Таму во тоа што требаше да се заокружи дали по нова или по стара студиска програма не требаше ништо да заокружиме. Јас прашав таму што треба и жената ми рече тоа да го оставам. А на тоа за предметите не требаше ништо ми кажа жената во книжарницата. Тоа веројатно они си го потполнуваат таму.
Sakam da go stavam fakultetot vo miruvanje. Mi kazaa taksena m. 50 den I molba. Mi pobaraa I potkrepa za molbata. E sea, go stavam vo miruvanje zatoa so Ke odam vo stranstvo na podolg period. Sto potkrepa da im odnesam za taa pricina?
Треба да наведеш причина за што ке идеш у странство. И глеј да биде јака причина зашто не даваат лесно да те стават во мирување. Ја имав пишано нешто ради финансии и помош околу мајка ми ...
Јас ги имав лексички и британска и одлично поминав и двата, британска беше прелесно и професорката е супер. Лексички ако одиш на предавања нема да имаш проблем бидејќи многу убаво објаснува и се што ке каже тоа и се паѓа на испит. Но, ако не сакаш од англиската катедра одбери нешто од другите: светска книжевност за деца, култура на говор, вештини на правилно пишување тие се така полесни..имаше доста предмети што беа само со семинарска, но семинарските се укинаа па сега се на испит и изгледа не е баш лесно.
^ Јас го бојкотирам Британска Не се зезам, ама ако не сакате историја (јас и историјата сме смртни непријатели), не го земајте. Јас лично од што не ми се учеше, се борев со материјалот, едвај положив.
Тоа зависи од тебе и што тоа ти сакаш да учиш.Ако ти оди историја и помнењето на години и владатели,поделби на држави тогаш одбери си Британска,а доколку повеќе си по граматиката тогаш земи си Лексички.Еве јас на пример учев Лексички и доста ми помогна во понатамошните предмети што ги учев.
Феминки од постарите генерации на помош, ве молам. Кои изборни предмети ги запишавте во 5-ти семестар? Па и во 6-ти? Знам за Методика 1 дека мора, за Историја на англиски јазик оти ви го наметнаа, ама кој ви беше третиот? Изборен од цел факултет или Психолингвистика слушавте? Многу е комплицирано, во Правилникот пишува: Од следните изборни најмалку еден се избира. Понудените за 5-ти семестар се три: Историја на анг. јазик 1, Училишна Педагогија и Психолингвистика, ама за 6-ти се два: Историја на анг. јазик 2 и Социолингвистика. А, Социолингвистика активен е воопшто?
Колешки, бруцошки и стигна ли на некоја мејл од факултетот со корисничко име и лозинка? Гледам дека на повеќето мои другарки од други факултети им стигна па се прашувам дали само мене ми нема или на сите од нашиов ценет факултет
Во 5-ти јас имав Култура на говор, во 6-ти Вештини за правилно пишување. Кај деканката. Истиве предмети ги предава и Сташа, само во обратен редослед (зимски семестар Вештини за правилно пишување, летен Култура на говор), ама јас ви препорачувам кај Велева да си слушате. Мислам дека беа последната недела од септември.