1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Финансирање за доусовршување

Дискусија во 'На работното место' започната од Chupe, 25 октомври 2011.

  1. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Не знам дали има ваква тема, ако има, на оваа клуч!
    Сум слушала дека постојат фирми или институции кои, доколку некој од вработените сака да го надогради своето образование, самата институција или фирма го финансира неговото студирање со тоа што во наредните неколку години оној кој е финансиран е обврзан да работи во истата фирма. Не знам колку од ова е точно, но моето прашање се однесува на финансирање за досуовршување од државна институција. Дали можеби некој е запознаен со ова и каде може да проверам
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    На Запад постои такво нешто да добиеш некаков вид на стипендија од страна на фирма и потпишувајќи договор се обврзуваш да работиш за нив неколку год. Кај нас во одредени фирми, те праќаат на семинари за доусовршување или ако бидеш добар :) можеби ќе одиш и на некој саем каде што фирмата ги подмирува сите трошоци.
    Сега некои од поголемите фирми (слушаме по Тв) даваат стипендии ама тоа се парични средства. Порано беше поголем тренд затоа што се третираа како расход за фирмата и не се оданочуваа а сега ем се непризнаен расход ем си платиш 10% данок а тој луксуз фирмите не го сакааат :) .
    Во државна фирма или институција знам дека има и има специјализација. Еве на пр. кај докторите. Ретко се распишуваат државни специјализации и ако се распишат однапред се знае за кого е т.е близок до партија. Ова ти го кажувам од искуство на близок роднина, кој 6 год трчаше за партија за да на крај ја добие специјализацијата. Оди на предавања и има задолжителни дежурства.
    Можеби има и во др. државни сектори ама сигурно однапред се знае за кого се. Или во најмала рака им плаќа државата за семинари.
     
  3. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Ти благодарам за информацијата, но моето прашање не се однесува на семинари и саеми, туку на класично доусовршување во образование, пример јас работам во државна институција и сум дипл. економист, е сега сакам да запишам втор факултет. дали за ваков случај некаде во некој закон е регулирано финансирање за доусовршување од страна на институцијата.
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Не.