Јас колку што сум упатен, иако не ме фаќајте 100% за збор, Љ.С. е избркан од нашиот факултет, после долги полемики и одолговлекувања.
Поздрав до колешките и колегите од ПИТ англиски прва година. Ако има тука некој од предметите „Комуникација и реклама“ и „ИКТ-Терминологија“ од втор семестар изборни нека кажи кога има предавања по овие предмети, што даваат на испити и каде може да се купат книгите по овие предмети. Поздрав
Ич не знам дали ги чувам, колку што се сеќавам 50-тина прашања беа, ама тогаш Книжевност во прва не беше поделена на поезија и драма, се беше еден испит и тоа само кај Анчевски. Мислам и тогаш ги имаше Франкенштајн и не знам кои други драми беа, само не беа на посебен испит. А прашањата јас што ги учев беа за теоретскиот дел, ама Анчевски кога отидов оценка да си зимам ме прашаше зошто за Џон Дан не сум го одговорила прашањето, па морав да му го одговорам тогаш. By the way, Џон Дан му е омилен, тогаш во кабинетчето негово во библиотека имаше еден огромен постер од него залепено, и кога го видов си реков како баш за него не напишав, ама готово беше. А кој е овој Стојче на студентски, тој што накривнува? Порано беше една Маријана или Мирјана, не знам точно како се викаше, крајно „љубезна“ женска. Изгледа на сите на студентски тоа им е професионална деформација
Анчевски е закон! Чосер и Дан му се најомилени, без нив час не поминува.Идете редовно на вежби и предавања и ќе немате гајле! Истото важи и за Јованка! На испит знае да даде некое зезнато прашање, ама сигурно на час кажала нешто за тоа.
Имавме веќе едно-две предавања кај Анчевски и сум препријатно изненадена и воодушевена. Човекот е навистина за пофалба. И морам да признаам дека неговите предавања се далеку поинтересни од оние на Кошка. А кај Јованка јас одлично поминав. Супер ми е жената.
Прочитав еден коментар дека не може да се земе јазик под Б, па сакам да знам дали е точно затоа што сакам да се запишам на филолошки.
^ Точно е. Со воведувањето на новиов кредит трансфер систем таа можност за одбирање на јазик под Б е укината.
Мислам дека може да се земе јазик под Б, со тоа што сега тоа го викаат втор модул, а јазик под Ц-трет модул. Знам луѓе што учат француски под Б( значи со литература) и немаат проблеми. Најважно е да се запази бројот на максимум кредити-35.
^ Да, ама вториот модул премногу те ограничува. Ти ако земеш втор модул (а велиш дека максимум кредити можеш да имаш 35), од втора година па натака нема да можеш да си земеш предмети кои ти се потребни за по завршувањето на факултетот да имаш звање пр. ПРОФЕСОР ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК И КНИЖЕВНОСТ, туку ќе бидеш само еден обичен филолог.
Идни колеги и колешки, да ве поздравам! планирам да се запишам на превод и толкување,... англиски и германски,... англискиот го учам од најрана можна возраст, и го зборувам/пишувам перфектно.... германски учам само 4 години во средно, но знаете какви се ,,учењата,, на втор јазик во гимназиите,... колку да се мине од редот прочитав тука, а и имам слушнато, дека повеќето си поминуваат добро на ПИТ, немаат големи проблеми и слично... какво е вашето искуство ?? јас многу ги сакам јазиците, можам прилично лесно да се снаоѓам меѓу сите заврзлаами,... дури се случи и во земја со непознат јазик каде што престојував месец дена,... да почнам да го разбирам мислам дека најбитно е да се сака тоа што се учи/работи... паа... се надевам на успех сакав уште и да прашам,... дали на дипломата ќе ми пишува само Преведувач, или само Толкувач.... или Преведувач и Толкувач ?? епа хагс енд кисес,...
Тоа е катедра за превод и толкување, не е на катедрата за англиски јазик и книжевност. Сепак да ти одговорам на прашањето...имам другарки на ПИТ(англиски и француски) и до сега не се пожалиле. А во дипломата ќе ти го пишува она за што си се определила. Поздрав!
И јас сум на англиски јазик и книжевност и искрено топ е факултетот, има работа пошто секаде се бара работа со познавање на англиски. Не мора да значи ако си завршил за наставник дека мора само тоа да се работи, со англиски можеш секаде! Иначе, ако има некој од постариве што се од 2ра нагоре нека пишат дали е тешко???
Мораш да се определиш за едното, или толкувач или преведувач. Но можеш да идеш потоа на доквалификации, на пример ако си избрала да бидеш преведувач имаш право на доквалификација за толкувач. Не знам колку добро го објаснив ова се надевам сфати нешто мене вака ми беше објаснето
фала ви девојки,... ми падна камен од срце ќе одам деновиве и до факултет за и сама да се распрашам, да не биде после работата пу пу не важи
Неможе двете одеднаш да ги учиш, ако си на ПИТ . Ке имаш премногу кредити и ке ти биде за џабе. Инаку, ако одиш на превод, кога ке завршиш можеш да одиш на мастер за толкување и обратно, па двете да бидеш.
Една алтернатива ми е да се запишам на англиска книжевност ама пусти страв да не заглавам со книжевноста а и со јазикот
Јазикот се учи, т.е. вокабуларот со тек на време сам си се проширува А за книжевност... ако сакаш драми, поезии и сл.. немаш потреба од страв. Всушност, многу е јако! )