1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Филтер за вода

Дискусија во 'Дом' започната од TheIdealMe, 19 јуни 2014.

  1. TheIdealMe

    TheIdealMe Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    88
    Не најдов ваква тема, па може да се споделуваат искуства.
    Го порачав edel wasser од цептер, па сакам да слушнам мислења и искуства, не се малку пари па сакам да знам дали вреди.
     
  2. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    7.978
    Пол:
    Женски
    И јас веќе некое време се мислам да си земам филтер, нашава вода е ужас :o Има една продавница во трговскиот Буњаковец само за филтри за вода што е, но сеуште се мислам. Има ли некој искуство да не просветли :D :*
     
  3. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    7.978
    Пол:
    Женски
  4. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.600
    Допаѓања:
    13.295
    Пол:
    Женски
    Ние пред 3 месеци го купивме филтерот за вода од Цептер, појма немам како се вика. Само ќе кажам дека се џабе фрлени парите, а богами не се малце.. Дали нас ни се погоди таков или стварно се такви незнам, само знам дека едвај во денот по 2 литри од него искача. А они викаат 4 за саат..(y) 100 пати ги викнавме да дојдат да видат што е и после 2 недели конечно се појавија на врата и нешто сменија и пак е истото. Така да ако сакате да го земете размислете убаво и не плескајте толку пари за срања.:?:
     
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Јас па сакам сад за вода во кој има филтер, многу се едноставни за користење и филтерот внатре се менува еднаш месечно. Го користев со месеци и се навикнав на него, никогаш не ми купувала флаиширана вода покрај тој филтер што не чини многу.
    Има некој користено? Верувам дека има такви кај нас и дека не се многу скапи. Во Америка беа живо џабе и филтерот не беше скап за менување и многу е едноставна е постапката.
    Каква ни е водата не знам, ама ми го ставија во мисла и сега не можам да престанам да мислам каде да го набавам, посебно зашто не чини многу пари а се добива вода со подобар квалитет, со сигурност.
    Видел некој по продавнициве за техника и каде на друго место ги има?
    [​IMG]
     
    На Alex.T и Espadrila им се допаѓа ова.
  6. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.054
    Допаѓања:
    15.988
    @Hipster ќе го напишам моето искуство, па ти прецени си.

    Осум години користам ваков бокал и ако ништо друго, барем со сигурност можам да гарантирам дека ја омекнува водата, т.е при зовривање на филтрираната вода, не останува варовник на дното од садот во кој проврела. Е, сега хемиски анализи не сум правела, ама барем ме теши фактот дека водата станува попитка. Навистина се осеќа разлика во вкусот, водата е помека. Освен за директна конзумација, ја користам и за чаеви, кафе, готвење.

    Баш вчера го видов постот на Мароса за арсенот во водата од чешма и ме фати блага параноја:) за тоа што всушност ние пиеме, но не можеме да се изолираме од околната средина. Веднаш се сетив на филмот за Ерин Брокович.

    Инаку, бокалот што го користам е Брита, а филтрите се Макстра. Според произведувачот, секој месец треба да се менува филтерот, но искрено јас знам еден филтер да "растегнам" и до два месеци затоа што реално и нема некоја драстична разлика во квалитетот на водата. Еднаш, од љубопитност и за експеримент, оставив филтер цели 4 месеци. При зовирање на оваа вода, останаа траги од креч на дното од садот, но сепак не толку, колку што би останало при зовирање на вода директно од чешма:). Но, сепак ги менувам филтрите секој втор месец.

    Инаку веќе реков, немам сознанија за тоа колку реално (од микробиолошки и хемиски аспект) е квалитетна вака филтрираната вода. Можеби Мароса ќе сака да ни каже?! :) Според официјалниот сајт на Брита, Макстра технологијата филтрира и некои тешки метали.

    Немам искуство со други марки и модели. Со сигурност знам дека во Веро се продаваат Макстра филтрите, (еден е ~300 ден.) па претпоставувам ги продаваат и бокалите. Цена не знам. Овде моментално Брита бокал (модел Aluna) чини 10 €.

    Овластен дистрибутер за Брита во Македонија:

    http://www.canmak.mk/

    На странава ги има набројано продажните места за оваа марка.
     
    Последна измена: 18 февруари 2015
    На eta, Esmeralda-MD, LivingGlam и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    @do-re-mi што убаво си образложила алал да ти е.

    Ќе земем сигурно еден, 10евра не се ништо во споредба за тоа што се добива.
    Водата се филтрира со сигурност, барем такви сознанија добив од американците со кои живеев.
    Ма да они се параноични и филтер меѓаат на секои 2 недели, јас мислам дека месечно е доволно или ете на 2 месеци као што правиш ти.

    Ние баш го вадевме филтерот да ми покаже, искочи многу бигор од него.
    Подобро со бокалот него без ич, така? Не може да шкоди.
    Ќе го барам овој Брита, ќе споделам мислење штом го набавиме.
    Благодарам на исцрпинот одговор.
     
    На do-re-mi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.806
    Имам бокал со филтер земен од техно маркет, aqua select, германски мислам беа, навистина бев задоволна. Навистина се чувствува разлика, водата е некако помека. Исто требаше филтери да се менуваат на месец дена, ама ние малку го пролонгиравме рокот секогаш..
    Дури можеш да почуствуваш кога веќе филтер нема "дејство" по водата и вкусот.
    Арно ама, веќе последни месец-два никаде не можам да ги најдам новите филтри, баравме во техномаркет секаде низ мк. Ќе почекам некој период, се треба да добијат пак и никако да стигнат, е тоа е она што ме иритира.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  9. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.474
    Дали некоја од вас ги разбира убаво ова филтриве за вода. На што треба да се обрне внимание. Пластика без бисфенол а, едно друго. Препорака за добри филтри кај нас?
    Секој ден купувам вода, оваа дома дефинитивно не се пие повеќе. :doh:
     
  10. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.379
    Дома еднаш имавме земено еден бокал филтер од Веро, задоволни бевме. Не месец или два се купува филтер исто од Веро. Иначе за други места каде што се продва не знам. Сега имаме ставено филтер за вода од Zepter, тој е вграден ама и доста поскапичок.
     
    На blueberry93 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    34.212
    Пол:
    Женски
    Да ве прашам дали некоја од вас го користела Дафи Атриа бокалот за филтрирање вода? Ни го дадоа како подарок ама никаде не можам да најдам филтри :^)
     
  12. Pinolinka

    Pinolinka Активен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2016
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Дафи бокалите и филтрите се порачуваат од компанијата Грин Мастер( преку агенти,онлајн или директно од продавницата во Скопје).Сум слушала само позитивни искуства,уште не сум го зела,но во блиска иднина обавезно...Ако ве интересира уште нешто,слободно пишете во лп,бидејќи како нова членка не знам уште дали смеам да правам реклама на компанијата во оваа тема :$
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  13. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    34.212
    Пол:
    Женски
    Tи благодарам. Контактирав преставник на Грин Мастер на ФБ, ама многу се чека за филтрите, 15 дена. А каде имаат продавница во Скопје?
     
  14. Pinolinka

    Pinolinka Активен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2016
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    https://www.facebook.com/GMMacedonia/?fref=ts
    Повели,ова е официјалната фб страница на Грин Мастер во Македонија,ја има и адресата и се што те интересира можеш да си прашаш.Инаку и јас сум претставник за продажба и за времето за чекање на производите зависи од тоа дали во моментот ги има на залиха.Во моментов филтрите најверојатно им се потрошени,многу се трошат,а беа и на акција за Black Friday,па најверојатно се потрошени и ти кажале дека за толку време ке ги добијат,иначе доставата е прилично брза, 1-2 работни денови.Доколку си во можност,ти препорачувам да појдеш во продавницата,можеби имаат некој филтер таму,има обични и со магнезимум,големина и сл.има и мнооогу други прекрасни производи на природна база,од козметики до домаќилуци што би рекле:P
     
  15. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.054
    Допаѓања:
    15.988
    @Annath , ве прочитав во другата тема, но да не одам офф, еве овде да ти одговорам.

    Брита бокал користам скоро десет години. Филтри сум купувала во две различни ЕУ држави и квалитетот, според мене, е ист.

    Црнките за кои зборуваш, мислам дека се од активниот јаглен што е внатре. Редовно ги има на дното од бокалот, најчесто кога веќе е време за менување на филтерот. И не мислам дека е загрижувачко, затоа што имам читано дека активниот јаглен што го користи Брита потекнува од кокосови лушпи, оние надворешните. Сепак, водата од дното на бокалот, ја фрлам.:tmi: Од навика.

    А цените во Македонија се убедливо највисоки. Овде пакет од 5+1 (така одат, плаќаш 5, добиваш еден филтер гратис) е дваесетина евра.
     
    На Esmeralda-MD и Annath им се допаѓа ова.
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    @vitamina еве и @do-re-mi кажува дека се поевтини филтрите во ЕУ. А бе кај нас богата држава е ова, парите на дрво ни растат |(
    Ќе побарам во Грција кога ќе одам на лето здравје, ќе си купам повеќе филтри. А за црнките, се сомневав дека може да е од јагленот, ама ај да си прашам.
    @do-re-mi благодарам на исцрпниот одговор.
     
    На Esmeralda-MD и do-re-mi им се допаѓа ова.
  17. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Јас користам Aquaphor бокал, нема никакви црнки на дното... Бистра е водата скроз, баш ме зачудивте.

    Инаку, полниме изворска и ја филтрираме. Се познава разлика - нема никаков вкус и мирис, и попитка е водата. И ние го продолжуваме рокот на филтерот. :D Ама по некое време се осеќа дека треба да смениш.

    А ги "кондиционирате" филтрите пред првата употреба? Нели треба да го ставиш да отстои потопен во вода и три пати да истуриш исфилтрирана вода пред да почнеш да користиш нов филтер. Да не го пропуштате тој чекор па да ви остануваат црнки од јаглен?
     
    Последна измена: 24 април 2017
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Esmeralda-MD

    Esmeralda-MD Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2015
    Пораки:
    1.182
    Допаѓања:
    42.431
    Пол:
    Женски
    Од скоро и јас го користам бокалот на Брита и јас ги имам видено тие црнките на дното и секогаш упорно ја истурав водата мислејќи оти е нечиста водата:?:(facepalm),па отворив на нет на нивната страна и прочитав оти не е страшно.
    Некако не ме воодушеви,водата како да има киселкаст вкус,не знам,можеби е се до навика.
    Децата пијат,не се бунат,па затоа јас си ќутам:wasntme:
     
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Да Ливинг, не го пропуштам тоа. Обавезно до трипати ја менувам водата на нов филтер. Ама штом не е страшно, во ред е. Мене лично скопскава вода ич не ми се свиѓа, навикната сум на охридската. Ама реално, ни водава не е она што била, а во тоа, за жал, немаат улога само цевките.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    20.736
    Таков на Цептер зеде моја пријателка и ист проблем имаа. А јас пак со Цептер со друго кујнско помагало со проблем. некако од сам старт ко расипан, па 2 недели маткање за сервис, па демек поправено- а вусшност ништо- се исто.

    Бокалот од Грин го имам со менување на филтри месечно, мада и ја го лажирам, односно му продолжувам рокот. Задоволна сум од него. Ја прави водата попитка. А за хемиски и фиички својства на водата пред и по филтер- немам правено анализи :)