Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Филолошки факултет - англиска катедра

Дискусија во 'Образование' започната од teddygirl, 11 август 2010.

  1. falseidol

    falseidol Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    4
    Nekoj da spodeli mislenje za metodika i psiholingvistika? Mnogu kje sum blagodarna
     
  2. ell.e

    ell.e Нов член

    Се зачлени на:
    18 септември 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Дали можеш да полагаш синтакса1 ако не ти е положен лексикологија2?
     
  3. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Опции за изборни ни се Утопии и антиутопии, Британска цивилизација и Лексички категории.
    Треба да изберам 2 од овие, зашто третиот ни е изборен задолжителен - македонски ј.
    Ќе може од постарите и поискусните колешки некоку збора најбитно за секој од изборниве (што се учи конкретно, од каде, тешко е/не е, професорите какви се) и ваши совети од овие 3 кои 2 да ги изберам. Фала! :*
     
  4. Lovely39

    Lovely39 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    10
    Британска цивилизација е многу интересен предмет, се учи од една мала скрипта, и воопшто не е тешко, а професорката е срце. Лексички-граматика и многу ќе ти помогне за Морфологија, затоа што професорката многу убаво објаснува и се запишува на табла. Има и една книга по лексички, всушност се 2, вториот дел е за Граматички категории доколку го избереш во летниот семестар. За испит учев од тетратката и положив со 9. За утопии и антиутопии не би знаела да ти кажам. Поздрав :)
     
    На Leaena, veselamk10 и SexyLady им се допаѓа ова.
  5. ell.e

    ell.e Нов член

    Се зачлени на:
    18 септември 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Дечки дали знае некој кој предава психолингвистика??
     
  6. veselamk10

    veselamk10 Активен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2013
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    1

    Зорица Трајкова
     
  7. veselamk10

    veselamk10 Активен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2013
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    1
    Искуства, типс за АК3?
     
  8. veselamk10

    veselamk10 Активен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2013
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    1




    ??????????????
     
  9. Aryana

    Aryana Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2013
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    71
    AK 3 е најлесната книжевност. Интересни се книгите, професорката е многу добра. Тие што не идеа редовно на предавања положија, а тие што идеа положија со високи оценки. Многу мал дел од студентите не положија. Вежбите се многу интересни и мислам дека штета би било да не одите зошто навистина ќе ви биде забавно, нормално ако сте љубители на книжевноста. Така што не треба да се грижите. АК 3 е најмал проблем, тоа барем ќе ви оди како песна. :)
     
  10. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.759
    Допаѓања:
    23.967
    Пол:
    Женски
    А, совети за Поезија 2? Од каде е најдобро да се учи?
     
  11. Aryana

    Aryana Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2013
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    71
    Најдобро е да се оди на предавања и на вежби и да се запишува се што ќе каже тој и нормално од Нортонот, друг начин нема. Ова е еден предмет каде што нема зафркавање, треба да се седне и здраво да се научи.

    П.С-Некој да сподели искуства за САЈ 7 и Синтакса?
     
  12. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    200
    Луѓе јас не знам кај да го поставам прашањево, ми треба превод (на англиски) на диплпома за аплицирање на странски универзитет. Како одат тие работи, колку чини превод на диплома од УКИМ (и плус ако е потребно и уверението дополнително)? И како треба тоа да изгледа, треба да ми биде преведена и заверена со печат од судски преведувач? Стварно се извинувам за оф топиков, ама многу ми е итно.. Поздрав
     
  13. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    Мислам дека дипломата треба да ти биде нострифицирана ( утврдена на кој степен е твоето образование со тамошното образование, бидејќинели образовен систем се разликува од држава до држава)
    Значи првин на твојата диплома треба да имаш апостил печат, кој ќе го стават во општинскиот суд во местото, во државата, каде ти е издадена диплома, како потврда за валиден документ.
    Потоа во државата во која сакаш да аплицираш треба да направиш судски превод на дипломата, ( и свидетелства) и заедно со твојот интернационален извод од родените и сл.( зависи што ќе ти побарат, инаку ќе ти треба превод на секој еден документ што ќе го приложиш)треба да ги однесеш во Министерството за образование во таа држава, да уплатиш пари, за да започне процес на нострификација. Процесот знае да потрае, ама ќе имаш потврда која ќе можеш да приложиш во денот на апликација, наместо диплома, ако нострификација е се уште во тек.
    Ова е процедурата која мене ми ја бараа тука во Македонија со странска диплома.. Значи, свежо искуство.
    Сепак, најдобро ќе те упатат таму каде што сакаш да аплицираш, мораш да ги контактираш и прашаш.

    Едит: еве ја темата за нострифицирана диплома:
    obrazovanie/nostrificirana-diploma-t10051/?hilit=%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B8%D1%84%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B0%20%D0%B4%D0%B8%D0%BF%D0%BB%D0%BE%D0%BC%D0%B0
     
    На AhThatFemaleProblems му/ѝ се допаѓа ова.
  14. bodom.child

    bodom.child Нов член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2014
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    ја сум прва година на англиски јазик и книжевност дали можете да ми дадете детали за претметот .. теорија на преведување и толкување, сакам да го запишам како изборен па ме интересира информации..
     
  15. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.759
    Допаѓања:
    23.967
    Пол:
    Женски
    Искуства со Анжела Николовска по Методика?
    Бара редовност, објаснува убаво и како и изгледаат испитите?
     
  16. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    Помош со изборните предмети за прва година, ве молам:
    - историја на англиски јазик
    - основи на општата лингвистика
    - основи на информатика
    - втор странски јазик (германски, француски, италијански)

    Треба да се одлучам за два. Што е најкорисно и не многу тешко :D
     
  17. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.759
    Допаѓања:
    23.967
    Пол:
    Женски
    ^^
    Ти изгледа не студираш на УКИМ.
    Историја кај нас не е активен и 99,9% сум сигурна дека нема и Основи на информатика.
     
  18. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    Не, не стидирам. Ама студирам англиски јазик и книжевност, наставна насока.
    Видов дека има разлики, ама мислев дека барем некоја дирекција да ми дадете.
    Јас имам пет задолжителни и два изборни предмети, од овие наведениве.
     
  19. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.759
    Допаѓања:
    23.967
    Пол:
    Женски
    ^^
    Епа, совет може да ти даде единствено некој што студира на твојот факултет.
    Програмите и наставата се секаде различни.
     
    На Sky-butterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  20. bodom.child

    bodom.child Нов член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2014
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    знае некој нешто повеќе за предметот теорија на преведување и толкување. прва година сум и сакам да го запишам како изборен?