Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Филолошки факултет - англиска катедра

Дискусија во 'Образование' започната од teddygirl, 11 август 2010.

  1. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Се согласувам со Брајт: ако ти причинува задоволство да читаш драми и поеми нема да ти биде проблем да учествуваш во вежбите, па и да учиш за испит.
     
    На PortmaN му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Tanjus

    Tanjus Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    70
    Има ли некој некакви белешки од Превод и толкување кај Драги за тие прашањата??? Ако има нека пише :)
     
  3. Chocoholic.girl

    Chocoholic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    39
    Дали некој знае да ми каже кога има отворен ден на Филолошки?
    Сакам да одам за да се распрашам подетално.
    Фала многу однапред :)
     
  4. veselamk

    veselamk Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    2





    Мала корекција. После when, after, before, as soon as, if (тоа се time clauses) не се става will.

    Твојата реченица правилно би била: When I become a real teacher... :) позз
     
    На huckleberry и DeDee им се допаѓа ова.
  5. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Ок е само многу доцнат со резултатите од испитите. Еве сега среда на први јуни полагаме роман, а Анчевски уште не ги објавил прелиминарните резултати и цело време сум во неизвесност, учам за другиов испит ама не е тоа тоа кога не си сигурен дали е другиот положен. Бабамова, некни во петокот на 20-ти мај, рече ќе имала објавено резултати и ќе давала оценки, ни резултати објаво ни оценки даде, а со сигурност кажува дека тој ден ќе има. Претеруваат, ко само тие да имаат обврски, ние не. Ние така седиме и чекаме, од што немаме што да правиме, немаме ние за учење по други предмети, само поезија е и на Бабамова предметите |(
     
  6. snow.patrol93

    snow.patrol93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    5
    дали на двете катедри (книжевност и преведување и толкување) се оди директно на испит?
    пошто мислам многу е тоа само на испит да се оди :/
     
  7. xAne

    xAne Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2010
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    8
    ^
    Бидејќи ќе бидеш нова генерација постои голема веројатност поголемиот дел од предметите да ги полагаш на колоквиуми, бидејќи ќе бидете премногу студенти. На пример, Сај, Морфологија, втор јазик ако земеш, за Лексички и Граматички не сум сигурна.
    Мојата генерација полагаше се на испити, тек сега во 3та ни ставија неколку колоквиуми...
     
  8. snow.patrol93

    snow.patrol93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    5
    а испитите усно се полагаат?
     
  9. angliski

    angliski Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    6
    Јас сум матурантка и сакам да се запишам на книжевност.. па сакав да прашам дали има приемеб или само матурата??? и ако знае некој да ми казе кога се уписите ... :)
     
  10. tallyweijl

    tallyweijl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    35
    предметот Современ Англиски Јазик има писмен и после устен дел,исто така фонетика има писмен и после устен дел,другите се писмено,исто усно ќе полагаш ако го избереш предметот Лингвистика


    англиски,види на http://www.flf.ukim.edu.mk/ може има објавено за уписи и приемен
     
    На howdoyoudo му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Приемните испити на овој факултет се укинати, па затоа полагаш матура ;)
    ------------------------------------------------------------------------------------

    АХТУНГ! Штотуку добив резултати поезија и положена сум! :dance: НО! имам 53 поени и обележана сум со * (што значи треба дополнително да одговарам). Искусните нека ми кажат што е/како е ова дополагање!
    Thank you!
     
  12. xAne

    xAne Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2010
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    8
    ^
    Немам искуство со усното поезија, ама што сум слушала од колешки кои полагале. Претпоставувам дека кај Анчевски си :)
    Бара песните убаво да бидат прочитани и разработени. Ако имаш учено од скрипта обавезно ќе примети, и премногу се лути за тоа. Баш заради тоа што сите учат само од скрипти, на едни колешки им рекол дека усното од наредна година ќе биде задолжително за сите :(
    Значи треба само од Нортонот да се учи и некоја друга литература што тој ја дал. Најчесто прашувал од испитот, таму кајшто имаш повеќе грешки, а може и некоја песна плус да ти даде да ја анализираш пред него.
     
  13. Mariuccia

    Mariuccia Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Планирам да се запишам на Англиски јазик и книжевност и да одберам превод и толкување, од коментарите кои ги прочитав досега разбрав дека може да се учи само англиски без дополнителен јазик и дека се обработуваат дела (поезија, драма, проза) и со овие информации ми изгледа како совршено место за мене, ако може повеќе информации за кои други предмети се изучуваат и во која година треба да одбериме дали наставна насока или превод и толкување? :)))
     
  14. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Во прва година изучуваш современ англиски јазик1 и 2, англиска книжевност 1 и 2 ( еден семестар учиш поезија нареден драма ) и морфологија 1 и 2 --овие ти се задолжителни.Потоа одбираш уште 3 изборни.Јас ги учев лексички категории, британска цивилизација, македонски јазик 1 и 2, граматички категории и американска цивилизација. Овие ти се во прва година. Во втора современ англиски јазик 3 и 4 , книжевности 3 и 4 ( роман и поезија) фонетика и фонологија 1 и 2, контрастивна анализа 1 и 2, македонски јазик 3 и 4.И сега поради тоа што во втора се делиме на наставна и превод ако одбериш наставна како јас ке учиш еден семестар педагогија еден психологија а ако одиш на превод тие учеа теорија на превод.Во глобала исто учиме задолжителните ни се исти. За понатаму што и како се учи незнам затоа што завршив втора јас :D али мислам идат лексикологиите и методиките како што гледав низ прирачникот :) Ако ти треба нешто поконкретно прашај ке ти кажам

    позз4е
     
    На Mariuccia му/ѝ се допаѓа ова.
  15. snow.patrol93

    snow.patrol93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    5
    а дали на преведување и толкување му се обрнува внимание на вториот јазик исто колку на првиот? if so, I'm screwed! :/ францускиот и баш не ми оди од рака..
     
  16. Mariuccia

    Mariuccia Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Фала многу за информациите, ме интересира кои збирки поезија и драми се обработуваат во прва година, ако памтиш некои од нив да ми кажиш . . . :) :) :)
     
  17. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.976
    Допаѓања:
    26.358
    Не... Не се секирај. Вториот јазик се учи помалку од првиот (посебно ако втор ти е француски/германски) и се бираат само 3 дела кои сакаш да ги слушаш (од читање, пишување, слушање, граматика, говорење), додека за 1 јазик се полагаат сите. Во 3та кога ќе се оделиш превод или толкување, вториот јазик се толкува/преведува само кон македонски, а не и обратно (што значи дека никогаш и нема да зборуваш/пишуваш на вториот јазик)

    Ич не е тешко, немај гајле.
     
  18. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    драма имавме 6 дела. The second shepherds play, Othello,Volpone,DR. Faustus, The duchees of Malfi, The Merchant in Venice ---> овие ти се драмите а за поезија песни се повекето али не ги памтам кој како беа околу 30тина се.
     
    На Mariuccia му/ѝ се допаѓа ова.
  19. snow.patrol93

    snow.patrol93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    5
    Значи читање, пишување и граматика :) и може ли да ми кажеш што поточно работи толкувачот? :/
     
  20. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.976
    Допаѓања:
    26.358
    Јас би земала слушање наместо пишување :D (јас сите делови ги полагав, прв ми е француски)
    Инаку толкувачот толкува (односно усно преведува) на два начина
    - консекутивно: прво слуша што зборува говорителот, запишува со симболи па после кажува превод (обично се толкува на 6 минути, значи 6 мин слушаш, запишуваш и толкуваш)

    - Симултано: седиш во кабина, носиш слушалки и толкуваш во исто време со говорителот на микрофон.