Добра вечер,би сакала да побарам мислење од студенти кои студираат англиски јазик.Сестра ми сака да се запише на Филолошки факултет-катедра за англиски јазик и книжевност-наставна насока,но се плаши дали ќе се снајде со јазикот.Нејзе и одат јазиците,го разбира англискиот јазик,но во средно училиште немаат многу комуникација на англиски.Затоа ми треба ваше искуство,дали со текот на студиите ќе и биде полесна комуникацијата и дали делата коишто се обработуваат се лесно разбирливи и дали се напишани на висок стил.Секој одговор е добредојден.
Сè се учи ако се сака. Книгите зависи која, на филолошки знам ги разработуваат и на интернет имаш многу работи во денешно време. Средното што не и се погодило нема везе, таман работа сите да отидат на факултет препукани од знаење.
Јас знам си има по некои терсене професори, ама ако се има желба се може да се научи. Убав факултет е, моја пријателка со ваков во времето на КФОР кога беа тука беше преведувачка и толкувачка се има нафатирано до крова. Таа избра таков смер, не наставен. Ама сестра ти и да замине во странство со доминантно англиско говорно подрачје убаво ќе се снајде. Сепак јас на нејзино место во тој случај би си избрала и втор факултет или би доучила таму, дека со англиски таму што би била квалификувана да работи?