дека ако завршиш во Скопје дирек во средно ќе те вработат? И пример завршуваш на Англиски во Скопје, ти нудат работа во основно училиште и ти викаш: Не, неќам. А тоа фино лепо и со магистерски може да се среди, нели е полесно во свој град и трошоците не се толкави? P.S Знам дека од 2012/2013 има нов смер во Битола, Англиски јазик и книжевност, исто и со него само во основно може да се предава?
senza.parole, не би можела да ти одговорам на прашањето, јас не сум од Битола ниту околината. Инаку со новата студентска програма може да се предава и во средни училишта.
^ Новата програма е исто во склоп на Педагошки факултет? Ај јас сум од Охрид, Битола ми е сто пати поблиску и поевтино за кирија од Скопје, изгледа сум ненормална што сум се запишала Скопје, м? Сенца, секој сака да си обезбеди подобра иднина. А, искрено, кога можам да завршам факултет со кој би имала подобра квалификација и подобри шанси за работа, ќе направам се‘, ќе го завршам. Не може да играме на таква карта: По секако најверојатно ќе работам во основно, зошто да се запишувам Скопје? Ами ако ми излезе прилика да се вработам во средно училиште, а ги немам квалификациите, м? Размислувајте два пати пред да пишете нешто и пред да судите.
Не осудив никој и никој не направив ненормален. Само сакав да ми објаснете зошто. И да завршиш некаде каде ти е овозможена работа само со основно, со магистерски може и тоа да се реши. Па со добар просек и асистент можеш да бидеш на факултет, не? А прашање е на пр. битолчанки со плус магистерски во Битола дали ќе ги потрошат истите пари во Скопје на додипломски, на тоа мислев.
Секој си има различна математика за парите и времето кое го има на располагање. А за да бидеш асистент, магистерските ти се задолжителни Не е само просекот во прашање. Мада шо, со добри врски, ќе ти замижат и на дипломата од факултетот во Битола, и на релативно слабиот просек. Ама тие што имаме недостаток на врски правиме се‘ што можеме да си обезбедиме посигурна (ако тоа е воопшто возможно) иднина. П.С. Се извинувам за тоа ненормална. Ја претерав. Хиперболи да фрчат.
Да, да... Јасно дека за асистент на факултет покрај врските треба и магистерски. На добар просек мислев под дифолт ако си подобар од ресто твои колеги на постдипломски дека би те зеле без врски. Ама не мора да значи дека би те зеле, сепак. Боже и јас ама се изразувам.
Сеуште неможам да сфатам дали на книжевност се учи втор јазик и ти го признаваат. Кога прашав студенти ми рекоа не се признава вториот јазик, а во студентски прашања ми рекоа може да се изучуваат два јазици од кои и вториот е прифатен :/
Сакам да ги прашам тие што веќе студираат на овој факултет, кога пак би имале избор дали би го избрале истиот факултет и дали се задоволни од него, затоа што јас планирам да се запишам на овој факултет, но не сум сигурна..
^^ Кога тоа така ти рекоа на студентски? Она што беше порано да избереш јазик под Б, тоа веќе не постои. Со новиов ЕКТС се воведоа модуларни студии и евентуално нешто што можеш да направиш е да си избереш втор модул покрај веќе постоечкиот. Арно ама, мислам дека за вториот модул мораш да вадиш нов индекс и да плаќаш уште една школарина Ама мислам, не ме држи за збор. Значи, може да се учи САМО ЕДЕН јазик. Можеш ти да си земеш некој друг јазик како изборен предмет. Јас учев Кинески, колеги учеа Корејски, Германски, Француски, Шпански, Португалски... ама тоа е само предмет што ти носи пет кредити плус. Ништо повеќе.
^ Дениција... да не си се збунала нешто? Сигурна си? Знам дека има опции да бидеш Дипломиран ФИЛОЛОГ по Англиски јазик со (е овде зависи од модулот кој си го одбрала, тоа што ти го спомнав претходно) Ама дипломиран филолог не е дипломиран професор.
Здраво девојкии јас сум нова тука и имам намера да се запишам на Филолошки - англиска катедра ама видов дека од годинава вовеле приемен испит исто така видов и дека има подготвителна настава ама го промашив рокот за пријавување па сакав да прашам дали има некоја која оди на таа настава да ми каже што учат таму и отприлика што ќе се падне на приемниот ќе и бидам вееееечно благодарна
Немам таква информација. [/quote] цццц само пари да паѓаат.Сигурно ќе трае една недела,ќе дојди некоја од лекторкиве по 1 до 2 сати дневно и ништо нема да научат, а идниве студенти ќе се излажат мислејќи дека така ќе имаат повеќе шанси да се запишат и ќе си ги фрлат парите. [/quote] Ај прати линк каде пишува на официјалнатаа страна дека ќе има приемен англиски
па најверојатно штом пишува во конкурсот ама најубаво да си појдеш на страната од Штипскиот факултет има телефони за контакт и да си прашаш