За трета година наставна насока треба ли освен изборно-задолжителниот предмет Методика 1, обавезно да се бира и уште еден од изборните од катедрата (Психолингвистика или Семантика)?
Да ги прашам бруцошите на iknow системот современ мак. јазик да го избереме од графата на изборни од цел факултет или од изборни од УКИМ?
Сакам да прашам во врска со паѓање во приватна квота.Знам дека ако презапишеме предмет по трет пат паѓаме во приватна квота ,но дали после презапишувањето имаме право на три сесии или веднаш сме во приватна квота?
Добар ден Бруцош сум на Англиски јазик и книжевност и сакам да слушнам мислења за проф. Анчевски (а и општо за другите професори) од некои повозрасни колеги, бидејќи слушнав доста негативни коментари за него и искрено, почна страв да ме фаќа. Уште од сега мислам дека нема да положам кај него иако се трудам да бидам позитивна и да не ги земам работите што ми ги кажале здраво за готово. Сеуште немам оформено конечно мислење за човекот бидејќи само еднаш сум била кај него на предавање, мене не ми изгледа како ајкула или дракула како што го опишуваат, but still...
Здраво дечки,јас сум вонреден студент на Филолошки,англиска катедра прва година...ако некоја од вас е по упатена ќе може ли да ми објасни како идат работите?
Ме интересира колку е професоката по лексикологија сериозна во врска со редовноста и со тоа дека ако имаш нели повеќе од три минуси мора на испит да имаш положено за 10ка за да имаш 6ка..мислам дека тоа нема смисла ама ајде некој нека каже што знае од искуство..фала
Ако редовно ги посетуваш предавањата и вежбите и фаќаш белешки, дефинитивно ќе положиш. Тој секогаш ги нагласува работите кои ги дава на испит, ако внимаваш ќе забележиш. Воопшто не е страшно или тешко, само научи го тоа што тој го кажува и имај солидно познавање од англиски, затоа што најмногу му смета кога некој не знае основна реченица да напише. Јас лично бев редовна на предавања ама не фаќав белешки во прва. За среќа цело време го слушав и потоа полесно ми беше да се сетам на кои делови повеќе пати се враќал и ги објаснувал, па истите ги даде и на испит.
Ако прашуваш за филолошкиот факултет во Скопје при Универзитетот св.Кирил и Методиј (скратено УКИМ) има голем број градски и приградски автобуси на ЈСП но и приватни кои се движат натака, зависно од каде тргнуваш. Генерално, сите автобуси кои поминуваат кај Бит-пазар и/или Мавровка (2, 2А, 8, 9, 16, 17, 19, 20, 35, 50, 57, 65 и тн.) и автобусите кои одат до скопски Саем: 12(приватен) одат до комплексот факултети на УКИМ (правен, економски, филозофски и филолошки) а кој се наоѓа дијагонално од Бит Пазар, односно спроти т.ц. Мавровка но и спроти зградата на Македонска Радио Телевизија (МРТВ). Со такси од железничка и меѓуградска автобуска не би требало да биде повеќе од 100 денари еден правец (70-80 ден. би било реално). Кога ќе влезеш преку главниот широк влез во зградата на Филолошки и Филозофски факултет, на приземјето одиш десно до првиот дооолг* но широк ходник и че врвиш врвиш до крај(во меѓувреме можеш да си ја ислушаш До краи од Андреа чисто како потсетник и културолошка подготовка за тоа што следи) и там на крај ти е катедрата(поточно библиотеката) за англиски јазик и книжевност каде можиш да се информираш. * - Наводно имало порано предлози должината на ходникот да се совладува со помош на метро, но тоа би ги кренало трошоците за студирање кај студентите, па се предлагало автобус но тој пак би придонел кон загадувањето, па напуштена е и таа идеја. Конечно советот одлучил дека пешачењето би било здраво поготово ако е во интерес на совладување на англискиот јазик и книжевност.
Ме изнасмеа леле, true story Ај тоа колку е долг ходникот, ама па и каков лавиринт е факсов, водич ти треба за да најдеш за прв пат предавална или нечиј кабинет
Да ја гледаме позитивната страна имаш доволно време да си повториш за колоквиум или испит дур стигнеш, а и тремата ќе ја заборавиш дур талкаш низ лавиринтите. Оксфордерите и Кембриџијанците можат само да сонуваат за таков кампус.
Може ли некој што полагал САЈ 5 или ќе полага, да ми каже кои теми се за учење и што треба да се учи ? Не бев во можност да одам баш на предавања ако има некој да ми помогне?
Здраво девојки. Би сакала ако знаете нешто да ме информирате во врска со бирањето на јазици на факултетов, дали македонски може да е под А, англиски може да е под Б и за трет што може да се бира? Фала ви однапред женскио