Ај малку помош за Методика и Историја кај Бабамова? Знае некој што како треба да се учи, какви колоквиуми дава, секоја информација е добредојдена
на колоквиуми знам дека беше зафркната, колегите што полагаа ми кажувале дека може да ја даде цела книга во едно прашање. Но јас си полагав на испит, и тоа беше многу полесно, прашањата беа поопшти и не беа многу тешки. А што прашања точно даде неможам да се сетам, пред 3 години беше...
Дечки, се сеќава ли некој каков е првиот колквиум по македонски кај Симон Саздов, какви се прашањата... нели дозволува да се задржат тестовите, ги има ли некој? Благодарам однапред
Ќе замолам некоја феминка да ми даде повеќе информации за факултетот, може и стриктно за англиската катедра. Сакам јазици, со англискиот си немам проблеми воопшто. Но би сакала некој да ме упати. Дали ми препорачувате да се запишам тука? Што предмети има? Какви се професорите? Кои предмети да ги изберам за матура доколку се запишувам таму, освен македонски и англиски? Благодарам однапред.
^ Англиската катедра ти е супер кул, ако го љубиш јазикот и немаш одбивен став кон читање поезија и проза, тогаш си на право место. За матура јас лично избрав анг, мак, филозофија и латински. Предмети (главни): *Современ англиски јазик (1-8, вкучува: предавања, пишување и превод) *Граматика на англискиот јазик (морфологија, фонетика, лексикологија, синтакса) *Англиска книжевност (1-8, поезија, драма, роман) (изборни од анг. катедра, од кои дел се всушност задолжителни) Лексички категории, граматички категории, американска цивилизација, британска цивилизација, американски расказ, контрастивна анализа, американска книжевност, методика (за наставна насока за 3та и 4та год), превод (за преведувачка насока, 3 и 4 год). Секој семестар имаш по 6 предмети, најчесто 5 се од англиска катедра, 1 од друга катедра (македонска, компаративна).
Дечки може да ми кажете каков е колоквиумот кај проф. Татјана, Британска култура и цивилизација. Со оглед на тоа дека материјалот е обемен, што поточно бара на колоквиум?
Здраво. Некоја информација за испитот Фонетика1 кај Марија Ј.На што обрнува највеке внимание, и од која книга ке треба да се учи на испит, Што конкретно дава? Исто така ме интересира Американски Расказ 1 кај Румена Бужаровска. Дали професорката гледа на присутност,дали тоа ке влијае на оценката, и слушам мн го избегнувале, бил тежок. Благодарам !
Дали некој има полагано методика на наставата по мак.јазик кај Гордана Алексова да ми каже каков бил испитот?
Девојки ај нека пише некој нешто повеќе за Фонетика 1, каков е испитот, што поконкретно може да се падне.. Благодарам однапред
Девојки, дали некоја од вас може да ми каже кои се условите и колку се плаќа, за запишување на втор циклус студии на Филолошкиот факултет, за англиски јазик. Дали има некоја која веќе е запишана на втор циклус, па ако може да споделите искуства.
Прашања од втор колоквиум Историја некој да не има случајно? Пошто гледам цело време истите ги дава...
Лексикологија многу лесно. Доколку одиш редовно кај Јованка и ги следиш предавањата нема да имаш проблем. Се што дава на испит веќе го има таа кажано и објаснето полесно. Мислам дека по лексикологија нема да имаш проблем, само треба да научиш. Поезија 5 Анчевски ја кажува како најтешка. Нас така ни рече дека од сите поезии најтешка била, но сепак искрено не беше нешто тешко. Сега нормално има повеќе сонети за читање, мислам дека негде 45 беа,но не сум сигурна веќе една година помина од кога полагав. Сепак испитот ти е класика, како и сите претходни. И пак доколку одиш кај Анчевски на предавања и вежби нема да имаш проблем, бидејќи сите сонети тој си ги парафразира и анализира, а воедно и на предавања се што ќе кажи можеш да си запишеш и потоа нема да имаш проблеми ни за теоретските прашања. Well, that's it. I hope I helped. Good luck
Може ли да кажете нешто околу предметот морфологија 1? Точно ли е дека треба есејското да биде одговорено буквално исто како од учебникот??