Темава последниве месеци се збора на сегде, низ темите за љубовни проблеми, во СДК, во маносфера темата и во темата за Adolescence серијата. И голем пропуст е оваа тема да шара на сегде, а да нема свое катче за конкретно овај „феномен“. Така да шо е nice guy и во кој контекст се користи? Терминот се користи најчесто иронично/саркастично за да се опиши манипулација од страна на маж парадирајќи како фин дечко, а уствари има тон „задни“ намери. То шо е фин во моментов кон тебе? Па то е „оружје“ - дали ќе биди дека одбиваш некој фин, дали ќе биди дека му должиш внимание/секс/врска зошто е фин или обвинвање дека не знајш подобро пошто го одби него ради некој друг итн. И јас мислам дека ова дава доволна дистинкција шо се мисли кога се користи овај израз иронично, ама пошто секогаш има некој збунет - како да разликуваме, и која е клучната разлика меѓу фин дечко кој уствари има задни намери, и вистина фин дечко (или покасно како шо ќе дознајме - добар маж)? Така да фин дечко кој го неќиме е онај кој дава прекумерно внимание (lovebombing многу често) кон жена, како форма на манипулација за да добие нешто од тебе. Често е пропратено со голема доза на недостаток на почит и очекување дека ќе добие нешто за возврат за то негово фино однесување (и лутење ако не испадни како шо замислил). Ова однесување е основано во манипулација, во имање нереални очекувања дека нешто ти припаѓа само зошто си бил фин и најважното - се ова е маска, иако голем дел вистина веруваат дека се овие фини момци кои се претставуваат, то е маска зад се ова шо до сега е коментирано. Како можи да се препознај „во природата“? Ги става жените на пиедестал - и полека почнува да се губи себеси во манипулацијата, наеднаш ги има нејзините интереси, наеднаш ги има нејзините хобиња, наеднаш се наоѓа на местата од нејзината рутина. Ова го прај дури и да нема вистински интерес, зошто целта е жената да види дека тој е заинтересиран, тој е флексибилен, тој би се сменал за неа и тој е заинтересиран. Се е перформативно. Не е искрен - мајстори за извртување зборови и лажење. Дали било да се согласат на нешто одма дури и да не е то искрено само зошто жената сака да го слушни. Се формираат на начин на кој таа конкретна жена ќе го забележи и ќе ѝ се допадни, а не презентира со своето вистинско јас. Не сака да губи - искрено, на толку труд и да не добиеш нешто? Ама да, овај тип на момци се sore losers и неќат да губат. Неќат да бидат одбиени, одма стануваат отворено манипулативни, па чак и насилни дур пробват да напрат damage control. Вака од страна... личи на тантрум. Нема почит кон жени - се е перформативно, се е со цел да се добие нешто, и нема простор за почит. Не ги гледа жени како индивидуи, со потреби и желби и преференци, туку ги гледа како објекти кој можи да ги добие и има. Апсолутно не е самосвесен за ова - никогаш не се свесни дека нивното однесување е уствари причината зошто се одбивани, апсолутно не се способни да направат интроспекција и да видат дали нешто уствари треба да сменат за себе пошто во своите очи прават се „точно“ за да добијат то шо сакат. Е са не можат да го задржат ради се друго шо е напишано, пошто сепак евентуално точните карактеристики кои ги има испливуваат на површина. Кога се прави разлика меѓу фин дечко и вистина фин дечко се вели дека се прај споредба меѓу фин дечко и добар маж. И тука се даваат карактеристики на вистина добар човек кој нема задни намери, кој знај да се повлечи кога треба, кој почитува туѓи избори, кој ги гледа жените како индивидуи место како објекти, кој е свесен за своите постапки па се поправа кога смета дека треба пред се за себе, нема проблем да не фати некоја пошто јебига не е секој за секој створен, искрен е и ја гледаш точната верзија на него, а не верзијата која е специјално направена за да ти се допадни. И вакви луѓе, мажи, нормално дека постојат. Ама секогаш кога се збора за некој екстрем мора да се разбери дека збораме за екстрем. Никој не негира дека овај маж постои, само шо ме тера (барем мене) да мислам дека некој си ја ишка мувата од капата со перформативна финоќа. Пошто маж кој е сигурен во своја машкост и свои квалитети нема потреба да е толку перформативен, треба да е само „свој“. Према мене темава ја отворам пред се зошто се збора на сегде, а нема посебна, И то е стварно греота и пропуст. Но, поважно од то - за младите девојки е. Оти сакам млади девојки да го прочитаат ова и да можат да го препознат кај тие кои ѝ се пуштаат. А, не се ни соменвам дека ќе има примери од лични искуства или „доселеници“ кои исто така ќе служат како пример. Можи требаше да отворам темава во „Образование“. Би сакала да поставам прашања, ама искрено не знам шо. Некако темава природно се начнува на многу места па вервам дека ќе можи лесно да се продолжи и тука, на едно место. *Ве молам ако има ваква тема пратете ми да ги споиме пошто од вчера разбарвав и јас не можам да најдам.
Ми се бендисва и темата и воведот, немам шо баш да додадам, ама коментирам за да се види темата и да се развие дискусија. Воедно, би сакал и да слушнам нешто повеќе и за феноменот “I’m not like the most/other girls.”, секако во соодветна тема, бидејќи неодамна беше доста популарен за дискусија на социјалните мрежи.
@Waverly Raven имаме зборано и на та тема, барем јас имам. Само шо не ми текнува дал во засебна тема или во склоп на некоја друга. Ќе проверам после оти се мислам дека можи имаше и посебна.
Супер тема. Шо вика еден мој другар, ,,А бе , лесно е да си фин кога е сѐ фино. Каков си кога нешто нема да е по твој ќеф фино, е тука се гледа финоќа." Нашиов менталитет е многу подложен на sore losers за жал. Истите се најчесто оперирани од емпатија, не постои такво нешто кај нив. Ги интересираат само нивните потреби во однос на тебе, низ што ти минуваш е предмет на хронично увоболие.
Ама сега, не манипулирај, која е разликата од внимание и прекумерно внимание? xD Нејќиш внимание ич? xD
Одлична тема, ми се бендисува. На друга тема пишав дека се пасивно-агресивни манипулатори, немаат свое јас и се што праваат очекуваат со некаква позитивна добивка за нив, ако не е по нивно се нервираат многу. И лигајци најголеми се, папучари, а зад грб вријаат. Ќе почнам од самодоверба кој низ текот на животот ја стекнав јас на полошиот начин, иако сеуште се борам со моите трауми, пред се од најблизок член на мојата фамилија, ама да не должам. Сето ова го кажувам од лично искуство што сум доживеал, видел од други и слично. Ќе почнам со самодовербата Кај стварно добриот човек сметам дека доволно си ја знае цената, и ако нешто не оди, без никакви нервози оди напред... ќе се потруди да реши ако можи, ако не, тоа е тоа, секој по свој пат. Оние лажните живеат константно во страв дека ќе бидат напуштени, ќе направи се за да остани во врската, дури и по цена да и угоди се како што сака таа. А ви гарантирам длабоко во себе или споделува на некој негов близок колку само се нервира, и врие. Тоа за мене е пасивна агресија истисната во себе си. Автентичност: Добриот човек знае да се претстави себе си со сите свои добри и лоши страни, да се запознаете што е можно подобро и ќе видиш дали ти одговара или не. Лажниот што се прави добар ќе се преправа дека му се бендисува нешто што сакаш ти само за да ти напрај лице и да се вклопи полесно во сето тоа. Дури мислам и немаат свое јас, да речам принципи јасни и граници, секогаш ќе речат. Ауууу таа и тој шо му се случило, јас да бев како него немаше да дозволам, не знам што. Трипање во гради, а длабоко во себе си се слабаци. Граници: Добриот човек знае да постави граници за некои работи и може да каже НЕ ако не му одговара нештот. Лажниот кутриот се плаши да не му замери нешто, трпи само за да не ја изгуби. Љубовта треба да е безусловна и искрена, добриот човек ако те сака ќе те сака оти така се чувствува, има што да сподели од себе си, да те усреќи, да градите моменти и врска. Тој лигајот пример ќе купува подароци не знам што, и автоматски ќе го сакаш повеќе и слично. Мене ако ме прашаш најслабаци се, најлигајци, немаат свое јас, и често ги трујаат луѓето околу него со глупостиве што наместо да си ги реши со партнерката, тој и поќутува неа и потиснува во себе си агресија пасивна.
Воведот мислам дека е само еден симптом на најс гајс, инаку е малку пошироко?! Во смисла, да, некој може да глуми фин а има манипулативни задни намери, или пасив агресив однесување (ако го сумираме воведот). Но исто поттикот може да биде страв од конфликт, барање одобрување од надворешен фактор, приоретизирање на потребите на сите други пред своите (на лош начин), страв дека нема да биде сакан ако не е фин и тн. Така да, првиот симптом (за кој претпоставувам е направена темата) малце ми е ограничен за некоја 'инцелна' група на најс гајс. Додека целиот синдром на најс гај ми е познат како некоја психо-емоционална состојба на голем број мажи од модерново време која можеби може да се смести и во категорија ментално здравје, евентуално машко здравје? И која секако не е "здрава" ако е предизвикана од било која од причините спомнати претходно. Или можеби изразов најс гај добил некое ново значење за кое не сум во тек . Како и да е...
@Ajronmen апсолутно пишаното е "симптом", и она шо најчесто го гледаме и шо ни е потребно да напрајме дистинкција со добар маж. Ова шо го пиша ти е "причинител" и мислам дека можи да е во темава if I say so myself. Пошто, за да разбериме зошто иди до нешто, убо е и да видиме како иди до то нешто и зошто. Машко (ментално) здравје можи да е цела засебна тема зошто вклучва многу поќе од само овај тип мажи и проблемите со кои тие конкретно се соочуваат.
Овие се негде меѓу најлошите зашто се преправаат предобро, се маскираат. И оп, кога нема да го добијат тоа што го сакаат, односно нели, она за кое се труделе толку и биле најс гај, излегува не толку најс гај на површина. Па ќе почне со пасив агресив коментари. На почетокот прави сѐ мислејќи на она што ќе го добие за возврат. Значи, дечкото е фин, мисли за себе дека е од фините, ама, кога девојката нема да му даде тоа што очекувал, секс, што и да е, тогаш се осеќа обесправено. Он толку бил фин, направил сѐ, и она така му враќа? И тука почнува со мрштење, суптилни и не толку суптилни навреди. И сфаќаш дека е далеку од најс гај. Иако, он ќе си живее делулу живот, како е он фин, ќе дрнда по форуми и социјални мрежи дека девојките само на хартија бараат фини дечки, ама уствари се палат на бед бојс. И така. Бегајте подалеку од вакви. На првиот знак.
За мене најлоши се оние што не се грижат за партнерот, насилници се, психичко и физичко. Овие се само слабаци, само треба да ги препознаеш за да не влезеш во матриксот нивни.
Те личи да зборуваш вака за модератор, можам да ти вратам на твоево простачко однесување ама нема да се спуштам на твое ниво.
Зошто простачко? Сериозно? Што те тригерна толку дека некој помислил да не си геј? Помислив зашто одговараш какви би избегнувал, или кои се според тебе најлоши да западнеш во врска, па мислев даваш лично искуство.
Нема ништо лошо да си геј или би, само тонот, начинот на разговор односно сарказмот и таа твоја евтина подбивност не делува соодветно за модератор каде што треба да развива дискусија.
Никаков тон немаше, соодветсвено на твојот одговор беше, па си реков нешто грешка сум. Затоа ме зачуди реакцијата, ко да се навреди ако сум помислила дека си геј или би. Твоето беше некако навредливо. Ама, ти си знаеш.
И едните и другите се клан насилници. Првите не можат ни да го маскираат бесот во себе колку толку и се јачат со психопатијата што природно си ја поседуваат. А вторите се иста сорта зашто траумата што си ја влечат од рани години и не е толку очигледна кај некој што бил пораснат во здрава средина. Првите имаат гоолеми шанси да завршат затвор зашто физичкото насилство е очигледно, а таквите тешко се контролираат, а вторите се "снаоѓаат" во животот и повеќе се склони кон бурни емотивни реакции како никогаш непораснати деца кои токсично влијаат на тие што им се најблиски. Се снаоѓаат со манипулативни техники зашто дома никогаш не научиле да искажуваат потреби и емоции. Никој не е одговорен за нивните напливи од емоции. Претешко е да го увидиш проблемот во себе и да работиш на него. Планетава е полна со психолошки нездрави луѓе што најчесто мислат дека се здрави и се е во ред. Ако некој доживеал трауми или бил растен во насилна средина тоа бара дооолга работа врз себе и интроспекција. И не секој има капацитет за тоа, па најдобро е да се одбегнуваат.