Спешалке, кај нас студираш? Не сум знаела. Јас кога бев прва, никој не го зеде Американска. Сите збореа тежок бил. Едит* Мислам дека нема колоквиуми, ама не ме фаќај за збор.
да мн тежок ПРОФЕСОР,материјал како материјал ќе го научиш ама професорот многу бара и многу крати на поени.Сега оваа сесија (Јануарска) професорот беше некаде на патување и тестовите ги прегледуваше Милан-асистенот,и верувале или не за прва пат толку студенти да положат.Обично Анчевски пушта мн малку студенти.Оваа сесија беше животна шанса за некои студенти.Испитот се состои од три дела.Во првиот дел имаш 6 теоретски прашања(пообилни).вториот дел имаш дадено 4x4 стихови од песните да ги препознаеш,наслов,година и автор и од тие две песни,предходно препознаени треба да направиш детална анализа,односно парафразиIИсто така има и дел со стихови од поемите(од скоро сите)да ги препознаеш да кажеш дата,автор и цел .И третиот дел имаш три дадени теми да пишуваш нешто како парафраза(200-300 зборчиња),или популарно меѓу студентите-есеј.
^^ Леле, само г**на да се јадело. Ау, невозможни сте. Тежок професор, хм, не би рекла. Напротив, моето искуство покажало дека е најобјективен, барем досега. Секогаш точно знаев што сум напишала, и верувала или не секогаш со 100% прецизност сум погодувала колку поени ќе имам. Ако сакаш да кажеш дека предметот е тежок, а не професорот, тоа е друго. Пак не би кажала дека е невозможно да се положи, треба труд и волја, а богами и вокабулар на место. За тоа дека сесијава имало најмногу положени за разлика од претходно, не би се сложила, помалку од пола се положени како и секоја сесија. Резултатите ги гледаш од сите сесии, слободно направи паралела, особено со јануари 2015, ќе дојдеш до безмалку исти податоци. Првпат слушам дека Милан ги прегледувал, ако беше така немаше увид да има одма за некој ден. Небитно, ако не си напишала доволно и Мајка Тереза да ги прегледувала пак нема да бидеш во горната половина од списокот. Не бидете мрзи, и не љубоморете многу, многу. А, пред сè, ве молам не демотивирајте студенти кои немаат ни почнато да го учат предметот. Редактирам да ти кажам дека описот на испитот воопшто не ти е точен. Нека ми се обрати @Leaena во ЛП.
За заверување на семестар, на листот каде што треба да потполниме за задолжителни и изборни предмети, треба сите да ги пишеме? Или само тие што сме ги положиле?
Здраво феминки Оваа година завршувам средно и сум заинтересирана да се запишам на филолошки поточно на англиски јазик и книжевност. Ме итересира дали имате некој информации за Британските културолошки студии и со завршувањето на тој смер како дипломиран филилог по британски културолошки студии каде и како што би можела да работам. Ви благодарам однапред
да Милан ги прегледувал тестовите,и баш отвори ги резултатите ќе видиш и самата која е разликата,во секој случај ќе си види сама колешката.Поз
А,да слободно можеш да споредиш поезија од лани и сега,отвори барем види и увери се те молам,исто можеш и за АК4 И 5
^^ Ти прочита убаво јас што ти пишав? Тоа и ти пишав дека разлика нема во резултатите. Секаде се помалку од пола. Еве за АК 5 сега објавија резултати, повеќе од пола се положени, а утре има термин за земање оценки. Што значи Анчевски е тука. И не биди слепа, те молам, не може ја да идам на увид кај професорот, а тој гледајќи нечиј тест што според тебе Милан го прегледувал да не се согласува со резултатите. И пр. идам на увид и Милан ми дал 5 поени на прашање, а професорот гледа и вика не, на ова треба 2, мислам не иде, нели? Ако, теши се. Душичка си стварно. Падна сесијава или воопшто не полагаше? Нема врска, јас пред сè ти посакувам волја за учење, па после сите три поезии да ги положиш. Оти без труд поени не даваат.
Женски може сум оф топик,може ли некој да ме информира бидејќи сум прва година и не отидов на систематски а морало во индексот да имаш печат од систематски преглед, знае ли некој каде треба да отидам на систематски? Некои викаат во Кузман студентскиот ? Да не знае некој дали работат, од колку до колку каде е таа клиника и слично?
Девојки да ве прашам, кодовите од таксените марки за запишување и заверка на семестар каде поточно треба да ги внесам во iknow системот? Зашто не можам да се снајдам баш
Што кога ќе избереш предмет што има повеќе кредити од предметите на твојот факултет? Треба нешто друго да се однесе? Дали педагогија може да се земе во прва година? Средновековна книжевност 2 дали е врзана со 1? И ако може некој лесен предмет да се одбере за летниот семестар
1. Ако сакаш 7ми предмет се доплаќа ( незнам колку треба ). 2. Педагогија е во втора година ( ама за англиски незнам ) 3. Средновековна не е врзана со 1. 4. Лесен предмет земи агиологија 2
Не сум баш сигурна, ама мислам дека амбулантата е до студентскиот дом. Одамна бев таму па затоа не се сеќавам. Не ме ни прегледаа. Влегов прво кај општата докторка да ми удри печат, па кај стоматологот да ми удри печат.
Devojki od kolku rabotat Studentski prasanja i dali nekoj ja znae procedurata za zemanje na dokumentite od fakultet?