Јас Инаку едно прашање до поискусните на факултетов, луѓе кои книги мора да се купат? Или кај повеќето оди преку скрипти? Btw, Анчевски ме плаши. Успокојте ме
Za site predmeti treba da se kupat knigi, sto kopirani sto orginal zavisi od profesorot kako bara ( obicno za SAJ se orginal ama dozvoluvaat i kopija). Skripti mn retko duri i prof po zadolzitelnite predmeti sovetuvaat da ne se uci od skripti iako postojat. Skripti ke kupuvas po nekoi izborni predmeti zavisi sto ke odberes
За кај Анчевски биди спремна на челични нерви, бирање строго квалитетен материјал и буквално да го понудиш тоа што тој го бара. Во негови книжевности мора многу да се внесеш. Сфати го него сериозно и се што се збори за него е така како што е. Со лесно.
Гледам има многу (идни) студенти што предвреме се исплашиле од Анчевски. Еве ви еден добронамерен совет - немојте пред време да се плашите! Професорот Анчевски не дава на испит нешто што го нема напишано во книга. Едноставно е, ако го научите материјалот - ќе си положите! Кога бев јас прва година ги слушав многу постарите и „поискусните“ студенти кои што ни трубеа дека е тешко, дека е невозможно итн. Првата сесија не ни отидов на полагање бидејќи бев ПРЕПЛАШЕНА од тие муабети. Натаму кога седнав да учам, сфатив дека сиот страв бил непотребен. Научив и положив - поедноставно од тоа нема! Немојте да имате такви предрасуди ниту за Анчевски, ниту за Кошка, ниту за било кој друг професор. Секој ваш труд ќе биде награден. Учете си го материјалот навреме, АК поезија не се учи за една недела Не сакам да звучам арогантно, само сакам да ви помогнам. Камоли јас кога бев прва година вака да ми збореа другите, а не само негативни работи. Среќно на сите, ви посакувам успех!
Кај Кошка супер си поминавме, а ни кај Анчевски не беше лошо. Сега на кој не му се учи тоа е друго. Барем да се слуша на час, еднаш да се прочита материјалот и уште еднаш на повторување е доволно.
САЈ 4 од што се состои усниот испит? Слушнав нешто излагање на зададена тема е сега дали има некоја тема што ја дава секогаш (дали можам да се подготвам) или смислува во моментот? И дали може да се случи да ме падне ама тоа не ми се верува...се надевам.. Фала.
Ако мислиш за кај Зорица Трајкова – слично како и за САЈ 3, ве вика по двајца и ве прашува за иста слика да ја опишете ситуацијата на неа и двајцата, а потоа да поразговарате меѓу себе на тема поврзана со сликата. Во јуни беше темата дали е подобро местото на кое работиш да биде уредено по твој вкус, така нешто. За паѓање нема шанси, не се плаши Ако си меѓу две оценки може само да влијае да ти пише повисока.
Здраво, Сакам да прашам некој од поискусните во врска со Методика 1..Дали е лесен испитот ,дали има колоквиуми и како се одвиваат хоспитациите?
Колку што јас знам, Методика 1/2 нема хоспитации. Има само учење теорија. Инаку лесно е многу. Оди на предавања и учи од тие презентациите што ги дава за време на предавањата. Добра е Анџела, немате да имате проблем ниту на испит, ниту на колоквиум. Хоспитациите ти се за Методика 3/4.
Ќе може да ми објасни некој со презапишување како идат работите? Поезија ми е од прв семестар не ми е положено тоа треба да презапишам, а уште имам и драма од втор семестар не ми е положено но тоа бидејќи е од втор имам уште една шанса да го полагам. И сега, како оди тоа презапишување? Драма да не дирам ништо само во јануари кога ќе дојде сесијата да си ја пријавам или? За втора година сум иначе, и крајно сум разочарана од факултетот, не поради учењето туку поради неорганизираноста и хаосот со кој се соочувам уште од кога се запишав.
Ќе може ли некој да ми каже каде да најдам кои предмети ми се избрани? (ги заборавив) Во е-индексот не ги пишува (УГД)..
Ќе може некој да ми каже за изборните предмети за трета година ?Дали мора да одбереме и еден од англиска катедра покрај едниот задолжително изборен Методика 1? И кој изборен е полесен Семантика или Психолингвистика?
И мене истото ме интересира. А исто така дали е точно тоа дека за Психолингвистика има услов, положени САЈ 3 и Фонетика 1? ://