На ПИТ можеш да одбираш само помеѓу англиски, германски и француски. За изборните не сум запознаена баш најдобро, но нема да ти ги пишува во дипломата, тоа сигурно.
Пред некој ден на една серија во преводот стоеше I did calling или така нешто, битно формата беше did+ -ing.Досега немав сретнато нешто вака, а и курс имам завршено, го знам јазикот солидно, па вие што учите може знаете повеќе да ми објасните кое време е ова или пак оваа форма се среќава во неформална комуникација
Едно прашање... кој јазик би ми го препорачале да го земам како трет на англ. книжевност? и дали ке се вршат исто така испити како за првиот јазик или има некои колоквиуми BTW имам некои совети да земам турски или сл.
Ваква комбинација на времиња нема, веројатно е неформална форма на изразување или пак тоа -ing е глаголска именка (во случајов би било „јавување“).. ама пак не сум сигурна бидејќи не го знам контекстот... За турски искрено не знам како е, би ти препорачала да учиш некој јазик што ти е интересен бидејќи секако третиот одбран јазик е како бесплатен курс... Имај во предвид дека италијански не примаат (барем лани), шпански многу заглавија или се жалеа (бидејќи покрај писмениот има и устен испит...). На словенечки и руски студентите поминаа задоволително... епа сега размисли си
Сакав да прашам читав на интернет за документите при запишување на филолошки фак. и не ми беше јасно велат: Документи за пријавување и запишување При пријавувањето за запишување на Универзитетот, кандидатите ги поднесуваат следниве документи: 1. пријава за запишување; 2. оригинални свидетелства од сите класови; 3. државна матура, меѓународна матура или училишна матура; 4. свидетелство за завршено средно образование; 5. извод од матичната книга на родените; 6. доказ за државјанство на РМ (уверение или решение); 7. потврда за уплатени: 300 денари на жиро-сметката на Универзитетот за студиските програми за кои не се врши проверка на знаењата и умеењата, односно 500 денари на жиро-сметката на Универзитетот за студиските програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата Не ми беше јасно за на филолошки треба 300 ? или 500 ден. да се уплате бидејки погоре еднаш пишува со проверка на заење и умеења еднаш пишува дека само за педагошки фак. е со проверка на знаење и умеења Може некој да ми појасни
Кенди, гледаш седмото ти е една точка, а тоа двете потврди ти се две различни квадратчиња, како потточки. Значи или 300 за упис или 500 во случај да има проверка на знаењата. Бидејќи тука нема проверка на знаења, уплаќаш 300.
Дефинитивно руски земи си. Од лично искуство ти кажувам. Само немој никако шпански. Многу од мојата група заглавија со шпански, плус, тие имаат и писмени и колоквиуми и усни испити, ги мачеа како да е некој главен предмет, додека кај нас имаше само по едно усно полагање на крајот на секој семестар, кое се состои од читање и анализа на 3-4 реченици од веќе учен текст. Јас и колешкиве на прсти можеме да изброиме колку пати сме се појавиле на предавање а имаме осумки и деветки. ПиТ и работи на тој принцип. Се фокусираш на анализа на само еден јазик. Можеш да бираш помеѓу Англиски, Француски и Германски. Единствено ако сакаш друг јазик да изучуваш, ке си го земеш како изборен.
О.о Жити се? е ова не сум знаела. мислев дека се земаат, пример, англиски прв и германски или француски втор и ги учиш со ист интензитет.
Јас знам дека се земаат три, прв ти е македонски, втор еден од анг/герм/франц и трет еден од анг/герм/франц. На вториот не му се посветува некое внимание како на првиот, но сепак и тој се учи. Пример, јас ќе земам прв англиски а втор германски. За првиот, ќе преведуваме/толкуваме анг-мак и мак-анг, додека пак вториот оди на принцип само герм-мак, а не и мак-герм. Значи не дека ти нема да можеш да преведуваш или да зборуваш на вториот јазик, но сепак не е толку ,,напнат,, како првиот. Ова вака го прочитав од страната на факултетот, оди имаш се за оваа катедра. Сигурно доаѓаш на ПиТ ?
Да бидам искрена не знам. многу се двоумам. ќе одам на филолошки, прв јазик англиски но сеуште не сум се одлучила која катедра да ја одберам.
А може ли денес да се уплате уплатницата бидејки утре ептен ке биде бутканица нема да биде проблем денес нели ?
И јас сега уплатив само не сум сигурна не не информираа убаво на факлутетот на уплатницата нели треба жиро сметка и долу кај Цел на дознака што треба да пишува ...таму каде што уплакав ми рекоа дека требало да се напише ЗА ПРИЕМ ... па се мислам дали е точно да не уплатив а да е грешка напишано на уплатницата
Има на страната на факултетот ставено се. И пример за уплатницата како треба да биде пополнета, и тоа изјавата што треба да се потпише. Утре ќе одите, спремни ??
Ќе одиме само колку сме спремни се чудам Денес покрај се ми пролетаа 10000 прашања дали го правам правилниот избор,дали ќе биде се ок,што,како,дали ке се снајдам искрено не знам вечерва како ќе спијам вие имате трема или само јас сум вака паничарка
Јас сакам да земам англиски јазик и книжевност - наставна насока. Ме интересира дали како втор јазик може да се земе германски јазик доколку не си го изучувал во средно и дали доколку може на крај да се дополагаат испити за да може да работиш како професор и за тој јазик? п.с. Ако може некој да ми прати линк кај што ја има уплатницата за да уплатам денес. Фала однапред.
Вака, прва година ти е општо. Нема насоки, нема втор јазик, ни ништо. Имаш 3 главни предмети: MEL (modern english language) т.е. САЈ (Современ Англиски Јазик) кој оди во склоп со MEL writing, Морфологија и Драма/Поезија на Англиски јазик. Останатите 3 се изборни и тука можеш да земеш германски, но нема да ти се важи како под Б. Пакет се бира во втора година, па веројатно и јазици под Б, со тоа ке се запознам годинава, сега незнам. Еве и за уплатницата http://www.flf.ukim.edu.mk/студии/упис20112012/tabid/880/Default.aspx И...со среќа на уписите на сите.
Нема земање јазик под Б, можеш да си земеш јазик како изборен али ќе го изучуваш како странски јазик како што порано било тоа јазик под Ц. Според некои нови правила за да имаш јазик под Б треба да имаш уште еден индекс и воедно како два факултети да учиш истовремено, ова било според некои нови закони. Пред 3 год кога јас бев прва година така не извести Биљана Наумоска - ние сне биле прва генерација каде што било така а до пред некоја година можело да се зема и под Б и под Ц али не и сега.Инаку во втора година се определуваш дали сакаш да одиш на превод или на наставна. Со среќа на сите на уписи утре