^^ Хипи, јас ги слушав предметиве и двата во прва. Кај Тофоска бев и ич не поминав убаво, за жал. Значи, може да бираме кои сакаме предмети. Третиот е скроз наш избор, така?
Помош !!! Дали да изберам Констрастивна анализа или Американски расказ за втора година, што е покорисно а и воедно полесно за да се полага? Thanks in advance феминки
Во 5-ти јас имав Култура на говор, во 6-ти Вештини за правилно пишување. Кај деканката. Истиве предмети ги предава и Сташа, само во обратен редослед (зимски семестар Вештини за правилно пишување, летен Култура на говор), ама јас ви препорачувам кај Велева да си слушате На страната на флф има два прирачника во едниот ги има историја на англиски јазик, училишна педагогија и психолингвистика, а во другиот има и семантика а го нема училишна педагогија, додека пак за 6ти семестар има понудено уште 2-3 други предмети, сега по кој прирачник треба да се ориентираме?? Постои ли можност да се избегне Историја на англ. јаз. ?
Од прирачната книга: Студентите по дипломирањето или во текот на студирањето може да изберат втор (дополнителен) модул и во тој случај се добива Уверение за положена група предмети од втор изборен модул – (во продолжение називот на модулот) Дали ова значи дека може да се одбере втор јазик?
Со контрастивна ќе си поминеш прелесно.Значи треба да купиш речник од кај професорот и имаш загарантирана десетка.На предавања не ни мораш да одиш, ќе копираш материјали од некој кој е редовен.Испитот не ни личи на испит, не се знае кој од каде препишува.Ако не купиш речник, не положуваш, без разлика што и колку имаш напишано на испитот. Корисен е предметов, се учат разни фрази, поговорки и слично ама кој да учи кога може да се има десетка незаслужена? За другиов предмет не знам, ама не верувам дека е полесен од контрастивна.
Не мора да купиш речници, а пак можеш да имаш 10 зависи каква ти е среќата..некои колешки и со купени речници па им стави 7-8 кај Зозе никогаш не се знае еци пеци пец... Така да распрашај си се за америкаски расказ некои колеги беа ептен задоволни, немало многу учење а имаа високи оцени
Вака јас имам позитивно искуство за разлика од некои мои колеги кои нема да ти го препорачаат. Значи предметот си бара редовност со цел на испитот да ти биде полесно не дека професорката бара. Се што ке се каже на предавањата тоа и го има на испит, пишува на табла, објаснува и милион пати повторува така да и да не сакаш ке научиш. Мене лично доста ми помогна да кажеме за морфологија но и за многу други дилеми што ги имав со граматиката, на крајот дури и сите што бевме редовни на вежби и имавме мала активност добивме и една оценка повеќе односно на некој начин добивме поени плус. Јас ти го препорачувам но се зависи од тебе колку планираш да учиш, колку ти оди граматиката.. П.С За испитот имаше и една мала скрипта од околу 15 страни( и заедно со белешките од предавања) беше доволно за да положиш и со висока оценка.
Ај малку помош ако можи Значи сега треба да си бираме изборни предмети за 7ми семестар од кои методика (пракса) е задолжителен. Гледам дека можеме да бираме помеѓу Американска книжевност 1 и Стратегии на учење, па сакав да прашам доколку имате искуствo со предметите, кој би било подобро да го изберам, па и кој е полесен. Фала однапред.
За бруцошите од 15 Септември, најверојатно. Ќе објават на страната на факултетот кога точно почнува првиот Академски час.
може ли малку помош и совети за идните бруцоши? САЈ, книжевност (поезија и драма), морфологија????? Нешто повеќе за испитиве, како се учи, на што да се обрати внимание?? и за изборните збор-два ако можe
Скоро на сите други страни од факултетите имаат објавено кога ќе почнат кога и во колку часот и во која просторија кај нас нема ништо
морфологија гледај да си положиш на колоквиуми. Помалце е материјал и е многу полесно. Оти после ќе се кааеш кога ќе дојди испит и кога ќе имаш дупло повеќе материјал за учење а лекциите сите треба да ги знаеш на раскажување со се примери со се се. Книжевностите свати си ги сериозно. Оди и на предавања и на вежби посекако Многу полесно ќе ти биди за учење. И секако читај ги делата и песните и се што треба. За драма од теорија е многу малце едно мало скриптиче од страни некаде мислам и тука ја имаш целата потребна теорија. Сај е лесно. Барем прв семестар јас ништо не учев а добив висока оценка но не знам како стоиш ти со англискиот. Затоа што имаше многу деца кои што не го положија Сај 1 Ама сепак и сај треба да се учи. А за изборни предмети не знам да ти дадам некој совет. Ако ти оди историја избери Британска цивилизација. Мене лично ми беше премногу интересно. Поздрав и со среќа