Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Филолошки факултет - англиска катедра

Дискусија во 'Образование' започната од teddygirl, 11 август 2010.

  1. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    Ако може совет.. Што е подобро наставна или преведувачка насока? Дали со наставна можеш да бидеш преведувач и обратно? и уште нешто..Како 2 предмет на ПиТ се бира само помеѓу Германски и Француски или ???
     
  2. Lovely39

    Lovely39 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    10
    Здраво. Сакав да прашам за Морфологија 1, за есејското дали може да се паднат повеќе модални или само еден и дали до сега се паѓале времињата. Фала однапред!
     
  3. HollyGolightly

    HollyGolightly Нов член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    4
    ^ Професорката кажала дека за времињата нема да има есејско. :)
     
  4. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Kaко може бе есејско прашање по граматика. Логикава не ја гледам. |(
     
  5. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Има ли некој што полагал Американска Книжевност 1 кај Румена, да ми каже што се паѓа. :)
     
  6. Lovely39

    Lovely39 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    10
    Девојки, да прашам тие што полагале поезија, за песните дали дава цела строфа или неколку стиха за препознавање? :) Позз
     
  7. Babylon

    Babylon Активен член

    Се зачлени на:
    30 август 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    21
    Можеш да преведуваш со наставна насока, но обратно не е можно доколку прашуваш за државните училишта. Во приватни училишта можно е да прават исклучок за ова. Зависи од училиштето. Порано имаше можност за доквалификација за наставник со дополагање неколку предмети. Не знам дали се` уште ја има таа можност.

    Инаку на ПиТ задолжително се бираат два странски јазика од понудените три - англиски, француски и германски со тоа што треба да имаш предзнаење и за вториот јазик, секако, не не исто ниво како и за првиот, ама сепак не се почнува од почетно ниво. Во дипломата ќе ти стојат и двата јазика.

    Со среќа :)
     
    На TennisBabe му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    На Филолошки факултет "Блаже Конески" ако си на Книжевност можеш да бидеш и преведувач после тоа? :|
     
  9. Lovely39

    Lovely39 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    10
    Некој...? Ќе ми биде од огромна помош, бидејќи мноооогу ми е страв.. :(
     
  10. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Неколку стиха, ретко кога дал цела строфа. А на тие што се за препознавање од лектирите дава по 2 реда ( така имаше сега на 18ти дадено) :)
     
  11. Babylon

    Babylon Активен член

    Се зачлени на:
    30 август 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    21
    Има преведувачи кои имаат завршено други факултети. Кога се полага за овластен преведувач, услов е да се има високо образование и познавање на странскиот јазик. Не е задолжително тоа да биде Филолошки факултет. Сакав да и` посочам на девојката дека ако и` лежи превод, може да се занимава со тоа, дури и да избере наставна насока. Има некои кои комбинираат давање часови и преведување. Зависи во што ќе се пронајдеш и како ќе се снајдеш :)
     
    На TennisBabe и ariela09 им се допаѓа ова.
  12. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    ^ А оние што се на преведувачка насока не можат да бидат професори така? Или можат да работат во приватни фирми како курсеви по англиски и слично?
     
  13. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.759
    Допаѓања:
    23.970
    Пол:
    Женски
    ^^
    Има разлика, две различни работи се. Последно направија тие шо се на ПИТ да не можат да дополагаат за професор на Филолошкиот (за ова не сум скроз сигурна), ама и да е точно можеш со сигурност да допологаш на некој друг факултет за Англиски јазик низ републиката.
    А, на Англиски јазик и книжевност катедрата, во втора година се определуваш дали превод/толкување или наставна насока. Со таа разлика што задолжителните предмети се исти, само изборните се различни.
    Исто и на крај од студиите имаш само едно „звање“ или професор, или толкувач или преведувач. Не може сите или два.
    Во случајов ако си на Англиски јазик и книжевност и дипломираш како професор, за преведувач или толкувач дополагаш 16 испити и ти вадат нов индекс. Обратно се дополагаат 14 испити.
    Се надевам бев јасна. :)
     
    На TennisBabe му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Babylon

    Babylon Активен член

    Се зачлени на:
    30 август 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    21
    Јас имам завршено на ПиТ и имам држено часови во приватно училиште и индивидуални часови. Меѓутоа за да предаваш во средно, потребно е да имаш диплома за професор. Спомнав претходно за можноста за доквалификација, само не знам дали се` уште постои тоа.
     
  15. Lovely39

    Lovely39 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    10
    Неколку стиха, ретко кога дал цела строфа. А на тие што се за препознавање од лектирите дава по 2 реда ( така имаше сега на 18ти дадено) :)[/quоte]

    Нели од лектирите е за есејот? А дали ги дава првите стихови или може било кој стих ? :)
     
  16. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Babylon ме збуни пошто и јас знаев дека е така како што кажа senza.parole.

    Babylon оваа година има нов закон донесено,дека тие што завршиле на ПиТ или се определиле на преведувачка насока на книжевност не можат да бидат професори а тие што се определиле на наставна насока не можат да преведуваат.
    Тоа важи за сите што се запишавме во 2013. И важи за сите понатаму. И братучетка ми заврши на ПиТ и сега е професорка но она заврши одамна овде. Тогаш не постоел овој закон што сеуште не можам да проценам баш дали е правилен. :)
     
  17. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Некој...? Ќе ми биде од огромна помош, бидејќи мноооогу ми е страв.. :([/quote][/quote]
    Неколку стиха, ретко кога дал цела строфа. А на тие што се за препознавање од лектирите дава по 2 реда ( така имаше сега на 18ти дадено) :)[/quоte]

    Нели од лектирите е за есејот? А дали ги дава првите стихови или може било кој стих ? :)[/quote]
    Може било кој стих. Освен за есеј, ги дава исто за препознавање и бара да напишеш кој го кажува тој дел и зашто тој дел е значаен во делото.
     
  18. Babylon

    Babylon Активен член

    Се зачлени на:
    30 август 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    21
    Значи, сега е поинаку. Е, па, затоа пишав дека не сум сигурна за можноста за доквалификација. Јас завршив пред неколку години и тогаш постоеше таква можност. Можеби се внесени ограничувања поради многубројниот кадар.

    Инаку, и да избереш наставна насока, не значи дека не може да преведуваш понатаму во животот. Тоа зависи од знаењето, способностите, надградбата и, секако, желбата :)
     
    На ariela09 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lovely39

    Lovely39 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    10
    [/quote]
    Неколку стиха, ретко кога дал цела строфа. А на тие што се за препознавање од лектирите дава по 2 реда ( така имаше сега на 18ти дадено) :)[/quоte]

    Нели од лектирите е за есејот? А дали ги дава првите стихови или може било кој стих ? :)[/quote]
    Може било кој стих. Освен за есеј, ги дава исто за препознавање и бара да напишеш кој го кажува тој дел и зашто тој дел е значаен во делото.[/quote]

    OMG...Изгледа тоа нешто ново му е да бара кој го кажува тој дел или се лажам..? .Како и да е има и друга сесија. Уште нешто (sorry ако сум досадна), доколку некој испит паднам, наредната сесија се плаќа? И фала ти многу Теди.. :)
     
  20. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Неколку стиха, ретко кога дал цела строфа. А на тие што се за препознавање од лектирите дава по 2 реда ( така имаше сега на 18ти дадено) :)[/quоte]

    Нели од лектирите е за есејот? А дали ги дава првите стихови или може било кој стих ? :)[/quote]
    Може било кој стих. Освен за есеј, ги дава исто за препознавање и бара да напишеш кој го кажува тој дел и зашто тој дел е значаен во делото.[/quote]

    OMG...Изгледа тоа нешто ново му е да бара кој го кажува тој дел или се лажам..? .Како и да е има и друга сесија. Уште нешто (sorry ако сум досадна), доколку некој испит паднам, наредната сесија се плаќа? И фала ти многу Теди.. :)[/quote]
    Ако ги паднеш оваа сесија предметите што се парни ќе мора да ги презапишеш. Фактички го презапишуваш секој предмет на кој што поминале 3 сесии од кога е запишан.