Дали на колоквиум ако си пречкртал одговор погрешен и си го избрал точниот ќе ти се важи? Или не признаваат шкртки
Здраво на ситее,прва година сум факултет на катедрата Англиски јазик и книжевност тек ми доаѓаат испитите па ако може некој од 2 3 4 година или завршен да ми каже за Киркова што посебно е важно за испит.Пошо жената е топ,срцкаста се најдобро ама незнам дали е и за испит.
Дали некој од вас ја избрал Соња Витанова за ментор по дипломски труд? Може да ми кажете дали сте задоволни? Како поминувавте на консултации?
Добро ај ми кажете вие постарите,како го положивте предметот поезија?Пошто ова мене ми изгледа како невозможна мисија...
@Frosi333, за Поезија 2 мислиш? Редовно учење, ако седнуваш првпат најмалце два месеци редовност ќе ти требаат. И нормално, со вистинските материјали пред тебе. За тешки, не се тешки поезиите, ама се преобемни и разноврсни (песни, теорија, критички текстови) тоа е всушност "маката". Само храбро и без откажување.
Друштво, дали на некој му се наоѓа есеј од 1000-1100 збора на било која тема да ми прати? Не ми е битна темата, може било што. Ептен сум кнап со време, спасувајте. Частам кафе Мавровка
Здраво Јас завршив средно и сега треба да изберам каде понатака. Ме интересира како е на овој факултет. Навистина многу би ми значело ако можете да ми објасните
Синтакса дали ги врти истите тестови и колку бара да напишеш за да положиш ? Многу комплицирано ми изгледа најмногу на што треба да се обрни внимание?
^^ Не, најверојатно не ги врти истите тестови. Барем така слушнав од колешки. Тестовите навидум изгледаат комплицирани, меѓутоа ако си учела со разбирање, без проблем ќе се снајдеш. Викаат најмногу обраќала внимание на анализата на реченици. Гледај таа да ти е точна и детална, сè што бара да си напишеш и тоа да биде точно.
Дали некој може да ми даде насока како се пишува 'Report' за САЈ 8 writing? Ако имате некоја скрипта би било добро ако може да ми сликате во ЛП. Ми треба да знам каква е структурата,колку параграфи и сл. Благодарам однапред.
Дали има некој овде што студира некој јазик? Сакам да прашам како оди избирањето колку јазици учиш парарелно и колку јазици треба да избереш?
Фонетика 2 како изгледаат прашањата? На што да се обрне внимание оти е навистима многу а професорката сигурно има одредена група прашања кои ги врти како и по Фонетика1. Дава ли за одреден глас или ги дава како група? Фала
Здраво Имам завршено 4 семестра на катедрата за англиски јазик но не го бендисувам факултетот, попрво би запишала друг отколку овој да го завршам.. би сакала да одам на филозофски па прашањето ми е дали некои од положените испити би ми се признале таму или ќе треба одново пак да се запишувам од нула?
Не знам како е по ново и дали има ново уопште, но префрлувањето значи почеток од нула. А тие испитите кои си ги полагала, доколку ги има избраната насока ќе ти бидат признаени.