Девојчиња, има ли некој на форумов што бил или е информиран за тоа што ќе се падне на приемниот испит за бруцошите? Не стигнав да се пријавам за подготвителните предавања и сега незнам на што да обрнам внимание I'm freaking out!!! Ако има некој некаква инфортмација го молам нека пише Изгледа приемниот ќе има 40% влијание во рангирањето, што не е малце.
veselamk10 прочитав погоре си напишала дека на приемниот се полага и за двата јазика? аглиски и германски\француски ?
Се нервирам премногу..Има ли некоја комбинација како на пример под А Македонски ,под Б Англиски и под В да не биде ниту германски или француски туку некој трет јазик или воопшто да не се земе ? Знам има ново воведени т.н Модули и премногу ме буни тоа ?
Да ,но бидејќи германскиот ни 5% не го владеам а и немам желба за француски..не гледам како би го положила приемниот ?!..многу е тесен изборот и затоа се одлучив да си го надоградам англискиот и да се сконцентрирам само на еден јазик или евентуално да го земам шпанскиот како изборен подоцна Благодарам за совет Иии..да не масирам многу многу уште некој да се најде и да каже на што да обратам внимание за приемниот ?
Значи тие што одиме ПиТ англиски со германски ги полагаме и двата јазици? Германски што ќе има знае некој?
Девојки де ве молам некој дали знае што ќе има на приемниот испит за англиски и книжевност?Незнам поточно на што да обрнам внимание .Навистина ќе полудам имам само 6 дена да подготвам нешто.Го разбирам англискиот додуша 10 години одев на курс по англиски но сепак неможам да одам така без да прочитам нешто .Ве молам помогнете ми . Секоја информација е добредојдена
Во иста ситуација сум како тебе Татјана18 Деновиве скренав! Се потсетувам граматика само..незнам што друго и би можеле и имале...
Им завршија ли одморите на чичковците во студентски прашања? Почна веќе да ме фаќа носталгија за Стојче наш
И јас само грматика незнам што би можело друго да има... Деновиве скренав се надевам нема да биде нешто тешко и без веза