Финансирање на пристоен годишен одмор. Како?!

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од lileee, 14 јули 2011.

  1. lileee

    lileee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    11
    здраво до сите феминки.отварам една ваква тема и би сакала да чујам ваше мислење.значи кој може да си дозволи одмор а кој не,гледано од финансиска причина.јас сум доста години во брак и верувајте дека само двапати сум била на краток одмор и ништо повеќе.се некако не стигаат пари за тоа.да не ме сфатите погрешно не дека немам никакво примање туку едноставно не стигаат пари.неможам да си дозволам одмор.како дете доста одев на одмор ,моите родители ми го приуштија тоа , а сега се чувствувам виновна што јас неможам да му го дадам тоа на моите деца.како тоа слушам дека секој оди на одмор,дали сте многу богати или имате некоја посебна математика за тоа.слушам дека скопјани ретко кој не оди на одмор.можеби кај вас се поголеми платите за разлика од другите градови.кај нас се работи за плата од 100 евра месечно ретко кој достигнува до 150 евра и тоа со многу саати.зборувам за обичен работник.незнам но јас еве и оваа година се мислам како да одам на одмор кога нема пари............ :(
     
  2. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    716
    колку можеме да си дозволиме одмор имаме ли пари

    Значи проблемот е што на сите ни текнува дека ни се оди на одмор кога ќе дојде лето и ајде како одеднаш да никнат пари за еден месец? Јас не сум вработена, зависна сум финансиски од моите ама ете исто и они некогаш немаат можност да ми дадат поголема сума ако се решам дека сакам поубаво одморче да истерам. Еве оваа година на пример, уште зимоска прашав дали ќе има шанси да ме исфинансираат за одмор и колку, се договоривме ми кажаа, другото остана на мене. Си собирав значи точно 6 месеци. Да можеме да си дозволиме, ако тргаме по малку на страна, не мора секоја година да се оди на одмор, кога ќе се соберат пари тогаш. Мене јасно ми е дека е многу тешко да се крати кога фактички и нема од што, ама ако се сака се се може. Многу трошиме на ситници, а за тоа отпосле стануваме свесни.
     
  3. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.667
    колку можеме да си дозволиме одмор имаме ли пари

    Како мала додека ме финансираа моите ,додека одев со нив -да-Италија,Хрватска,Грција ма по 2 пати одевме од које едниот задолжително Охрид во хотел една недела....Сега ,не можем да си дозволам некој луксуз од причина што не земам огромна плата,со дечко ми живееме во стан под кирија па скоро све оди таму :doh: Лани штедевме нешто ситно но не доволно,па мораше малку минус да се оди и малку помош од дома :) Оваа година ништо не заштедивме ама ќе одиме обавезно :!: Па заслуживме,ха ха
    Искрено,до сега во мојов живот немам пропуштено лето а да не отидам на одмор,и несакам ни сега.За пари ќе се снајдам...ќе го платам аранжманот со картица,секако не е којзне колку пари одиме на 8 дена во Грција,за таму нема да се расфрлам со пари,онака нормално,па за џепарац планирам малку минус да одам малку од нашите...Што да правиш мора така...башка треба да одиме на викенд Охрид и Берово,па ќе биде интересно :lol:
    Мислам дека ретко денес кој штеди цела година за на одмор...секој втор ми се чини плаќа со картица т.е. зема кредит....ми се чини дека помина времето кога штедеа луѓето за одмор,уствари нема и од каде...порано на татко ми му беа спремни парите само да се одлучеше каде,а сега кога ќе дојде лето ни текнува да ни се оди на одмор и махинално-од каде пари :lol:
    Сепак ако работите и двајцата ,мислам дека барем еден викенд во Дојран можете да им приуштите на децата...многу ќе значи...ќе позајмите малку па наредните неколку месеца ќе го затегнете ќесето....Јас би играла така,наместо да не одам на одмор...Некои пак не...Секој ако сака-може... ;)
     
    На slavicaaa123 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. cool-girl

    cool-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    160
    колку можеме да си дозволиме одмор имаме ли пари

    секој месец тргајте настрана пари за на одмор и кога ќе дојде лето ќе можете да одите :)
     
  5. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.540
    Допаѓања:
    231.958
    колку можеме да си дозволиме одмор имаме ли пари

    со нормална македонска плата навистина е теско да се застеди за на одмор, од основна приЧина сто доволно е теско месец за месец да се мине и тековните троскови да се подмират,а не па да се застедува во текот на годината.
    атер за децата, се трудат родителите барем од време на време да смогнат сили и тргнат несто на страна и барем на недела дена во камп или друга поефтина опција.
    оние сто имаат редовни примања , а не кузнее колку големи и ја направиле ''математиката'' ЧЕсто се одлуЧуваат и во минус да отидат.за нивната ситуација тоа е мозе најдобро. највазно ке истераат одмор, а потоа малку по малку ке го избалансираат контото.
    секој со своите мозности и со надез за подобро утре :*
     
  6. lileee

    lileee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    11
    колку можеме да си дозволиме одмор имаме ли пари

    ама да има од што да тргаш добро е ама јас немам месечно примање.кај нас еден месец може да има а следните два може воопшто да нема .незнам важно не се трга настрана секоја чест на оној што може да тргне пари настрана
     
    На snegulka21 и danichap им се допаѓа ова.
  7. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    1.314
    колку можеме да си дозволиме одмор имаме ли пари

    Се согласувам со Јојоба ,штедењето навистина се исплаќа .
    Јас почнувам со штедење за одмор веднаш откако ќе се вратам оттаму ,значи цела година ,по малку ,си тргам на страна .
    Од една страна - месечно не се којзнае колку пари ( некогаш 500 ден некогаш повеќе ,зависно ) ,нема значително да се одразат врз домашниот буџет , од друга страна - не сум некоја дупена рака ,па да трошам безгранично . Дури смеа ме фаќа за некои луѓе ,мизеруваат цел живот ,ама на одмор мора да се прават фаци и да спи*каат едни 500 евра за седумдневен одмор во Охрид !
    Минатата година јас си потрошив само 100 , и од ништо не се ограничував . Па си поминав прекрасно !

    Сума сумаре ,штедењето му е мајката !
     
  8. lileee

    lileee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    11
    колку можеме да си дозволиме одмор имаме ли пари

    тука си во право јас познавам едни пријатели кои,цела година поминуваат мизерно а кога ке одат на одмор одат во хотели со полн пансион и трошат неверојатна пара,а кога ќе се вратат немат ни леб да си купат.чудно ми е тоа...
     
  9. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    622
    колку можеме да си дозволиме одмор имаме ли пари

    Скоро секоја година одам на одмор, кога бев помала со моите родители а последните години си одам со дечко ми! По која математика сметеле моите за да ни овозможат летување секоја година не знам ;) , само знам дека сме скромно семејство кое летување до некоја поскромна дестинација има сили да си допушти! :)

    Јас и во друга тема имам пишувано дека си штедам секој месец по 1000-2000 од платата и не ги чепкам тие пари се до летото :!: ! Ми се собираат околу 300 до 400 евра и моите обавезно ме помагаат пред одмор и ми се собираат доволно пари за да си изнакупам се што ми треба пред одмор и да имам доволно за да си допуштам скормен и убав одмор! Мене не ми е тешко да си оделам по некој денар од секоја плата но засега освен за облека, шминки, козметика,шетање,мене за друго не ми требаат пари! Кога ќе имам свое семејство свесна сум дека потешко ќе биде да се заштеди пари!
    Значи кај мене за одмор се штеди преку цела година од секоја плата (по минимални суми оделувам) и плус добивам солидна финасиска помош од моите родители! Засега е добро и сум задоволна што и покрај скормните примања успевам да си приуштам летување и викенди секоја година!
     
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.276
    Допаѓања:
    5.144
    Финансирање на пристоен годишен одмор.Како?!

    Искрено штедам, калкулирам, кратам од некои задоволства или потреби. Почнувам да штедам откако ќе започне пролетта, тогаш ми се намалуваат трошоците ( висока сметка струја, зимници, дрва за огрев, роденден на дете, нова год....) а и екстра заработена паричка во текот на годината знам да ја лупнам на книшка и да заборавам :) и потоа добро ми дојде ;) .
    Правилно ги распоредувам трошоците во текот на целата година и многу мразам кога ќе се појави некој не планиран трошок кој знае да ме извади од колосек и се нервирам (ама сепак и тоа подмирам).
    Бирам пристојни и скромни места за одмор. Жими оваа год. го фаќам екот на сезоната 31,07 кога е најскапо (така излезе работата со друштво) инаку ги мавам поевтините понуди ван сезона (почеток јули или крај на август).
    Неможам да замислам одмор да земам кредит па потоа да се чудам цела година како да го враќам и да се потресувам за камати :) - таа варијанта кај мене не постои.( Можам да си дозволам бидејќи со сопругот имаме солидни плати.)
     
  11. lileee

    lileee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    11
    Финансирање на пристоен годишен одмор.Како?!

    znaci izleze deka samo tie sto imaat solidni plati si priustaat odmor, ili ne e taka....
     
  12. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.276
    Допаѓања:
    5.144
    Денес повеќето земаат кредити или позајмуваат пари за да одат, ама не мислат како потоа ќе ги вратат или пак родителите седат дома а им овозможуваат на децата да одат
     
  13. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    1.314
    E и мене не ми е јасно ,ама не можам да сфатам сечија логика :rofl:
    Он топик - досега си заштедив точно 6 000 ,договорот бидна и на 5-ти одиме за Охрид.
    Ми се исплатија сите некупени шминки и ѕунѕурки :rofl:
     
  14. Gioia

    Gioia Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    598
    Многу е тешко! Лиле апсолутно ја разбирам вашата ситуација! јас сум еве млада па моите родители немаат секогаш средтсва за да одам на одмор,а плус и две деца сме веќе возрасни! моите родители имаат и доста кредити за исплаќање па од плата да се трга ни е незамисливо,па со што тогаш ќе јадеме,ќе плаќаме факултет и ќе купиме облека? многу е тешко ама обично тој што има не може да разбере.Многу често другарките ќе ми речат ако сакаше ќе дојдеше со нас? глеам младиве луѓе тукушто вработени си зимаат кредити за одмор ама еве јас на пр.не сум вработена па не можам да земам кредит! значи пак останува да се молам јас да добијам некоја стипендија за да заминам некаде или пак на крајот да се трга од плата ама тогаш ќе нема за облека,или за било која ситница која мене би ме израдувала! тоа е животот
     
    На srcekrsacka, snegulka21 и maca99 им се допаѓа ова.
  15. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    334
    Тешко е, да. Јас сеуште зависам од моите, многу нормално. Ни средно немам завршено сеуште.

    Но еве, на мајка ми и е тешко. Сите сакаме одмор, а пари нема. Си штедев цела година и купив скапи наочари. Ете, бидна. Мерак ми беше. Барем ќе траат.

    Отидов јас на одмор, ама мајка ми и татко ми не отидоа никаде.
    Парите отидоа, мајка ми сакаше да ме израдува и да одам на одмор. Отидов.
    Ама сега на сметка на тоа, излегување секој ден нема.
    И ме повредува кога пријателките се лутат зошто не излегувам со нив.
    Па добро бе луѓе ли се што ли се?
    Душата ли да им ја извадам на моите за да можам секој ден по три пати до центар и назад? Утринско кафе, кафе попладне и пиење и дискотека вечер.

    Мало сутра.
    За следната година пак ќе штедам, малку по малку се собираат пари. Само треба плански. :)
     
  16. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.154
    Допаѓања:
    5.702
    Пол:
    Женски
    Јас ке одам ова лето на одмор бидејки мајка ми сака да ме почасти дека ги исчистив двете години на факултет. Но, тоа го прави бидејки смета дека може да оддели 250 евра за скромен одмор, бидејки знае колку сакам море. Лани не бев на одмор бидејки не стоевме добро финансиски и јас ги сватив и не ни напињав за да одам и да стиснам заби дека мора да ми најдат пари. Гледам како се мачат и плус студии ми плакат, и се што ми треба ми дават, и толку голем трошок лани не сакав да им правам. Но, оваа година мајка ми рече исчисти го факултетот и ке добиеш одмор. Сега е повозбудена од мене дека ке одам. :D Зборот ми е, кога не се може, не се може да се оддели пари за одмор. Кога ке се може, верувам дека ке знаете и ке се чувствувате доволно мокни за да одделите пари за тоа. Нема потреба од потценување и грижа на совест бидејки неможе да му се овозможи тоа на детето. :) Јас никогаш во мојот живот не сум отишла на одмор со моите, и не им се лутам поради тоа.
     
  17. lileee

    lileee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    11
    оф колку е тешко само кога велат мамо сите беа на одмор уште ние не.џабе ми е зборување тогаш ништо не помага .тие се деца и сакаат знам .но немам сила ,и ми е тешко да му објаснувам постојано тие се само деца и си го бараат нивното
     
    На snegulka21 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. snegulka21

    snegulka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    91
    Не за џабе е изреката НЕ ПРАШУВАЈ ГАТАЛЕЦ, ТУКУ ПАТАЛЕЦ :) Оној кој има не му верува на оној кој нема. Може да заштедиш ако има од што, но од мизерни примања уште ако штедиш значи дека или ке бидеш гладен или ке ти исклучат струја, телефон интернет...затоа што ке нема од што да се плати. Јас и покрај тоа што земав стипендија оваа година неможам да одам на одмор затоа што од таа стипендија купувам и за јадење за дома, затоа што месечните примања во семејството ни траат не повеќе од 15тина дена, па морам да помагам. Се надвам искрено дека сите ние кои што не сме оделе на одмори мн често или скоро воопшто, ке ни се насмевне среќата и ке имаме можност некогаш да одиме. Еве јас лично за мене сум била два пати на одмор и тоа баба ми го плаќала,како помала, но се надевам дека барем на моите деца ке можам да им го овозможам она што сега мене ми е скусено. Никогаш не сум им замерила на моите родители за тоа, ако се прашувам јас па мајка ми никогаш не ни била на одмор и покрај тоа што цел живот работи за сметки и храна. Се надевам дека убавите работи Господ ги чува за нас за подоцна :) само нека не закасни многу хехехех :lol:
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.922
    Допаѓања:
    6.296
    Пол:
    Женски
    па на одмор одам секоја година на по скромен или по опуштен ама сепак одам е сега тука е и братми ако се има за мене ќе има и за него кај и да одам на одмор колку пари и да носам никогаш не се расфрлувам и не трошам премногу туку нормално и парите што ми остануваат ќе купам некое парче облека на попуст или ќе си ја платам сметката за тел.било што за глупост сепак нема да ги потрошам оваа година сакав Грција но на дечкоми му излезе работа и пропадна па што не е болка за умирање одиме Охрид парите кои ќе ми останат ќе ги наменам за факултетот бидејќе во септември стварно ќе ми требаат пари
    е сега моите доста време немаат отидено на одмор но не од финансиски причини 2та се вработени од кој таткоми зема многу солидна плата и може што сака да си приушти човекот но таткоми не сака вода плажа сака планина и еднаш не седнале со мајками да се дог.или пак да земат заеднички одмор еден работи во државна др.во приватна фирма и никако неможи да се погодат но не се жалат (барем јас ги немам слушнато)а да има колешки кај мајками на работа кој зедоја кредити да одат на одмор (па работиме вика цела година заслужваме еден одмор)
    јас мислам не е све до парите туку е и до сваќањата на луѓето и како ги гледаш работите има лиѓе кои си го живеат животот од денес за утре не се замараат сепак мислам дека повеќето од нас можат да одат барем на еден викенд со среден буџет ...
     
  20. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    769
    Се ближи летото и времето за годишните одмори па еве и мое мислење на оваа тема...
    Како прво во Македонија човек кој зема плата 100-150 евра неможе да си ги покрие ни основните трошоци како плаќање сметки, облека, храна и сл. и уште ако има деца навистина е невозможно да заштеди ниту денар дури и кога би земал дупло повеќе.
    Како второ децата си се деца и сосема е нормално да инсистираат да одат на одмор како другите нивни врсници особено ако другарчињата им одат па се чувствуваат како нешто да им е ускратено.
    Трета работа - никогаш нема да сватам луѓе кои мизеруваат цела година, немаат пари за едно кафе но кога ќе дојде време за одмор пари не се штедат. Се позајмува, се земаат кредити, се прават најскапи резервации и сл. А кога ќе видам луѓе кои "плачат" поради тоа што немале доволно за одмор во Шпанија или незнам каде додека други едвај преживуваат или се насреќни бидејќи немале за луксуз ми доаѓа да ги пукам ]:) ...
    И да - можеш да заштедиш само ако имаш од што да штедиш и ако не треба да си ги кратиш основните работи кои се неопходни за живот...