Или школска ти не разбрала убаво, или те излажала, или ти не си разбрала убаво, ама со петка просек нема шанси да не влезеш на филолошки.... зависи на кој смер, ама 99,9% чинам дека не е возможно такво нешто. Е сега ти, за секој случај, поработи на просекот, годинава и догодина покачи го, за да не се секираш
Девојки, искуства со поезија 4? Кои прашања најчесто ги дава и теми за есеј? Рано е, ама јас со време да си прашам
Зошто од англиска катедра речиси и немаме колоквиуми??? Многу е потешко на испити, затоа и заостануваме...
Здраво на сите. Мене ме интересира како можам да изберам италијански јазик како втор. Пошо имам еден другар и ми кажа дека сестра му учела во Филолошкиот Факултет во Скопје и дека учела втор јазик италијански и дека сега предава во Скопје италијански јазик. Па и јас би сакала да предавам или италијански(не сум го учела) или француски (го учев во основно и средно) пошо веќе од англиски професори е преполнето во училиштата...Ве молам за одговор
А зошто веќе ако сакаш да предаваш италијански, не го запишеш како прв јазик, односно на италијанска катедра да се запишеш?
Само англиски и германските катедри продолжуваат со изучување, на сите останати се почнува од азбуката
Мислам дека може, но како изборен, бидејќи има многу студенти на кои им е прв. Мојот професорот по италијански во средно, имаше завршено италијански како прв јазик, и шпански како втор. Нека разјасни некоја феминка што е позапознаена со ова.
Да, ве молам ако не овде барем во порака нека ми разјасни некој што е подетално информиран за ова. Сепак kjukli фала )
Нека напише тука некоја феминка за англискиот јазик, под кои услови може да се земе за 2, 3 или изборен јазик, да немаат збунки сите што сакаат да се запишат.
Малце доцна,но сепак како информација може ќе му користи на некој : од пред некоја година на филололошки е укината опцијата паралелно да се изучуваат два јазика т.е. еден како прв и основен и уште еден.Се изучува само јазикот на онаа катедра каде што планирате да си се запишете,а доколку сакате да изучувате уште некој јазик можете да си го земете како изборен (но,да нема забуни,и претходно имам напишано во темава,за него по завршувањето на факсот нема да имате квалификации во дипломата,односно дека би можеле да го предавате и тој,на некое поосновно ниво ) Повторно се повторувам ако сакате да имате квалификации за два јазика,мора да се извади уште еден индекс,и тоа ви е како да учите 2 факултета.
Ме интересира кои се драмите за обработка во прв семестар? И ако може нешто плус са задолжителните предмети на катедрата за Англиска Книжевност.