Ве молам некој да предложи изборен предмет за трета година. Значи ги земав историја на англ. и методика и уште еден ми треба. Психолингвистика и училишна педагогија не се активни, а култура на говор и вештини на правилно пишување ги имав во прва година, исто и агиологија и слов. митологија. фала
I jas go imav istiot problem. Mi vika deka E-mail adresata ja nema vo sistemot. Ke prasham vo Cetvrtok vo 11h koga ke ima prezentacija vo A3 za izbornite predmeti. A vo 10h ima perzentacija za modularniot sistem. Pozdrav
Како што слушав од колеги, јазикот бил тежок, плус професорот не објаснувал кој-знае колку, т.е.очекувал уште после првото предавање да знаеш се` и наводно, намерно ги паѓал Македонците на испит.Од сите што имам слушнато, заглавиле и го менувале, плаќајќи казна.Мој совет е да не го одбираш.
^ И мене колешка ми се жалеше дека не било баш лесно. Професорот наместо, нели, да почне од основни работи како азбуката (почетен е предметот, не е продолжителен, баш и затоа си има Албански мајчин и Албански немајчин), почнувал со предмет, прирок и такви работи, повисоко ниво на граматика, а студентиве ни зборчиња знаеле, ни правила на читање, ништо...
Едно дооолго прашање: Сакам да земам трет изборен предмет од македонскиве катедри и се мислам меѓу Правопис на СМЈ, Правоговор на СМЈ, Зборообразување во СМЈ и Светска книжевност за деца? Дали некој имал искуство со предметиве и може ли да ми каже нешто повеќе за начинот на полагање и предавањата? Во прирачникот видов дека Правопис и Правоговор ги предава Тофоска, навистина таа ги предава? Зборообразување не знам каков предмет е, ама видов дека го предава деканката, имам слушнато била фина и лесно се вадело висока оцена кај неа. А Светска книжевност за деца кај кој професор е и како се полага? Сакам да слушнам искуства, оти прирачникот не ми е баш веродостоен, а и нели е подобро да прашаш паталец, отколку гаталец?! А и патем, доколку имате предлози за други лесни предмети , добредојдени се (со оглед на тоа дека ги имам слушано Култура на говор, Вештини на правилно пишување и Агиологија) :geek:
^ За Сташа немам слушано убави зборови, така едно генерално мислење. А Зборообразување ќе биде активен во летен семестар, ова информации од деканката од прва рака.
Има ли некој што претходно слушал корејски како изборен предмет? Може ли некој да пише повеќе за студиите, за професорите, материјалот? Денес спомнаа и стипендии, меѓутоа не можев убаво да слушнам, имаше врева, а сакам да го земам како изборен...Секоја информација е добродојдена!!
Кај Саздов треба само да си редовна и активна на часовите и редовно да ги носиш вежбите со тоа добиваш поени плус, колоквиумите не му се тешки и лесно се поминува, само на предавањата малку е напорен и досаден али се издржува.
Наташа ми предаваше лани вежби Лексикологија а и во втора вежби Контрастивна.Мене лично воопшто не ми се допаѓа, толку брзо збори што повеќе од половина не ја ни слушаш па нити разбираш.Таа има знаење можеби но кога збори од брзина некако ги завлечува зборовите така да треба не 2 туку 22 ува да отвориш за да слушнеш и разбереш е сега на сај нз како е кај неа, тогаш не предаваше таа, кога бев втора почна да ни предава.
вака јас сум 1ва година на англиски јазик и книжевност и ме интересира мислење од претходните генерации за изборен , кој ви се чини така послесен или некој добар професор фала ви ))